Сида во Африка — каква е надежта за новиот милениум?
ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЗАМБИЈА
МИНАТИОТ септември, делегати од различни делови на Африка се собраа во Лусака (Замбија), на 11-тата Меѓународна конференција за СИДА и сексуално преносливи болести во Африка. Една од целите на оваа конференција беше да се поттикне поголема интер-регионална соработка во одговарањето на прашањето: ‚Како можеме да се соочиме со ширењето на СИДА-та во Африка?‘
Професорката Нканду Луо, тогашна министерка за здравство на Замбија, рече дека ситуацијата во Африка и во другите земји во развој е „крајно сериозна“ и додаде дека таквата ситуација „спречува, па дури и поништува некои од значителните напредоци што се постигнати во здравството и во други општествени и економски сфери“.
Еден симпозиум во врска со безбедноста на крвта призна дека СИДА-та се пренесува преку трансфузија. Еден лекар, претставник на Одделението за безбедност на крвта при Светската здравствена организација, истакна дека, иако преку сексуален однос со инфициран партнер нема секогаш да се пренесе ХИВ, примателот на крв заразена со СИДА ќе биде инфициран — и тоа во секој случај! Со добра причина, овој лекар навел дека во таква ситуација, „најбезбедна трансфузија на крв е онаа што не е дадена“.
Оваа конференција нагласи дека незамисливо високите трошоци на лекувањето им отежнуваат, па дури и им оневозможуваат на оние кои имаат СИДА да си дозволат медицинска помош. На пример, еден Уганѓанец кој живее во град заработува просечно околу 200 долари месечно. Но, лекувањето при кое се користат антиретровируси може да чини 1.000 долари месечно!
Конференцијата во Лусака покажа дека со почетокот на новиот милениум нема да најдеме лесно решение за ширењето на СИДА-та. Меѓутоа, оние кои ја проучуваат Библијата сфаќаат дека конечното решение за сите болести е во рацете на Творецот, Јехова Бог, кој ветува дека во неговиот нов свет „ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘“ (Исаија 33:24).
[Карта/слики на страница 31]
Професорката Нканду Луо
[Извор на слика]
Фотографија со дозвола на E. Mwanaleza, Times of Zambia