ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/10 стр. 31
  • Каде што кравите летаат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде што кравите летаат
  • Разбудете се! 1993
  • Сличен материјал
  • Кроткото, но силно шетландско пони
    Разбудете се! 2010
  • Користење на силата на ветерот
    Разбудете се! 1996
  • Кога кравите одат на годишен одмор!
    Разбудете се! 2000
  • Фарските Острови и нивните тунели
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 1993
g93 8/10 стр. 31

Каде што кравите летаат

ЖЕСТОКИТЕ ветришта на Шетландските острови на 5. јануари 1993 го свртија вниманието на светската јавност. Тие го зафатиле Браер, 243 метри долг танкер со носивост од 45.000 тони и го треснале од овој карпест издаден дел во северна Шкотска. Во текот на една седмица, ветрот и брановите го искршиле огромниот брод на четири дела.

Бурните ветришта не се ништо ново за Шетланѓаните. Оддалечената група од околу 100 острови, од кои се населени помалку од 20, први се погодени од студените бури кои непречено наидуваат преку морето од правецот на Исланд.

Не е чудно што жителите се навикнале на чудни глетки. Еден човек, како што е наведено во The Wall Street Journal, рекол: „Можеби на Шетланд би требало да има сообраќајни знаци: ‚Чувај се — летаат крави‘“. Пред неколку години, кравата на еден негов познаник била сосема одвеана од пасиштето. Еден друг жител, научник, известува дека ја видел својата мачка како „лета“ низ ветрот на височина од околу 5 метри — се разбира, секогаш се приземјувала на своите шепи. Возачите обично ги товарат своите автомобили со тешки материјали, како што е камен-јагленот за да ги заштитат да не бидат одвеани од патиштата. Луѓе исто така биле одвеани од земјата, некои дури и умреле. Еден удар на ветар, којшто убил една жена, неслужбено достигнал брзина од 323 километри на час — неслужбено, бидејќи истата бура го однела службениот ветромер!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели