ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/2 стр. 21-23
  • Виенското омилено џиновско тркало

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Виенското омилено џиновско тркало
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Првата панорама
  • Џиновското тркало пристигнува во Виена
  • Подемите и падовите на џиновското тркало
  • Премореност — невидена стапица за камионџиите
    Разбудете се! 1997
  • Здрава забава на две тркала
    Разбудете се! 2002
  • Вистински учења — каде да се најдат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Храбриот Давид
    Поучете ги своите деца
Разбудете се! 2002
g02 8/2 стр. 21-23

Виенското омилено џиновско тркало

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО АВСТРИЈА

ЖИВОПИСНИОТ град Виена се протега во преден план, а во далечината се издигаат височините на виенските шуми. Сцената е толку совршено поставена што во воздухот речиси можете да ги чуете ритмичките звуци на Штраусовите валцери. Еден млад човек намерно го одбрал овој амбиент, но сега со мака го смируваа своето растреперено срце додека ѝ предлага брак на својата сакана. Тие се наоѓаат 60 метри над земја. Како тоа? Тој не е првиот и сигурно нема да биде ни последниот што ќе го посети виенското омилено Ризенрад, односно џиновско тркало, во една таква посебна прилика.

Џиновското тркало, кое се наоѓа во еден голем парк во Виена наречен Пратер, е ценето обележје на овој град повеќе од 100 години. ‚Ќе ја запознаете Виена само кога ќе ја видите од џиновското тркало‘, објавува поканата што е поставена на влезот на оваа атракција. Но, неговото постоење — подолго од сите други панорами во светот — не поминало без тешкотии. Како настанал овој челичен великан? Како ги преживеал бурите на времето?

Првата панорама

За да ја откриеме историјата на џиновското тркало, мора да се вратиме во 19 век и во индустриската револуција. Во тоа време челикот станал омилен индустриски градежен материјал. Челични скелети со смели дизајни се подигале во различни престолнини во светот — челично-стаклената Кристална палата во Лондон, Палм Хауз во Виена и Ајфеловата кула во Париз. Меѓутоа, најистакнат град со ваква архитектура бил Чикаго, и токму таму, на Светскиот саем во 1893, американскиот инженер Џорџ Ферис го конструирал првото џиновско тркало.

Сензационалното тркало на Ферис имало дијаметар од 76 метри и носело 36 вагони, од кои секој можел да прими 40 патници во воздух на едно величествено 20-минутно разгледување на Чикаго и неговата околина. За многу посетители на саемот, тоа сигурно било најнезаборавната атракција. Но, панорамата во Чикаго со текот на времето повеќе не била интересна и откако била двапати преместена, во 1906 ја демонтирале за отпадно железо. Меѓутоа, идејата за џиновско тркало веќе почнала да ја потпалува фантазијата на некои други места.

Џиновското тркало пристигнува во Виена

Воодушевеноста од џиновското тркало во Чикаго очигледно била многу голема во мислите на Волтер Басет, инженер и пензиониран британски офицер на воената морнарица. Во 1894 започнал да конструира едно големо тркало што требало да се подигне во Ерлс Корт во Лондон, а подоцна направил други тркала во Блекпул (Англија) и во Париз. Во меѓувреме, виенскиот преземач Габор Штајнер барал некоја нова атракција за Виена. Еден ден, некој претставник на Волтер Басет му предложил на Штајнер да бидат партнери во подигањето џиновско тркало во Виена. Овие луѓе веднаш се согласиле и нашле соодветно место за новата сензација од Англија. Но, како да се добие градежна дозвола?

Кога Штајнер ги поднел на разгледување своите градежни планови, еден службеник погледнал во плановите, повторно погледнал во Штајнер, а потоа повторно во плановите. Тогаш ја затресол главата и прашал: „Дали навистина мислите, г-не директоре, дека ќе најдете некој што ќе Ви дозволи да го изградите ова чудовиште и што ќе ја прифати одговорноста за него?“ Штајнер се бранел: „Но, вакви тркала има во Лондон и во Блекпул и функционираат без никакви проблеми!“ Службеникот не дозволил да биде убеден. „Англичаните можат да прават што сакаат“, одговорил тој, „но јас нема да си ја ризикувам главата.“ Незаплашен, Штајнер бил упорен и конечно добил дозвола за градба.

Самото подигање на оваа џиновска челична структура било нешто сензационално. Љубопитните набљудувачи секојдневно се собирале на градилиштето за да разменуваат мислења за неговиот напредок. Откако поминале само осум месеци, сѐ било завршено. На 21 јуни 1897, последните удари со чеканот ги направила Леди Хорас Рамболд, сопруга на англискиот амбасадор во виенскиот двор. По неколку дена, џиновското тркало почнало да функционира. Како што подоцна раскажувал Штајнер: „Сите биле воодушевени, а шалтерите за билети биле преполни“.

Подемите и падовите на џиновското тркало

Надвојводата Франц Фердинанд, престолонаследник на австро-унгарската круна, уживал да ја разгледува престолнината на империјата од врвот на џиновското тркало. Неговиот атентат во јуни 1914 — што бил повод за I светска војна — се одразил и врз џиновското тркало. Не само што било лишено од својот прочуен гостин туку било затворено за јавноста кога станало воена посматрачница. Џиновското тркало повторно проработело во мај 1915. Меѓутоа, во тоа време во земјата настапила криза за железо, а на видикот на секој стоело џиновското тркало, чекајќи да биде демонтирано! Во 1919 тркалото му било продадено на еден трговец од Прага, кој требало да го демонтира за три месеци. Но, демонтирањето на комплицираната структура било поскапо од вредноста на железото. На тој начин веќе прочуеното обележје за влакно избегнало ‚смртна казна‘ и продолжило да ја забавува благодарната публика.

Војната и падот на Австро-унгарската монархија довеле до големи промени во Виена. Во 1930-тите, економијата се влошила а политичката ситуација станала нестабилна. Штајнер, кој некогаш бил славен човек, морал да бега затоа што имал еврејско потекло. Сепак, во 1939 и 1940, џиновското тркало имало рекорден број муштерии. Втората светска војна, која избила во меѓувреме, изгледа дека ги втурнала луѓето во лудило по забава. Но, во септември 1944, низ градот се раширила една панична вест — џиновското тркало било во оган! Краток спој од соседниот тобоган започнал оган што преминал и на џиновското тркало, уништувајќи шест негови вагони. Но, најлошото допрва требало да се случи.

Во април 1945, во последните денови на II светска војна, тркалото повторно било во оган. Овој пат изгореле сите 30 вагони заедно со контролниот центар. Единственото нешто што останало била изгорената железна рамка на тркалото. Но, дури и ова не го означило крајот на ова тркало. Додека циглите на куќите лежеле разурнати по војната, џиновското тркало, иако само во облик на челичен скелет, пркосно стоело. Повторно се утврдило дека демонтирањето ќе биде прескапо. Имало ли друга алтернатива?

Да! Повторно било поправено, иако од безбедносни причини бил заменет само секој втор вагон. Од мај 1947 па сѐ до денес, тоа постојано ги врти своите кругови, полека носејќи ги горе-долу своите восхитени патници. Преку филмови како што е The Third Man (Третиот човек), со неговата незаборавна музика што се свирела на цитра, џиновското тркало станало прочуено и надвор од Виена.

Виенското џиновско тркало преживеало, додека оние што биле подигнати први во Чикаго, Лондон, Блекпул и Париз станале старо железо. Тоа стои како сведок за силната волја на повоената генерација повторно да гради и станало симбол на Виена. Ако некогаш појдете во Виена, сигурно ќе сакате да се повозите на џиновското тркало. Додека сте таму, можеби ќе здогледате и некој стар човек како им кажува на своите внуци дека, високо на врвот на џиновското тркало, се обидел да го смири своето растреперено срце кога баба им се согласила да се ожени за него.

[Рамка/слика на страница 21]

РИЗЕНРАД (ЏИНОВСКО ТРКАЛО)

Изградба: 1897

Височина: 64,75 метри

Дијаметар на тркалото: 60,96 метри

Тежина на тркалото: 245 тони

Тежина на целата железна конструкција: 430 тони

Брзина: 2,7 километри на час

[Извор на слика]

Извор: Виенската панорама, од Хелмут Јан и Петер Петрич, 1989, страница 39

[Слика на страница 23]

Поглед на североисточниот дел на Виена од џиновското тркало

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели