ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/10 стр. 27-28
  • Ризиците од автостопирањето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ризиците од автостопирањето
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Слобода да се патува
  • Одржување контакти
  • Содржина
    Разбудете се! 2000
  • Патување до крајот на Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • На која страна од патот возите?
    Разбудете се! 2005
  • Премореност — невидена стапица за камионџиите
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/10 стр. 27-28

Ризиците од автостопирањето

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО АВСТРАЛИЈА

Еден топол летен ден во 1990, 24-годишниот британски кампер Пол Онјонс автостопирал на автопатот Хјум, јужно од Сиднеј (Австралија). Пол бил благодарен кога еден непознат човек запрел за да го земе во автомобилот. Не ни помислувал дека речиси ќе го чини живот тоа што прифатил да се качи.a

БЕЗ да е свесен дека му се заканува опасност, Пол седнал на предното седиште од возилото и започнал муабет со возачот. За неколку минути, навидум добродушниот возач станал агресивен и кавгаџиски настроен. Одеднаш возачот неочекувано застанал покрај патот, велејќи дека сака да земе некои касети со музика кои биле под седиштето. Но, не зел касети туку пиштол — и го вперил во градите на Пол.

Не обрнувајќи внимание на наредбата на возачот да остане да седи, Пол го оттргнал од себе сигурносниот појас, скокнал од колата и со сета сила потрчал по автопатот. Возачот го гонел трчајќи, изложен на погледите на другите возачи. Конечно го престигнал, го зграпчил за маицата и го турнал наземи. Ослободувајќи се, Пол истрчал пред едно комбе кое доаѓало кон него и го принудил преплашениот возач, една мајка со деца, да застане. На преколнувањата на Пол, мајката го пуштила внатре, го свртела комбето прегазувајќи ја средната линија на патот и избегала со полн гас. Дури подоцна, напаѓачот на Пол бил идентификуван како сериски убиец кој убил седум кампери, иако некои од нив автостопирале во парови.

Што ги направило овие жртви толку привлечна цел за овој убиец? На судењето на убиецот, судијата забележал: „Сите жртви биле млади. Биле на возраст од 19 до 22 години. Сите биле на пат далеку од дома, при што можело да се заклучи дека извесно време нема да се забележи нивното исчезнување доколку им се случи нешто“.

Слобода да се патува

Денес, далеку повеќе луѓе можат да си ги дозволат меѓународните патувања отколку што беше случај пред само неколку години. На пример, во период од пет години, бројот на Австралијанци кои патувале во Азија се зголемил повеќе од два пати. Во потрага по доживувања или по авантури, реки од тинејџери и полнолетни млади луѓе се качуваат на авионите кои ќе ги однесат на далечни дестинации. Голем број од овие патници планираат да патуваат со автостоп за да ги намалат трошоците. За жал, во повеќето делови на светот, автостопирањето повеќе не е интересен и релативно безбеден начин за патување како што беше некогаш — како за автостоперите така и за оние што ги возат.

Позитивниот став и воодушевеноста од патувањето едноставно не можат да бидат замена за трезвената, практична мудрост. „Желбата за патување честопати значи дека младите луѓе ќе заминат недоволно подготвени за патувањето и без целосно да ги разберат опасностите или своите одговорности“, забележува една брошурка што е наменета за семејствата кои ги бараат исчезнатите деца.

Брошурката додава: „Ретко се случува да исчезнат луѓе кои патуваат со организирана туристичка група, заради бизнис или, пак, кои се придржуваат за добро испланиран распоред на патување. Сеедно дали станува збор за Австралија или за некоја друга земја, повеќето луѓе кои на крајот се прогласуваат за исчезнати, изгледа дека се оние кои кампуваат и патуваат евтино“.

Без оглед на тоа дали некој автостопира или не, патувањето без распоред — колку и да е привлечно за некои кои не сакаат да се чувствуваат „врзани“ — може да биде причина некој да биде изложен на поголема опасност. Кога роднините и пријателите не знаат каде оди и што прави патникот, не можат да му помогнат доколку му се случи нешто. На пример, што ако некој патник лежи онесвестен во некоја болница и никој од неговите домашни не знае каде се наоѓа?

Одржување контакти

Во својата книга Highway to Nowhere (Автопат кон никаде), британскиот новинар Ричард Ширс пишувал за седум исчезнати автостопери кои „одеднаш престанале да контактираат со своите семејства и со пријателите“. Се разбира, на почетокот семејствата можеби нема да бидат сигурни дали нивните роднини исчезнале или едноставно не се јавуваат. Затоа може да се двоумат дали да ги известат властите ако немаат вести од патниците.

На една од овие автостопери честопати ѝ се прекинувала телефонската врска со родителите кога ќе ѝ се потрошеле ситните пари. Отпосле, кога го сфатиле ова, нејзините родители ги поттикнале семејствата да ги снабдат своите деца со телефонски картички или со други средства за да можат да се јавуваат дома. Иако ова можеби немало да го спаси животот на оваа девојка, редовната комуникација честопати може да му помогне на патникот да ги избегне, или барем да излезе на крај со помалите неприлики.

Седумте кампери кои го изгубиле животот можеби ги прочитале туристичките книги според кои Австралија е една од најбезбедните земји во светот што се однесува до автостопирањето. Сепак, автостопирањето повторно се покажало како чиста лудост — дури и во парови и дури и во „најбезбедната“ земја.

[Фуснота]

a Треба да се забележи дека на некои места автостопирањето е незаконско.

[Слика на страница 28]

Родителите можат да избегнат непотребна загриженост ако ги снабдат своите деца со телефонски картички или со други средства за да се јават дома

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели