ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/2 стр. 31
  • Обиди да се истера Ватикан од ОН

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Обиди да се истера Ватикан од ОН
  • Разбудете се! 2001
  • Сличен материјал
  • Папата во посета на ОН — што е постигнато?
    Разбудете се! 1996
  • Зошто е скапоцен Ватиканскиот кодекс?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Разоткриена е една застрашувачка тајна
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Се менува лицето на жртвите на војната
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2001
g01 8/2 стр. 31

Обиди да се истера Ватикан од ОН

НОВИНАРСКАТА агенција Inter Press Service (IPS), со седиште во Рим, извести дека „една меѓународна коалиција од повеќе од 70 невладини организации покрена глобална кампања за да се истера Ватикан од Обединетите нации“. Во моментов, Ватикан е постојан набљудувач, односно држава која не е членка на организацијата на ОН. Ватикан го има овој статус од 1964 година.

Зошто оваа група невладини организации, која до крајот на април 1999 броеше 100 организации во целиот свет, приговара на статусот на Ватикан во ОН? Затоа што Ватикан, аргументираат овие невладини организации, е религиозна власт а не политичка држава. Франсис Кислинг, претседател на католиците за Слободен избор, изјави за IPS дека оваа коалиција нема ништо против правото на Ватикан да го изразува своето гледиште, но „она што е спорно е правото на оваа не-држава да има иста положба како владите“.

Аника Раман, директор на Меѓународните програми при Центарот за закон и политика на репродукција, се согласува со ова. IPS ги цитираше нејзините зборови дека „ако ОН ја третира Светата Столица како држава со привилегии на постојан набљудувач заради нејзината религиозна власт, тогаш Обединетите нации ќе постават преседан за слични барања и на други религии“. Таа додала: „За да се гарантира дека Обединетите нации не промовираат ниедна конкретна религија, на религиозните ентитети како што е Римокатоличката црква не треба да им биде дозволено да учествуваат на овој форум како држава која не е членка“.

Но, што е со аргументот дека Ватикан е држава и дека затоа има право на сегашниот статус? „Ова е игра на зборови“, одговори г-ѓа Кислинг во едно интервју. „Ние велиме дека ова, всушност, е дефиниција од 15 век за тоа што е држава и дека Светата Столица, всушност, е владејачка структура на религијата“. Таа додала дека термините „Ватикан“ и „Светата Столица“ се „синоними за Римокатоличката црква“.

Голем дел од огорченоста на невладините организации кон моменталниот статус на Ватикан во ОН е предизвикан од гледиштето на Ватикан за прашања поврзани со населението. На пример, Ватикан ги користеше конференциите на ОН, како што беше Меѓународната конференција за население и развој одржана во Каиро во 1994 и Конференцијата на жените одржана во Пекинг во 1995, за да ги изрази своите строги гледишта против планирањето на семејството. „Бидејќи ОН ги донесува повеќето свои одлуки со консензус“, забележува IPS, „гласовите ‚против‘, како што беа оние на Ватикан, ги исфрлија од колосек преговорите за прашањата во врска со населението, контрацепцијата, правата на жените и здравствената заштита поврзана со репродукцијата“.

Според г-ѓа Кислинг, „соодветната улога на Ватикан е иста како и улогата на невладините организации — како што е случај и со сите други невладини организации кои ги претставуваат муслиманите, хиндусите, будистите, бахаите и другите религиозни организации“. Оваа коалиција бара генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, и на крајот Генералното собрание на ОН, подробно да го разгледаат местото што го зазема Ватикан во најголемото политичко тело во светот.

[Слики на страница 31]

Службено лице од Ватикан се обраќа на ОН

[Извори на слики]

UN/DPI Photo by Sophie Paris

UN photo 143-936/J. Isaac

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели