ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/12 стр. 12-13
  • Крава со две густи крзна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крава со две густи крзна
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Необично крзно
  • Вреден посед
  • Предупредување
  • Кога кравите одат на годишен одмор!
    Разбудете се! 2000
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
  • Завиениво снегот
    Разбудете се! 2008
Разбудете се! 2012
g 12/12 стр. 12-13

Крава со две густи крзна

ГОЛЕМИ рогови, долги шишки кои паѓаат преку очите и крупна става покриена со густо и рунтаво крзно. Ова се некои од уникатните карактеристики на шкотската крава.

Овој горјанин — еден од најстарите видови говеда — со векови опстојува на планинските предели и островите на Шкотска и покрај острата клима. Во почетокот, говедата кои паселе во зафрлените планински краишта биле покрупни и имале црвено крзно, а оние на островите западно од брегот биле помали и најчесто црни. Денес се смета дека овие говеда се еден вид, кој може да има црвено, црно, светлокафеаво, жолто или речиси бело крзно.

Густите и по малку смешни шишки на ова говедо имаат важна улога — зиме го штитат од силниот ветер, дожд и снег, а лете од инсектите што можат да предизвикаат инфекции.

Многу одамна сточарите ноќе ги чувале своите стада во покриени засолништа со камени ѕидови. Така ги штителе од временски непогоди и од волци.

Необично крзно

За разлика од другите говеда, шкотската крава има двојно крзно. Рунтавото надворешно крзно се состои од долги влакна — понекогаш и до 33 сантиметри. Ова мрсно густо крзно не пропушта дожд и снег. Под него има меко, густо внатрешно крзно кое го топли животното.

Џим, кој долги години чува шкотски крави, вели: „Многу е тешко да ги измиеш со сапун затоа што е речиси невозможно целосно да ги наводениш!“ Благодарение на своето крзно, овој вид опстојува и се размножува во планините и покрај силните дождови и студените ветрови — услови што не би ги преживеал ниеден друг вид говеда.

Во лето, ако времето е многу жешко и суво, на приспособливата шкотска крава ѝ паѓа надворешното крзно. А кога времето повторно ќе стане студено и влажно, ѝ расте ново крзно.

Вреден посед

За разлика од овците, кои обично ја уништуваат вегетацијата насладувајќи се со корења и млади фиданки, кравите — вклучувајќи ја и шкотската крава — ги прават пасиштата побујни. Како е можно? Со своите долги, силни рогови и широка муцка, ги отстранува непотребните грмушки кои повеќето други видови ги одминуваат. Ваквото чистење овозможува обновување на тревата и дрвјата.

Двете густи крзна на шкотската крава имаат уште една голема предност. Бидејќи нема потреба од дополнителни масни наслаги за да ѝ биде топло, месото содржи помалку масти и холестерол и повеќе протеини и железо од другото говедско месо. А ова висококвалитетно месо се добива без кравите да се хранат со скапа крма!

Предупредување

Шкотските крави од памтивек живеат заедно со луѓето. Древните Шкотланѓани ги чувале во приземјето на своите домови. Така било потопло на горните катови каде што живеело семејството.

Иако припитомените шкотски крави се обично мирни, понекогаш можат да бидат и опасни. На пример, една мајка може да биде многу заштитнички настроена спрема своето теле. Исто така, кога шкотските крави се во стадо, не треба да минуваш низ стадото, туку да го заобиколиш.

Благодарение на нивната приспособливост, шкотските крави се одгледуваат низ целиот свет. Може да се најдат далеку на север, дури и на Алјаска и Скандинавија, како и на Андите, на надморска височина од 3.000 метри. Но, добро се снаоѓаат и во потоплите краишта.

Шкотска е позната по тартанот (карирана ткаенина), килтот (машко здолниште) и гајдите, но и по прекрасните и уникатни шкотски крави. Дали во твојот крај кравите имаат две густи крзна?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели