ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/8 стр. 22-23
  • Како да се справиме со очајот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се справиме со очајот
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библијата може да помогне
  • Зошто толкав очај?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Јехова го избавува страдалникот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Надежта го победува очајот!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали да ставам крај на сѐ?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/8 стр. 22-23

Гледиште на Библијата

Како да се справиме со очајот

ОЧАЈОТ е вообичаена појава кај сите, барем до некој степен. Меѓутоа, кај некои луѓе, чувствата на малодушност стануваат толку силни што им се чини дека е подобро да умрат отколку да живеат.

Библијата покажува дека дури и верните слуги на Бог не се имуни на проблемите и притисоците кои водат до очај. На пример, да размислиме за Илија и Јов — двајца мажи кои имале добар однос со Бог. Откако избегал за да си го спаси животот од злобната царица Језавела, Илија ‚почнал да се моли [на Јехова] да му умре душата‘ (3. Царства 19:1—4, NW). Праведникот Јов доживеал низа трагедии, вклучувајќи и една одвратна болест, како и смртта на неговите десет деца (Јов 1:13—19; 2:7, 8). Очајот го натерал да рече: „Повеќе сакам смрт отколку сите мои страдања“ (Јов 7:15, The New English Bible). Јасно е дека тегобната загриженост станала многу голема за овие верни Божји мажи.

Кај некои луѓе денес, причина за очајот може да бидат болните последици од стареењето, смртта на брачниот другар или, пак, сериозните финансиски тешкотии. Други откриваат дека непопустливиот стрес, долготрајните последици од некое трауматско искуство или, пак, семејните проблеми ги тераат да се чувствуваат како да претаат среде океан, при што секој нов бран им отежнува да дојдат до брегот. Еден човек изјавил: „Имате чувство на безвредност — дека на никого нема да му недостасувате откако ќе Ве нема. Чувството на осаменост понекогаш е неподносливо“.

Во некои случаи, околностите се менуваат на подобро и го олеснуваат овој силен притисок. Но, што ако нашите околности не се променат? Како може Библијата да ни помогне да се справиме со очајот?

Библијата може да помогне

Јехова имал способност и моќ да ги поткрепи Илија и Јов во нивните тешкотии (3. Цар. 19:10—12; Јов 42:1—6). Колку само е утешно што го сфаќаме тоа ние денес! Библијата наведува: „Бог ни е нам прибежиште и сила, помошник, на секој кој во мака ќе се најде“ (Псал. 45:1; 54:22). Иако може да ни се чини дека чувствата на очај нѐ притискаат, Јехова ветува дека тој цврсто ќе нѐ држи со својата десна рака на праведност (Исаија 41:10). Како можеме да ја искористиме оваа помош?

Библијата објаснува дека преку молитва, „мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази [нашите] срца и [нашите] мисли во Исуса Христа“ (Филипјаните 4:6, 7). Заради нашето страдање, можеби не гледаме излез од проблемот. Меѓутоа, ако ‚истраеме во молитва‘, Јехова може да ги чува нашите срца и мисли, давајќи ни ја силата што ни е потребна за да истраеме (Римјаните 12:12, NW; Исаија 40:28—31; 2. Коринтјаните 1:3, 4; Филипјаните 4:13).

Ќе ни биде од корист ако сме конкретни во молитвите. Иако може да ни биде тешко да ги изразиме мислите со зборови, треба да се чувствуваме слободни да разговараме со Јехова во врска со она што го чувствуваме и она што согледуваме дека е корен на проблемот. Треба да го молиме за сила да нѐ поткрепува во текот на секој ден. Го имаме уверувањето: „[Јехова] им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува“ (Псал. 144:19).

Освен тоа што ќе се молиме, не смееме да се препуштиме на изолација (Изреки 18:1, NW). Некои црпеле сила од тоа што се трошеле за другите (Изреки 19:17; Лука 6:38). Размислете за Марија,a која не само што се борела со рак туку доживеала и загуба на осум членови на семејството во текот на само една година. Марија морала да се присилува себеси да стане од креветот и да се врати на редовната рутина. Речиси секој ден одела да ги поучува другите за Библијата и редовно присуствувала на христијанските состаноци. Кога ќе се вратела дома, нејзините чувства на очај повторно се враќале со сета сила. Меѓутоа, со тоа што се сосредоточува на помагањето на другите, Марија може да истрае.

Но, што ако ни е тешко да се молиме или, пак, ни се чини дека не можеме да се извлечеме од изолацијата? Во тој случај, мораме да побараме помош. Библијата нѐ охрабрува да им се обратиме на „старешините од собранието“ (Јаков 5:13—16, NW). Еден човек кој се соочувал со тешка, долготрајна депресија, изјавил: „Понекогаш, разговорот со некого во кого имате доверба помага да си олесните на душата и да се смирите во духот за да може да победи разумното размислување“ (Изреки 17:17). Се разбира, кога некоја долготрајна и интензивна малодушност е показател за некој здравствен проблем, можеби ќе биде потребна и соодветна професионална помошb (Матеј 9:12).

Иако не постои лесно решение, не треба да ја потцениме Божјата способност да ни помогне да се справиме со нашите проблеми (2. Коринтјаните 4:8). Со тоа што ќе истраеме во молитва, ќе избегнуваме да се изолираме и ќе побараме стручна помош, ќе можеме повторно да стекнеме стабилност. Библијата ветува дека Бог ќе им стави целосен крај на коренските причини за нашиот тежок очај. Христијаните се одлучни да се потпираат на него, чекајќи го денот кога „поранешните [работи] нема повеќе да се спомнуваат“ (Исаија 65:17; Откровение 21:4).

[Фусноти]

a Не е нејзиното вистинско име.

b Разбудете се! не препорачува некое посебно лекување. Христијаните треба да се уверат дали некое лекување што го применуваат не е во спротивност со библиските начела. За повеќе информации, видете Стражарска кула од 1 февруари 1989, страници 3—6.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели