ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/12 стр. 24-25
  • Библиски приказни раскажани преку мраз и снег

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библиски приказни раскажани преку мраз и снег
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиски сцени во мраз
  • Изработка на скулптурите
  • Антарктик — континент во неволја
    Разбудете се! 2000
  • Завиениво снегот
    Разбудете се! 2008
Разбудете се! 2005
g05 8/12 стр. 24-25

Библиски приказни раскажани преку мраз и снег

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ГЕРМАНИЈА

„АПСОЛУТНО фантастично!“ Вака Ања ги искажа своите впечатоци. Георг рече: „Просто е неверојатно што сѐ може да се направи со мразот и снегот“. Откако вака ни беше заскокоткана љубопитноста, се собравме една група и отидовме во Либек (северна Германија) за да го видиме Ледениот свет, фестивал на ледени скулптури. Темата на фестивалот беше „Библијата — приказни од стариот и од новиот завет“.

Кога пристигнавме во Либек, над познатата Холштајнска капија се беше надвиснал превез од дождовни облаци. На само неколку чекори од капијата беше поставен еден едноставен голем шатор. Но внатре, не дочека разнобоен, блескав свет од снег и мраз извајани во фигури од проѕирен мраз кој се прелеваше на светлото.

Уште пред да почнеме со разгледувањето, веднаш ни текна дека бевме предупредени да си носиме топла облека — внатре беше смрзнувачка! Иако за некој што живее во поладните краеви -10 степени и не е така ладно, некои од нас малку се вознемирија кога сфатија дека си ги заборавиле шалот и ракавиците. Но, глетката на разнобојните, фасцинантни фигури од мраз надоместија за студот.

Библиски сцени во мраз

Видовме како еден ангел, со убави набори на облеката, дува во труба. Изгледаше како скулптурата да лебди над земјата. Имаше претставено разни фази од создавањето, вклучувајќи го и создавањето на Адам. Малку понатаму, дојдовме до арката на Ное. Не можевме а да не се насмееме кога видовме како еден нилски коњ го поттурнува својот другар за да помине низ вратата на арката, а едно мало животинче, направено од мраз, се поткраднуваше во арката под стомакот на заглавениот нилски коњ. Во близина стоеше Ное, веднаш до еден куп дрва изделкани од мраз.

Потоа отидовме до една сцена од Еденската градина на која беше прикажан гревот на Адам и Ева. Следно, застанавме пред една огромна фигура што одвај чекавме да ја разгледаме одблизу: Мојсеј со двете плочи на Законот в рака. Што беше толку посебно кај оваа фигура што ни го привлече вниманието?

На ледените плочи не беа напишани Десетте заповеди туку тетраграматонот — Божјето лично име, Јехова! Бевме воодушевени кога видовме дека Божјето име, во својот хебрејски облик, е на толку истакнато место. Дури и на предната страница од проспектот за изложбата беше прикажана оваа фигура на Мојсеј, со впечатливиот тетраграматон во самиот центар. Ја изнасликавме оваа сцена. Во близина имаше статуа на теле што под светлото блескаше како да е од злато. Нѐ потсети на неморалното идолопоклонство во кое се впуштиле Израелците веднаш по избавувањето од Египет.

За жал, беше тешко да се распознаат ѕидните слики од снег на кои беа прикажани Јаков и Исав и Јосиф и фараонот. Некои ѕидни слики беа распаднати поради тоа што беа изложени пред околу 100.000 посетители во текот на првите три седмици од изложбата. Сепак, не беше така и со големата слика на која беше прикажан Самсон како ги разурнува столбовите во филистејскиот храм. На една друга сцена беше претставено како Делила му ја отсекува косата.

Беше прикажан и библискиот лик Давид, прво како го поразува Голијат, а потоа кога попуштил гледајќи ја Витсавеа како се капе. На еден друг дел беше претставено раѓањето на Исус. Беше поставено спроти сцената направена од снег на која беше прикажана Последната вечера.

Откако ги разгледавме сите овие скулптури, бевме премрзнати. Затоа, отидовме во кафетеријата во Холштајнската сала, веднаш до шаторот. На неколку екрани низ салата се прикажуваше како беа правени скулптурите.

Изработка на скулптурите

Од Белгија, со камиони, беа донесени 350 тони кристално чист мраз во блокови со големина 2 метри на 1 метар на 0,6 метри и беа наредени еден врз друг, во зависност од тоа колку големи требаше да бидат фигурите. Со снежни топови беа направени 200 тони снег, кои потоа беа ставени во огромни кутии. Со помош на моторни пили, длета, четки за заби и цевчиња за пиење, скулпторите ги трансформираа мразот и снегот во сцени од Библијата.

Според Јана Курбис, која беше одговорна за овој проект, главниот предизвик било да се создадат и да се одржуваат исправните климатски услови. Но, сиот труд што беше вложен во проектот беше многу ценет. Една жена извика: „Неверојатно!“ Еден човек рече дека изложбата е „навистина супер“. Меѓутоа, на жена му ѝ беше жал што не знаеше многу за Библијата.

Мнозина, вклучувајќи ги и малите, одеа од една на друга сцена читајќи го отпечатениот натпис во врска со податоците за прикажаните сцени од Библијата. Кога си заминавме од фестивалот, со себе не само што понесовме неколку исликани филма туку и трајни впечатоци за библиските приказни раскажани преку снег и мраз.

[Слика на страница 24]

Хебрејскиот облик на Божјето лично име, Јехова, беше прикажан на проспектот за изложбата

[Слика на страници 24 и 25]

Создавањето на Адам

[Слика на страница 25]

Самсон ги разурнува столбовите во филистејскиот храм

[Слика на страница 25]

Давид и Голијат

[Слика на страница 25]

Арката на Ное

[Извори на слики на страница 24]

Мојсеј од мраз: Фотографија на: Nils Bergmann; снегулка: snowcrystals.net; создавањето на Адам: Фотографија на: Nils Bergmann

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели