ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/10 стр. 22-23
  • Кога кравите одат на годишен одмор!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога кравите одат на годишен одмор!
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Земја на добро наводнети пасишта
  • Големиот ден!
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2010
  • Крава со две густи крзна
    Разбудете се! 2012
  • Каде што кравите летаат
    Разбудете се! 1993
Разбудете се! 2000
g00 8/10 стр. 22-23

Кога кравите одат на годишен одмор!

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ШВАЈЦАРИЈА

ДАЛИ сте знаеле дека секоја година илјадници крави во Швајцарија одат на годишен одмор? Треба само да видите колку уживаат во тоа!

Додека траат студените и снежни зимски месеци во Швајцарија, кравите што даваат млеко се засолнети во штали. Колкаво само олеснување е кога ќе пристигне пролетта и кравите можат да излезат под ведро небо и да пасат на зелените ливади кои се ишарани со светложолти глуварчиња. Со тоа што повремено потскокнуваат, како да ја изразуваат својата огромна радост заради промената на сцената и на годишното време.

Во мај или на почетокот на јуни, кога стопениот снег ги открива ливадите кои се наоѓаат на поголеми височини, се добиваат уште пасишта. Време е стоката да се изнесе во планините на летна паша.

Земја на добро наводнети пасишта

Во Швајцарија има околу 10.000 пасишта на поголеми височини, кои покриваат околу 10.000 квадратни километри. Ова изнесува една четвртина од вкупната површина на таа земја. Затоа се води голема грижа да се заштити ваквото скапоцено природно богатство.

Човекот и животните соработуваат во расчистувањето на високите ливади од грмушки и густеж. За таа цел, сточарите задолжуваат професионални говедари да се грижат за околу 500.000 грла стока. Крави кои даваат млеко, како и јуници, се транспортираат со камион или со воз на летен годишен одмор — да пасат во планините.

Бидејќи патиштата и железничките пруги не достигнуваат многу високо, последната етапа од патувањето мора да се заврши пешки. Како што одминува летото, стадата постојано се качуваат сѐ погоре. Таму, на пасиштата кои понекогаш се наоѓаат на надморска височина од 2.000 до 2.200 метри, стоката наоѓа вкусна алпска трева и прекрасни разнобојни цвеќиња. Планински потоци има во изобилство и затоа има доволно вода за пиење.

Квалитетното млеко што го даваат кравите понекогаш се транспортира во подножјето на планината за потрошувачка или за преработка. Но, во повеќето случаи се преработува во путер или сирење во самите планински колиби. Кога летните денови ќе почнат да стануваат покуси, стадата се носат на пониските места. Конечно пристигнува денот — во зависност од времето, тоа е обично кон крајот на септември — кога стадата се враќаат во своите зимовници. Да, летниот годишен одмор е при крај! Но, прво се одржува една специјална парада.

Големиот ден!

Се води евиденција за резултатите од производството и најдобрите крави се украсуваат во зависност од количеството млеко што го дале. Онаа што дала најмногу млеко го предводи стадото во поворката до дома. Главите на кравите се накитени со шарени хартиени цвеќиња, панделки и гранчиња од ниски четинари. Многу од нив имаат метално ѕвоно околу вратот, кое уште оддалеку најавува дека се приближуваат.

Говедарите ја одбележуваат оваа посебна прилика на тој начин што облекуваат бели кошули и везени палта од црно кадифе. Во меѓувреме, во ниските долини, луѓето од фармите се собираат покрај патот за да ја дочекаат поворката со воодушевени извици.

Кога ќе стигне во низините, стоката им се враќа на своите сопственици за да помине уште една зима. Меѓутоа, нема да помине многу пред да дојде времето за уште еден годишен одмор во планините! Каков живот!

[Слика на целата страница 22]

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели