ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/4 стр. 6-13
  • Единство кое го зачудува светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Единство кое го зачудува светот
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Во Москва и Киев
  • Како се постигнува единство
  • Посматрачите беа зачудени
  • Врвни точки од конгресот
  • Како можат да влијаат?
  • Првиот меѓународен конгрес на Јеховините сведоци во Русија
    Разбудете се! 1993
  • „Поделени со јазикот, но обединети со љубовта“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Русите ја ценат слободата на обожавање
    Разбудете се! 2000
  • Дали светот ќе се обедини?
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/4 стр. 6-13

Единство кое го зачудува светот

СВЕТОТ беше шокиран поради ненадејниот пад на комунизмот, а во поново време поради сѐ поголемиот пораст на етничко насилство. Сепак, во исто време, милиони луѓе во Источна Европа беа зачудени поради обединетата, радосна активност на една група која се издигна над расните и националните непријателства — Јеховините сведоци.

Јеховините сведоци успеаја да задржат обединето обожавање дури и додека околу нив беснееше војна. Во 1991, кога едно меѓународно мноштво од 14.684 Сведоци се собраа во Загреб (Хрватска), еден полицаец рече: „Би било добро да им се покаже на медиумите што се случува на овој стадион, токму овде, каде што гледаме Срби, Хрвати, Словенци, Црногорци и други како во мир седат еден до друг“.

Истата таа година, еден новинар на еден конгрес во Сибир гледал како Руси прегрнуваат новокрстен човек од бурјатско потекло. Знаејќи дека вистинските пријателства меѓу толку различни народи се ретки, тој запрашал: „Како можевте да ги совладате овие национални граници?“

Минатото лето, Јеховините сведоци одржаа 45 конгреси во Источна Европа и Азија, а конгресите во Москва и Киев беа меѓународни. На 45-те конгреси присуствуваа вкупно 368.000 — преку 112.000 во поранешниот Советски сојуз и скоро 11.000 во четири града на поранешна Југославија.

И покрај борбите на нивните подрачја, околу 215 Сведоци успеаја да дојдат на конгресот во Белград (Србија), од 19. до 22. август. Беа присутни 3.241. Еден новинар забележал: „Во можност беа да присуствуваат групи од околината на Сараево. Изнајмиле автобус и дојдоа 56 души. Беа од Лукавица, Пале, Илиџа и Вогошќа. Дојдоа и пет души од Бенковац. Вреди да се забележи и тоа што 23 од 174-та кои беа крстени на конгресот беа од тие кризни подрачја“.

Во Москва и Киев

На 28. јули 1993, на насловната страница од The New York Times имаше голема слика на Јеховини сведоци во Москва, со натпис: „Религиозната слобода во Русија донесе преобратеници на московскиот Локомотив стадион заради масовно крштение како Јеховини сведоци“.

Times извести: „Членови со насолзени лица ги прегрнуваа мокрите новокрстени. За разлика од вообичаеното однесување на Локомотив, никој не пушеше, не пцуеше, никој не беше пијан“. Четири дена Сведоците од Русија и од преку 30 други земји комотно го пополнија стадионот, со највисок број на присутни од 23.743.

Уште поголем меѓународен конгрес на Јеховини сведоци се одржа во Киев, главниот град на Украина. Највисокиот број на присутни од 64.714 беа собрани на Републиканскиот стадион, еден од најголемите во Источна Европа. Насловната страница од Evening Kiev известуваше: „Јеховините сведоци . . . се обединети не само преку сините значки со натписот ‚Божествена поука‘ туку и преку вистинска вера“.

Како се постигнува единство

На конгресот во Киев, една постара жена Сведок од Украина, добро прикажа како таквото единство е возможно. Покажувајќи со прст кон небото, рече: „Јехова“. Потоа, ги рашири рацете за да оформи круг и крена еден прст. Пораката ѝ беше јасна: ‚Сите ние сме едно, обединети преку божествената поука на Јехова Бог‘.

Занимливо, Encyclopædia Britannica извести за Јеховините сведоци во поранешниот Советски Сојуз и покажа зошто Сведоците се обединети. Таа објасни: „Тие ги знаат своите учења [темелени на Библијата], ревносно прават преобратеници и целиот свој живот го организираат во согласност со своите религиозни верувања“. Затоа, колку беше прикладно што темата за конгресите на Јеховините сведоци за ова лето беше „Божествена поука“!

Исус Христос, кој ја поддржувал божествената поука, кога се молел за своите следбеници укажал на едно важно обединувачко начело: „Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него“. Да, неутралниот став на Јеховините сведоци ги обединува, како што Исус барал кога се молел: „Да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во [заедница со, НС] Мене, и Јас во [заедница со, НС] Тебе; па така и тие да бидат во [заедница со, НС] Нас едно“ (Јован 17:16-21).

Искуството на еден делегат од Шпанија покажува како Божјиот народ е обединет преку тоа што не е дел од светот. На патот до конгресот во Москва, седел до некој човек од Авганистан кој објаснил дека дури и луѓето од иста религија меѓусебно се убиваат во граѓанската војна во таа земја. Потоа прашал: „Која политичка партија ја поддржува твојата религија?“ „Никоја“, гласел одговорот. Бидејќи Јеховините сведоци се политички неутрални, тие не се мешаат во етнички борби кои подбуцнуваат еден народ против друг.

Делегатите кои патувале од поранешната советска република Казахстан, осетиле на своја кожа колку војната може да биде застрашувачка. Нивниот воз се нашол среде пукотници помеѓу две завојувани страни. Колку биле среќни што безбедно стигнале во Киев и што уживале во љубовта и единството помеѓу многуте етнички групи од различни народи на стадионот!

Неколку германски и руски делегати имале посебно ценење за она што божествената поука го сторила за нив. Како млади мажи, пред неколку децении се обидувале меѓусебно да се убиваат за време на Втората светска војна. Но, за време на конгресот во Киев, биле обединети во вистинското обожавање како што се гледа на страница 7.

Посматрачите беа зачудени

Москва, град од околу девет милиони жители, претходно имала малку прилики да се запознае со Јеховините сведоци. Вистина, многумина слушнале за нивните прогонства и затворања за време на комунизмот. Исто така, до минатото лето, во Москва се формираа 18 собранија, а во Киев 13 за да го примат растечкиот број на присутни на состаноците на Сведоците. А сега местното население гледаше десетици илјади делегати кои носеа значки на конгресните места и низ нивните градови! Многу набљудувачи беа зачудени.

Главниот противпожарен инспектор на Москва рече: „Овој конгрес многу импресионира. Прекрасно е што толку многу луѓе од различни националности можат да најдат заеднички јазик. Зачуден сум од чистотата и редот на вашиот народ. На овој стадион сум работел 20 години и никогаш не сум видел вакво нешто“.

Еден туристички водич рекол: „Обично кога водам некоја група, нејзиното неединство се гледа веднаш штом ќе го напушти аеродромот. Тоа не беше случај со Јеховините сведоци“. Една посетителка на конгресот во Киев воскликнала: „Вие навистина сте обединети. Колкава разлика од она што се случува надвор од стадионот!“

Кога конгресот во Москва почна во четврток на 22. јули, можеше да се види како повеќе работници кои стоеја на врвот од едно големо градилиште во близината, за момент ја прекинаа работата. Очигледно беа импресионирани од звукот на повеќе од 23.000 гласови обединети во песна. Би биле уште повеќе зачудени кога би знаеле дека песните биле испеани на преку десетина различни јазици. Дури и глувонеми Сведоци кои не можеа да пеат со своите гласови, „пееја“ со рацете преку знаковен јазик.

Омилено место за собирање во вечерите беше московскиот огромен Црвен плоштад, веднаш пред ѕидовите на Кремљ. Вечерта, пред да започне конгресот (не се стемнуваше до после десет часот), многу стотици Сведоци од различни раси и националности беа таму и среќно се прегрнуваа. Еден репортер од Moscow Times случајно застанал и бил љубопитен. Тој прашал: „Кого го претставувате вие?“ Кога му кажале, рекол: „Никогаш не сум видел на Црвениот плоштад радосно мешање на толку многу различни луѓе. Обично, толку голема група се собира за да демонстрира или протестира“.

Граѓаните на Москва и на Киев навистина беа импресионирани од илјадниците делегати кои носеа значки, а кои возбудливо се поздравуваа, прегрнуваа и се обидуваа да комуницираат еден со друг. Некој деловен човек од Иран кој бил во посета на Киев, му пристапил на еден Сведок од Соединетите Држави и му рекол: „Вие имате нешто прекрасно. Ве набљудувам последниве неколку дена. Сакам да прочитам нешто од вашата литература на англиски“. Објаснил дека, кога не би морал да отпатува следното утро за Иран, би дошол на конгресот.

Низ Москва и Киев — а посебно на улиците, на плоштадите и во вагоните на метрото — конгресните делегати им приоѓаа на луѓето и им нудеа библиски трактати и брошури. Секоја вечер можеше да се види како Сведоци стојат во близината на Лениновиот мавзолеј на Црвениот плоштад, тивко разговарајќи и разделувајќи трактати. Понудата обично спремно се прифаќаше, често со срдечна насмевка. Ако понудата беше во вагон на метро, железница, лицето обично веднаш почнуваше да чита. Не беше невообичаено да се види како во ист вагон петмина или шестмина читаат библиски трактати.

Откако ќе ја прочитаа пораката, патниците во вагонот често изразуваа ценење. „Не сме имале прилика да се запознаеме со вакви работи“, објасни еден средовечен човек на лош англиски јазик. „Многу ви благодарам.“ Во еден друг случај, еден младич и неговата мајка биле толку импресионирани од пораката, што слегле од возот на станицата на која слегувал конгресниот делегат за да го продолжат разговорот.

Киев беше преплавен со преку 50.000 делегати Сведоци кои дошле од преку 30 земји и за сите беше потребно сместување. Повеќето престојуваа во хотели, приватни домови и училишта, но околу 1.800 беа сместени на шест речни бродови. Една чистачка на еден од тие бродови на Сведоците им оставила писменце. Напишала: „Вие како да сте дошле од друга планета. Имате толку многу убавина и хармонија што носите благослов. Можеби сте Божји деца. Цело време размислувам за тоа“.

Колку беше добро што Јеховините сведоци можеа да ги одржат своите големи конгреси и што службениците, како и луѓето, можеа да видат такви прекрасни христијански особини и однесување кое го слави Бог! Месните службеници кои работеа со Сведоците немаа ништо друго освен пофалби за нивната ефикасност, љубезност и добра соработка со управата на стадионот и со другите градски одделенија.

„Стадионот не бил олку добро исчистен 13 години“, рече еден службеник во Киев. Еден милиционер таму извика: „Какви луѓе! Како да си во некој нов свет. Едноставно не можам да разберам зошто бевте прогонувани“.

Врвни точки од конгресот

За Сведоците во Москва и Киев, можеби главната врвна точка беше присуството на илјадници делегати од многу други земји, вклучувајќи членови на Водечкото тело на Јеховините сведоци. Радоста поради самото заедништво, обединети во мирољубиво обожавање со толку многу различни националности, не можеше да се опише. Кога последниот говорник во Москва и Киев рече дека нашата главна благодарност ја заслужува Јехова Бог кој го овозможил конгресот, публиката се крена на нозе и избувна во непрекинат аплауз кој траеше повеќе минути додека говорникот не го продолжи својот говор.

Други врвни точки на конгресот беа говорите кои секој ден ги држеа членовите на Водечкото тело на англиски и кратките извештаи од делегатите од различни земји. Овие изнесувања на англиски беа симултано преведувани на многу јазици. Во Киев, на пример, на 16! Така, ако седеле во оние делови предвидени за одредена јазична група, делегатите можеа тој дел од програмата да го чујат на свој јазик.

Уште една конгресна врвна точка беше објавувањето на новата брошура What Is the Purpose of Life? (Која е смислата на животот?) на руски и украински. Посебно се ценеше објавувањето на книгата Theocratic Ministry School Guidebook (Водич за Теократската школа на проповедање) на руски, која се користи за да ги опреми Јеховините сведоци поделотворно да ги презентираат библиските вистини. На руски излезе и книгата My Book of Bible Stories (Моја книга со библиски приказни), еден концизен и хронолошки приказ на библиската историја, напишана посебно за млади луѓе. Преку 36 милиони примероци од оваа книга веќе се печатени на преку 80 јазици.

Огромното крштение на новите ученици беше навистина конгресна врвна точка. Тоа што повеќето од крстените беа младинци не помина незабележано. На една конференција за печатот, еден дописник на весникот Освита, праша: „На вашиот конгрес се забележува приличен број млади луѓе. Тие се љубезни, убави и со примерно однесување. Како го постигнувате тоа? Имате ли некаква посебна политика за млади луѓе? Јас работам со младинци и многу ме интересира тоа“.

Иако преданието на Бог мора да се темели на спознание, а не на емоции, самото крштение сепак е емоционален настан и допира до срцето. Во Москва, мноштвото стана и аплаудираше од моментот кога 1.489-те кандидати за крштение почнаа да се движат кон трите базени за крштевање сѐ додека сите не беа крстени, повеќе од еден час подоцна.

Во Киев, каде што беа присутни преку 64.000, на едниот крај од стадионот беа поставени шест базени за крштевање. Со шест или повеќе лица кои крштеваа во секој базен, секои две минути беше потопуван број еднаков на едно поголемо собрание. Сепак, крштевањето траеше повеќе од два часа! На меѓународниот конгрес „Божествена волја“ 1958 во Њујорк, беа крстени 7.136. Но во Киев, 7.402-та новопредадени Сведоци на Јехова од Украина и од други поранешни републики на Советскиот Сојуз, ова крштевање го претворија во најголемо забележано христијанско крштевање. Тоа беа луѓе кои зборуваа исклучително руски, од подрачја каде што само до неодамна Јеховините сведоци беа забранети, и тоа со децении!

Врвна точка на конгресот во Белград беше присуството на делегати од уништени и завојувани подрачја. „Овие делегати повеќе пати изразија срдечна благодарност поради предноста која им беше укажана да дојдат на конгресот“, извести еден конгресен работник. „Ние, меѓутоа, мислиме дека вистинското охрабрување за нас беше тоа што можевме да ги запознаеме останатите и да ја видиме нивната љубов и ревност за библиската вистина“.

На многу конгреси „Божествена поука“ беше прочитано едно трогателно писмо напишано предминатата зима во Сараево. „Температурата е околу минус 15 степени“, вели пишувачот. „Со мојата сопруга сум и со двата сина и немаме струја и доволно огрев . . . Се слуша пукање од митралез и експлозии. Но ние сме смирени и топло ни е во срцата поради вистината и поради нашиот добар однос со Јехова. . . . Ве молиме да продолжите да се молите на Јехова да ни помогне да истраеме и цврсти во верата да ги поднесеме сите овие ужаси. Се молиме за вас!“

Како можат да влијаат?

Кога ќе се споредат со неединството кое се манифестира меѓу религиите на светот, Сведоците многу се разликуваат. Но како навистина можат тие да влијаат? Во врска со еден конгрес на Сведоците пред многу години, една уводна статија гласела: „Доволно е да се каже дека, кога целиот свет би живеел по [библиската] вера на Јеховините сведоци, би им се ставил крај на крвопролевањето и омразата, а љубовта би царувала.

Сепак, поголемиот дел од човештвото никогаш не ја следело божествената поука. Во првиот век, не сакале да го слушаат дури ни Божјиот Син, Исус Христос. Затоа, дали е премногу да очекуваме дека еден ден ќе дочекаме обединет свет? Како е можно такво нешто?

[Рамка на страница 12]

КОНГРЕСИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА И АЗИЈА

Земја Највисок број Крстени

на присутни

Албанија (1 конгрес) 598 39

Бугарија (1 конгрес) 704 45

Република Чешка (2 конгреса) 20.025 620

Поранешен Советски Сојуз

Естонија (2 конгреса) 4.732 383

Русија (3 конгреси) 32.582 2.454

Украина (2 конгреса) 69.333 7.797

Киргистан (1 конгрес) 5.678 604

Поранешна Југославија

Хрватска (1 конгрес) 5.003 157

Македонија (1 конгрес) 642 27

Србија (1 конгрес) 3.241 174

Словенија (1 конгрес) 1.961 69

Унгарија (5 конгреси) 22.191 798

Полска (13 конгреси) 152.371 4.352

Романија (9 конгреси) 36.615 2.375

Словачка (2 конгреса) 13.215 473

ВКУПНО: 368.891 20.367

[Слика на страница 7]

Преку 64.000 собрани на Републиканскиот стадион, Киев

[Слика на страница 7]

Непријателите од Втората светска војна од Германија и Украина обединети преку библиската вистина

[Слики на страници 8 и 9]

Преку 23.000 обединети обожаватели на стадионот Локомотив, Москва

Во Киев беа крстени 7.402, а во Москва 1.489

Странските делегати донесоа тони храна за оние во оскудица

Горе и средина: Многу етнички групи се сретнаа во мирољубиво единство Долу: Сведочење на Црвениот плоштад

[Слика на страница 10]

Конгресните делегати беа одушевени што на нивниот јазик ја добија книгата „Библиски приказни“, „Водич“ и новата брошура

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели