ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/6 стр. 31
  • ,Нашиот свет би бил поинаков‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ,Нашиот свет би бил поинаков‘
  • Разбудете се! 2000
  • Сличен материјал
  • Победа по една долга правна битка!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Како е пофалена работата во Москва
    Разбудете се! 2002
  • Рускиот печат ги пофалува Јеховините сведоци
    Разбудете се! 1998
  • Санкт Петербург — руски „прозорец кон Европа“
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/6 стр. 31

,Нашиот свет би бил поинаков‘

Обидот да се откаже еден конгрес на Јеховините сведоци во Москва минатиот август привлече значително внимание. (Видете страници 23 и 24 за детали.) Во The Moscow Times од 21 август 1999, Андреј Золотов, Јр. извести дека „Владимир Козрјев, заменик директор на спортскиот комплекс, рекол дека администрацијата не била против одржувањето на конгресот на Јеховините сведоци. Тој рече дека не знае од каде дошла наредбата [да се откаже]“.

Во едно писмо издадено во The Moscow Times една седмица потоа, еден читател го пофалил весникот што објавил „навистина непристрасна“ статија и рекол дека таа „навистина го заслужува вниманието на читателите“. Тој забележал: „Вашиот извештај за огромните тешкотии со кои се соочија Јеховините сведоци додека правеа подготовки за нивниот годишен конгрес [го изнесе на видело] неправедното постапување со нив“.

Потоа, писателот на писмото забележал дека Јеховините сведоци „се добро познати во светот (а сега и во Русија) . . . Тие се . . . добро познати како многу пријатни, љубезни и кротки луѓе со кои е многу лесно да се соработува, никогаш не им вршат притисок на другите луѓе и секогаш настојуваат да задржат мир во нивниот однос со другите без оглед на тоа дали по религиозно убедување се православни христијани, муслимани или будисти. Кај нив нема такви кои земаат мито, пијаници или зависници од дрога, и тоа од многу едноставна причина: Се трудат да бидат водени од библиските уверувања во сѐ што прават или велат. Ако сите луѓе во светот барем се обидат да живеат во склад со Библијата како што прават Јеховините сведоци, нашиот суров свет би бил сосема поинаков“.

Властите кои ги распрашуваа Јеховините сведоци и кои имаат директни врски со нив, го потврдуваат горниов опис. Тие власти, на пример, им дадоа на Сведоците дозвола да ја изградат оваа убава нова Конгресна сала во Санкт Петербург (Русија). На свеченото отворање што се одржа на 18 септември минатата година, салата беше полна со 2.257 радосни набљудувачи, а уште 2.228 ја слушаа програмата во Салите на Царството во Ст. Питерсбург и во канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во блиското Солнежноје.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели