ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/08 стр. 16-18
  • Завиениво снегот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Завиениво снегот
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Под „топлото ќебе“
  • Заривање во лет!
  • Во зимска гардероба
  • Запознајте го мистериозниот снежен леопард
    Разбудете се! 2002
  • Библиски приказни раскажани преку мраз и снег
    Разбудете се! 2005
  • Дали Исус бил роден во зима?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Бучен снег
    Разбудете се! 2001
Разбудете се! 2008
g 2/08 стр. 16-18

Завиениво снегот

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ФИНСКА

БЕЗ топла облека и обувки, луѓето не би можеле да ги поднесат, па дури ни да ги преживеат острите зими на далечниот север. Но, за безброј животни, сѐ си тече најнормално без оглед на годишните времиња. За да се заштитат од студот, си носат топли зимски „бунди“ од крзно или од пердуви, но го користат и снегот како еден вид природен изолатор.

Снегот се состои од кристали на мраз кои настануваат од водената пареа. Отприлика десет сантиметри снег настануваат од еден сантиметар вода. Тоа значи дека во снегот има многу воздух кој е заробен помеѓу кристалите. Поради ваквата извонредна структура, снегот може да послужи како добра заштита од студ за семињата и за растенијата пред да настапи пролетта. Тогаш овој огромен резервоар со замрзната вода распослан по земјата се топи, ја наводнува почвата и ги разжуборува потоците.

Под „топлото ќебе“

Вршејќи ги своите секојдневни активности низ мрежата од тунели изградени под самата снежна покривка, трчкаат разни крзнени животинки, најчесто во трескавична потрага по храна. Тука би ги спомнале лемингот, волухарицата и ровката — мало ноќно животно што се храни со инсекти и е сродно со кртот. Глувците, пак, честопати можат да се видат како трчаат по снегот, барајќи бобинки, ореви, семки и мека кора од млади дрвца.

Зошто помалите цицачи немаат проблем со телесната температура? Освен зимско „палто“, голем број од нив си имаат и топол „шпорет“ — нивниот брз метаболизам. А логично е дека на ваквите живи „печки“ им треба и многу „материјал за огрев“. На пример, дневната количина инсекти, ларви и кожурци што ги јаде ровката е речиси еднаква на нејзината телесна тежина. Најмалата ровка, Sorex minutos, има уште поголем апетит со оглед на нејзината големина! Тоа значи дека, ако не спие, таа сигурно е во потрага по храна.

Малите цицачи, пак, се омилен деликатес за грабливците како што се бувот, хермелинот и ласицата. Бидејќи имаат вита става и се многу подвижни, ласиците можат без проблем да се движат низ скриените лавиринти во снегот додека бараат храна. Тие ловат дури и зајаци, иако се поголеми од нив.

И бувовите го демнат својот плен. Брадестиот був има толку остар слух што може да следи волухарица што се движи под снегот — под услов да не е предлабок. Штом ќе ја пронајде својата несреќна жртва, бувот се зарива во снегот, ја приклештува помеѓу канџите и ја понесува со себе. Но, кога снегот е длабок, грабливците може да гладуваат, па дури и да умрат од глад, а животните со кои тие се хранат, претерано да се намножат.

За да не умрат од глад во текот на зимата кога храната е скудна, многу животни се потпираат на салото што им се наталожило кога било потопло. Сепак, тоа не значи дека воопшто не можат да дојдат до храна. На пример, европскиот лос ги брести младите гранчиња од дрвјата, особено од боровите. Верверицата се гости со хранливите семки што ги скрила, а зајакот се насладува со млади кори, гранчиња и ластари. Некои птици уживаат во смрзнати бобинки и борови фиданки.

Заривање во лет!

Многу птици го користат снегот како заштита од студ додека се одмараат дење или спијат ноќе. Некои од нив се лештарката, црниот тетреб и белата еребица, но и некои помали птици, како што се трнарчето, зимовката и врапчето. Кога снегот е длабок и мек, некои птици се зариваат под него во лет, слично како што морската птица се нурнува под водата. Оваа мудра тактика овозможува да не остануваат траги од стапалки што би можеле да ги видат или да ги намирисаат грабливците.

Штом ќе се сместат под снежниот нанос, птиците прават хоризонтална шуплина долга и до еден метар, која на фински се вика кјепи. Ноќе, ветровите ги бришат сите знаци дека нешто живо се крие под снегот. Кога снегот ќе закрцка под стапалата на луѓето кои, шетајќи, се нашле во непосредна близина на некое од овие птичји дувла, птицата е на штрек. И одеднаш, ќе го распрсне снегот и ќе почне неконтролирано да мавта со крилјата, што може да го извади од памет секој што не е подготвен за тоа!

Во зимска гардероба

Пред да настапи зимата, некои поларни животни ја соблекуваат летната гардероба (нивното старо крзно или старите пердуви) и ја заменуваат со зимска „бунда“, која служи како камуфлажа бидејќи совршено се вклопува во снежната околина. Во Финска, поларните лисици, белиот зајак и неколку видови ласици наесен добиваат густо бело или светлосиво крзно.

Белата еребица, исто така, се преоблекува — ги заменува своите шарени летни пердуви со снежно бели. Кога времето е топло, нивните ножни прсти речиси немаат пердуви, но подоцна целите им се обраснати со пердуви кои не дозволуваат да пропаднат во снегот. Некои од животните можат да им се скријат на грабливците дури и кога ја менуваат својата „облека“ бидејќи во тој период нивните шари се многу слични со изгледот на земјата која наместа е покриена со снег.

Дали некогаш си се прашал зошто за птиците студот не е никаков проблем иако голем број од нив одат боси по снег или по мраз? Нивните нозе секогаш се топли поради неверојатната градба која овозможува топлата артериска крв од срцето да оди во нозете за да ја загрее студената крв што се враќа од стапалата.

На живиот свет воопшто не му е тешко да го поднесе студот во поларните области или суровата жега во тропските предели. Напротив, нему дури и му годат ваквите услови. Луѓето кои ги документирале ваквите способности на животните обично добиваат големи признанија за своите напори — и тоа со право! Но, зарем не би требало да му оддадеме уште поголемо признание на Оној што ги создал живите чуда на Земјата? Во Откровение 4:11 стои: „Достоен си, Јехова, Боже наш, да ја примиш славата и честа и моќта, бидејќи ти создаде сѐ, и поради твојата волја сѐ постои и е создадено“.

[Рамка/слика на страница 18]

И да врне и да вее...

Во текот на зимата, Јеховините сведоци во Финска се облекуваат во топла облека и продолжуваат со своите духовни активности. На некои Сведоци од внатрешноста воопшто не им е тешко да минат долг пат за да дојдат на христијанските состаноци. Всушност, бројот на присутни на овие состаноци не се намалува дури и во текот на долгата, студена зима. Јеховините сведоци се зафатени и во службата на проповедање. Сведочењето за Оној што создал сѐ, Јехова Бог, за нив е толку голема чест што спремно излегуваат од своите удобни домови и одат да го објавуваат неговото Царство (Матеј 24:14).

[Слика на страници 16 и 17]

Бурници скриени во пештера

[Извор на слика]

Со љубезна дозвола на Џон Р. Пенигер

[Слика на страница 16, 17]

Хермелин

[Извор на слика]

Mikko Pöllänen/Kuvaliiteri

[Слика на страница 17]

Лебеди

[Слика на страница 17]

Зајак

[Слика на страница 17]

Поларна лисица

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели