ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/4 стр. 13-16
  • Како е пофалена работата во Москва

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како е пофалена работата во Москва
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Сведоците во Москва
  • Ново место за состаноци
  • Извршување на работата
  • Победа по една долга правна битка!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Единство кое го зачудува светот
    Разбудете се! 1994
  • ,Нашиот свет би бил поинаков‘
    Разбудете се! 2000
  • Каква е иднината на религијата?
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/4 стр. 13-16

Како е пофалена работата во Москва

ВО 1998 беше поднесена граѓанска тужба во општинскиот суд во реонот Головински во Москва, со која се бараше забрана на активноста на Јеховините сведоци. Затоа, можеби ќе сметате дека е иронично тоа што Сведоците неодамна беа пофалени од локалните службеници на управната служба на реонот Головински.

Зошто Сведоците добија пофалба од московските службеници додека, во исто време, некои луѓе се обидуваа да ги отстранат од градот? Еден краток преглед на активноста на тамошните Сведоци ќе ни го даде одговорот.

Сведоците во Москва

Во средината на 1950-тите, Москва беше еден од неколкуте главни градови во светот каде што не живееше ниту еден Јеховин сведок. Зошто? Затоа што Сведоците во Москва беа депортирани, како што беше случај и со илјадници други Сведоци од Советскиот Сојуз. Каде? Повеќето беа одведени во работните логори во Сибир.

Како што минуваа годините, неколку московјани почнаа да ја проучуваат Библијата со помош на публикациите на Сведоците, кои во тоа време беа забранети во Русија. Во средината на 1970-тите, неколкумината што дотогаш станаа Сведоци се состануваа во станот на Мурат Шакиров во Москва за да ја проучуваат Библијата. Во 1980-тите, членовите на оваа мала група успеаја да заинтересираат уште многу други за библиска студија.

Во март 1991, кога беше легализирана активноста на Јеховините сведоци во Советскиот Сојуз, во Москва отворено почна да функционира едно големо собрание Сведоци. Илјадници луѓе сакаа да дознаат зошто Сведоците беа прогонувани. Исто така, тие сакаа да дознаат што навистина учи Библијата. Затоа, кога се одржа конгрес во Киев (Украина) во август 1991, повеќе од 2.000 души од Москва патуваа околу 890 километри за да бидат присутни. Многу од нив беа меѓу 1.843-те души што се крстија.

Кога во 1993 беше одржан голем меѓународен конгрес на Јеховините сведоци на московскиот стадион Локомотива, присуствуваа 23.743 лица од преку 30 земји. До крајот на таа година, бројот на собранија во московското градско подрачје порасна на 21. Денес, околу осум години подоцна, на истото подрачје има 104 собранија.

Во текот на јуни и јули минатата година, 18.292 лица присуствуваа на четирите обласни конгреси на Јеховините сведоци што се одржаа во Москва, а се крстија 546 лица. Драматичниот пораст на бројот на оние што им се придружуваат на Сведоците во проучувањето на Библијата ги наведе главатарите на Руската православна црква да се обидат да влијаат врз московските службеници да ја забранат нивната активност.

Во почетокот на 1998, судскиот случај со кој се бараше забрана на Сведоците дојде пред судот во Головински. Конечно, на 23 февруари 2001, судијата ги ослободи Сведоците од обвиненијата што беа подигнати против нив. Меѓутоа, кога тужителите поднесоа жалба пред вишиот московски суд, случајот беше вратен на повторно разгледување во првобитниот суд.

Сепак, зошто, и покрај обидите на некои луѓе да ги забранат Сведоците, локалните градски службеници на управната служба на московскиот реон Головински ги пофалија Сведоците?

Ново место за состаноци

Во декември 1998, Сведоците купија една голема, двоспратна зграда веднаш до паркот Михалковски. Претходно таа служела како дом на културата. Пред извесно време работници Сведоци почнаа да го реновираат овој голем објект. Тој вклучува пет Сали на Царството, односно места за состаноци, за 22 собранија на Јеховините сведоци.

На 15 април минатата година, една службеничка од управната служба на регионот Головински побара Сведоците да го расчистат паркот Михалковски на 21 април. Во Русија е вообичаено жителите и мноштва луѓе од општините да учествуваат во комуналното пролетно чистење на парковите и патиштата. На 17 април, Сведоците свикаа состанок за да направат планови за работата. На состанокот беше одлучено дека се потребни околу 700 работници.

Извршување на работата

На 18 април, кога Сведоците ги информираа службениците на реонот Головински за тоа колку гребла и други алати ќе им требаат, на службениците не им се веруваше дека ќе се одѕвијат речиси 700 работници. Сепак, на 21 април, во 9.30 часот, кога вработените од управната служба пристигнаа во паркот, таму веќе беа собрани стотици Сведоци, но за нив имаше само 200 градинарски алати. Наскоро беа набавени уште 200 гребла. Оние што немаа алат работеа со раце и ги собираа отпадоците и ги ставаа во пластични вреќи. Сведоците донесоа дури и високи рибарски чизми и чамец за да го исчистат големото езерце.

Претставниците од управната служба беа вчудовидени од работата што се изврши. Тие забележаа дека луѓето работеа како да расчистуваат сопствен имот, извршувајќи ја работата радосно и воодушевено. Во работата во паркот Михалковски учествуваа околу илјада Јеховини сведоци и беа отстранети повеќе од 250 тони отпадоци. Оние што живеат во ова подрачје рекоа дека долго време не го виделе паркот толку чист.

Како што беше забележано во почетокот, службениците беа импресионирани од работата што се изврши и беа многу благодарни. Еден службеник од реонот Головински напиша: „Управната служба на реонот Головински од северниот административен регион во Москва ѝ се заблагодарува на религиозната заедница на Јеховините сведоци за учеството во чистењето на паркот Михалковски“. Еден друг службеник упати слични зборови на благодарност, заклучувајќи: „Ова благородно и неопходно дело им користи и ги радува сите посетители на паркот“.

Иако Јеховините сведоци со задоволство ги разубавуваат површините околу нивниот имот — и учествуваат во проекти како проектот што го опишавме — главното дело што го извршуваат денес е да им ја пренесат на луѓето добрата вест за Божјето Царство, владата што ќе донесе рајски услови на целата земја (Матеј 24:14). Додека го чистеа паркот Михалковски, се слушнаа коментари дека она што се прави е добар тренинг за работата што ќе се извршува по Армагедон — разубавување на целата земја (Откровение 16:14, 16).

Всушност, сите оние што ја сакаат Библијата со радост го очекуваат времето кога целата земја ќе биде место на убавина слично на парк, токму како што била Божјата намера кога тој ја создал првата човечка двојка (Битие 1:28; 2:8, 9, 15; Откровение 21:3, 4).

[Слика на страница 13]

Повторна средба на оние што се состануваа во станот на Мурат Шакиров во средината на 1970-тите

[Слики на страница 14]

На четирите конгреси што се одржаа во Москва минатата година беа присутни вкупно 18.292 лица

[Слики на страница 15]

Овој поранешен дом на културата беше реновиран за да смести пет Сали на Царството

[Слики на страница 16]

Беа отстранети повеќе од 250 тони отпадоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели