„Најдобрите списанија што постојат“
УРЕДНИЦИТЕ на Разбудете се! неодамна добија писмо од Лизл, една 18-годишна средношколка од Соединетите Држави. Таа пишува:
„Посетувам часови по историја на универзитетско ниво. Ни дадоа семинарска работа и јас избрав да пишувам за моралниот отпор на Јеховините сведоци против нацизмот во Германија под Третиот рајх. Би сакала да го добијам списокот на референци што е понуден во Разбудете се! на крајот на статијата со наслов ‚Јеховините сведоци — храбри наспроти опасноста од нацистите‘, што се наоѓа во изданието од 8 октомври 1998. Статијата беше темелно истражена и напишана со таква логика што ако ја напишам мојата писмена работа само со половина од нејзината страст и вистина, конечниот производ ќе биде едно големо сведоштво за одборот што ќе го оценува мојот труд.
Ви благодарам што продолжувате да ги издавате најдобрите списанија што постојат. Во секое издание добивам ‚писмени лекции‘ кои се далеку подобри од сѐ што ми се нуди на училиште, а тоа ме тера да се трудам да бидам подобра во секоја писмена работа што ќе ја напишам. Ве молам, бидете свесни дека ги ценам Вашите напори“.
[Извор на слика на страница 31]
Фотографијата во средината: Państwowe Muzeum Oświęcim-Brzezinka, со љубезна дозвола на фотографските архиви на USHMM