ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/11 стр. 18-20
  • Антарктик — континент во неволја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Антарктик — континент во неволја
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Намалување на ледниците
  • Осетлив континент — чекорете полека
  • Кој владее со Антарктик?
  • Антарктик — на крајот на светот
    Разбудете се! 2000
  • Библиски приказни раскажани преку мраз и снег
    Разбудете се! 2005
  • Содржина
    Разбудете се! 2000
Разбудете се! 2000
g00 8/11 стр. 18-20

Антарктик — континент во неволја

КОГА астронаутите ја гледаат Земјата од вселената, вели книгата Antarctica: The Last Continent (Антарктик: Последниот континент), најспецифично обележје на нашата планета е ледената капа на Антарктик. Таа „зрачи светлина како еден огромен бел фенер на дното на светот“, известиле астронаутите.

Со зафатнина од околу 30 милиони кубни километри лед, Антарктик е машина за производство на мраз во континентални размери. Снегот што паѓа врз овој континент се натрупува и создава мраз. Гравитацијата го турка мразот полека да се движи кон брегот, каде што се лизга во морето и формира масивни ледници. (Видете ја рамката на страница 18.)

Намалување на ледниците

Меѓутоа, во последниве години, заради забрзаното топење се намалија димензиите на повеќе ледници, а некои сосема исчезнаа. Еден извештај вели дека во 1995, 1.000 квадратни километри кои беа дел од Ларсеновиот ледник, долг 1.000 километри, пропаднаа и се раскршија на илјадници санти мраз.

Засега само Антарктичкиот полуостров е погоден од намалувањето на мразот. Во текот на изминативе 50 години, температурата на овој полуостров со облик на буквата Ѕ, кој е продолжение на планинскиот венец на Андите од Јужна Америка, се покачи за 2,5 Целзиусови степени. Како резултат на тоа, сега може да се плови околу островот Џејмс Рос, кој некогаш беше опкружен со мраз. Намалувањето на мразот предизвика и нагло зголемување на вегетацијата.

Бидејќи дојде до значително топење само во регионот на Антарктичкиот полуостров, некои научници не се убедени дека ова е знак на глобално загревање. Меѓутоа, според едно норвешко истражување, се намалува и мразот на Арктикот. (Бидејќи Северниот пол не се наоѓа на копно, голем дел од мразот на Арктик е морски мраз.) Едно истражување вели дека сите овие промени се вклопуваат во она што се предвидува дека ќе се случи како резултат на глобалното загревање.

Но, Антарктик не реагира само на температурните промени. Овој континент е опишан како „животен мотор кој управува со голем дел од нашата глобална клима“. Ако е така, тогаш натамошните промени на овој континент можат да влијаат врз идните временски шеми.

Во меѓувреме, во озонската обвивка на атмосферата високо над Антарктикот се создала една дупка која е двапати поголема од Европа. Озонот, еден облик на кислород, ја штити Земјата од штетното ултравиолетово зрачење кое е штетно за очите и предизвикува рак на кожата. Заради зголеменото зрачење, истражувачите на Антарктик мора да ја штитат кожата од сонцето, а за да ги заштитат очите мора да ставаат заштитни очила или очила за сонце кои се премачкани со специјален слој кој го одбива зрачењето. Само времето ќе покаже до кој степен е оштетен сезонскиот животински свет на Антарктикот.

Осетлив континент — чекорете полека

Горниот наслов би можел да биде соодветно добредојде за посетителите на Антарктик. Зошто? Според Австралискиот отсек за Антарктик, има неколку причини за тоа. Прво, заради едноставните еколошки односи на Антарктик, околината е многу осетлива на нарушувања. Второ, растенијата растат толку бавно што отпечатокот од стапалото што сте го оставиле врз некој мов може да се види дури и по десет години. Оштетените или ослабени растенија се оставени на милост и немилост на антарктичките силни ветрови, кои можат да ги уништат сите растителни колонии. Трето, заради екстремно ниските температури треба да поминат децении за да се разградат отпадните материи. Четврто, луѓето можат ненамерно да донесат микроскопски животни облици на овој изолиран, па затоа и ранлив континент. Конечно, местата кои сакаат да ги посетуваат туристите и научниците се крајбрежните подрачја — кои се најпогодни за животинскиот свет и за вегетацијата. Бидејќи овие подрачја опфаќаат само околу 2 процента од копното, лесно е да се види зошто Антарктик наскоро може да стане преполн со луѓе. Заради тоа се поставува прашањето: ‚Кој одржува ред на овој огромен континент?‘

Кој владее со Антарктик?

Иако седум земји полагаат право на дел од Антарктикот, овој континент како целина ја има уникатната карактеристика да нема ниту владетел ниту жители. „Антарктик е единствениот континент на земјата со кој целосно управува една меѓународна спогодба“, известува Австралискиот отсек за Антарктик.

Оваа спогодба, наречена Антарктички договор, ја потпишаа 12 влади и стапи на сила на 23 јуни 1961. Оттогаш, бројот на земјите-потписнички се зголеми на повеќе од 40. Целта на овој договор е „да се обезбеди, во интерес на целото човештво, Антарктик засекогаш да се користи само за мирољубиви цели и да не стане сцена или предмет на меѓународни спорови“.

Во јануари 1998 стапи на сила Протоколот за заштита на природната средина, во склоп на Антарктичкиот договор. Овој протокол забранува секакво рударство и експлоатација на рудното богатство на Антарктик најмалку 50 години. Исто така, го назначува овој континент и морските екосистеми кои зависат од него како „природен резерват кој е посветен на мирот и науката“. Забранети се воени активности, проби со оружје и фрлање нуклеарен отпад. Забранети се дури и кучиња кои влечат санки.

Антарктичкиот договор е поздравен како „пример на меѓународна соработка без преседан“. Меѓутоа, сѐ уште има многу проблеми кои треба да се решат, вклучувајќи го и суверенитетот. На пример, кој ќе го спроведе договорот, и како? И како нациите-потписнички ќе се справат со брзиот пораст на туризмот — кој е потенцијална закана за осетливата екологија на Антарктикот? Во последниве години, повеќе од 7.000 туристи годишно го посетиле Антарктик со брод, а се очекува оваа бројка наскоро да се зголеми.

Во иднина можат да се појават и други предизвици. На пример, што ако научниците пронајдат наслаги од некој скапоцен минерал или нафта? Дали договорот ќе ја спречи комерцијалната експлоатација и загадувањето кое честопати следи после тоа? Договорите можат да се променат, а Антарктичкиот договор не е исклучок. Всушност, член 12 остава простор за тој да биде „променет или дополнет во секое време со едногласна согласност на странките кои се вклучени во договорот“.

Се разбира, ниеден договор не може да го заштити Антарктик од отпадните материи на овој современ, индустријализиран свет. Каква штета ќе биде ако прекрасниот „бел фенер“ на дното на Земјината топка биде замрачен од далекосежните ефекти на човечката алчност и незнаење! Да му се нанесе штета на Антарктикот значи да му се нанесе штета на целото човештво. Ако можеме да научиме нешто од Антарктик, тоа е дека целата земја — исто како човечкото тело — е еден меѓусебно поврзан систем, кој е совршено координиран од Творецот за да го одржува животот и за да уживаме во него.

[Рамка/слика на страница 18]

ШТО Е ЛЕДНИК?

Високо во внатрешноста на Антарктикот, ледените потоци кои настануваат од снегот што паѓа се движат кон брегот — според најновите фотографии на сателитскиот радар, некои се движат со брзина од речиси еден километар годишно. Многу од овие ледени потоци се спојуваат како притоки, формирајќи големи ледени реки. Кога ќе дојдат до морето, овие замрзнати реки пливаат во водата и формираат ледници, од кои најголем е Росовиот ледник (прикажан овде). Тој настанал од најмалку седум ледени потоци или глечери, голем е колку Франција и на некои места е дебел скоро еден километар.a

Во нормални услови, ледниците не се повлекуваат. Додека глечерите носат уште мраз во ледникот, надворешните делови на ледникот се туркаат уште повеќе кон морето, исто како што се истиснува паста за заби од туба. Таму огромните парчиња на крајот се раскршуваат (процес наречен цепење) и овие отцепени парчиња ги формираат ледените брегови. Некои ледени брегови се „големи 13.000 квадратни километри“, вели The World Book Encyclopedia. Но, последниве години, цепењето се забрза и ледниците се повлекоа, а некои сосема исчезнаа. Сепак, ова не го подигна морското ниво. Зошто? Затоа што ледниците веќе пловат на површината и нивната тежина ја истиснува водата. Но, ако се стопи мразот на антарктичкото копно, тоа би било како во морето да се испразни резервоар од 30 милиони кубни километри вода! Тогаш морското ниво би се подигнало за 65 метри!

[Фуснота]

a Ледниците не треба да се мешаат со сантите мраз. Сантите мраз на почетокот претставуваат ледени плочи кои се создаваат во морето во текот на зимата, кога ќе замрзне површината на водата. Потоа, овие плочи се спојуваат и формираат санти мраз. Во лето се случува обратното. Ледените брегови не настануваат од санти мраз туку од ледници.

[Слика]

Од Росовиот ледник се отцепуваат масивни блокови мраз. На ова место ледникот се издигнува околу 65 метри над морското ниво

[Извор на слика]

Tui De Roy

[Слика на страница 20]

Младенче на Веделова фока

[Извор на слика]

Фотографија: Commander John Bortniak, NOAA Corps

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели