ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/3 стр. 30
  • Набљудување на светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Набљудување на светот
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Водата од шише против водата од чешма
  • „Верувате ли во ангели?“
  • „Клима-уред на снег“
  • Сокот од грејпфрут и лековите
  • Убиец број еден
  • Како да се биде среќен
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2008
  • Извор на вода што донесува вечен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Заштити го твоето дете од порнографија
    Совети за семејствата
  • Криза за вода — какви мерки се преземаат?
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/3 стр. 30

Набљудување на светот

Водата од шише против водата од чешма

„Водата од шише е толку популарна што во светот се произведуваат повеќе од 700 марки вода“, известува The New York Times. Сепак, „во многу случаи единствената разлика помеѓу скапата вода од шише и водата од чешма е амбалажата“. Како што истакнува Светскиот фонд за природата (WWF), „во многу земји водата од шише не е побезбедна или поздрава од водата од чешма, иако се продава 1.000 пати поскапо“. Со употреба на вода од чешма не само што се заштедуваат пари туку ѝ се помага и на животната средина, со оглед на тоа што секоја година се користат 1,5 милиони тони пластика за шишињата за вода, а „токсичните хемикалии што се ослободуваат при производството и при фрлањето на шишињата може да испуштаат гасови што придонесуваат за промени во климата“. Според д-р Бикшам Гуџа, шеф на Меѓународната програма за чиста вода при WWF, „во Европа и во Соединетите Држави има повеќе норми што ја регулираат водата од чешма отколку норми што се применуваат на индустријата за вода од шишиња“.

„Верувате ли во ангели?“

Горенаведеново прашање, кое им било поставено на повеќе од 500 жители на Квебек, го одговориле потврдно 66 проценти од анкетираните. Како што извести канадскиот Le Journal de Montrèal, еден истражувач смета дека раширеното верување во натприродното се должи не само на римокатолицизмот туку и на силното будистичко влијание во таа покраина. Сепак, социологот Мартин Жефра е изненаден што само една третина од анкетираните признале дека веруваат во Ѓаволот. „Тоа што ме вознемирува е позитивизмот“, вели тој. „Веруваме во ангели, но не и во Ѓаволот. Го отфрламе негативното.“

„Клима-уред на снег“

Снегот се користи како нов извор на енергија во текот на летото, известува јапонскиот Asahi Evening News. Градот Бибаи на Хокаидо (северна Јапонија) има куси, жешки лета и многу снег во зима. Наместо да го ријат снегот, работниците го собираат во складишта. Потоа, за време на летото, „се пушта воздух во еден голем ладилник полн со снег пред да се ослободи како студен воздух, слично на оној што се користи во ладилниците“, пишува во весникот. Студениот воздух се користи за да се ладат зградите опремени со „клима-уреди на снег“, специјални разладни системи на база на снег. Додатна корист е тоа што складиштата полни со снег имаат високо ниво на влажност, што помага да се прочисти воздухот со апсорбирање на честичките прав и на миризбите.

Сокот од грејпфрут и лековите

Земањето лекови со сок од грејпфрут може да го зголеми „ризикот од несакани последици и, во некои случаи, [да предизвика] сериозни реакции“, известува UC Berkeley Wellness Letter. Првенствено станува збор за некои лекарства за намалување на холестеролот, лекарствата за висок крвен притисок познати како блокатори на калциумовите канали и извесни средства за смирување. Меѓутоа, интересно е тоа што сите луѓе не реагираат негативно на оваа мешавина и сите сокови од грејпфрут не предизвикуваат проблем. „Ако земате лекарства и пиете сок од грејпфрут“, вели Wellness Letter, „распрашајте се кај аптекарот за можните реакции.“

Убиец број еден

„Алкохолот убива 55.000 млади годишно“, известува францускиот дневен весник Le Figaro. Според Светската здравствена организација (СЗО), алкохолот е убиец број еден на мажите во Европа на возраст од 15—29 години и тој е еден од факторите во 25 проценти од сите смртни случаи. Ова вклучува смрт од „пијанство, од сообраќајни несреќи, самоубиства и убиства“, вели овој весник. Ситуацијата е особено лоша во некои источноевропски земји, каде што „една третина млади мажи се осудени да умрат во блиска иднина како резултат на претерана употреба на алкохол“. На една конференција во Стокхолм (Шведска), д-р Гро Харлем Брунтлан, генерален директор на СЗО, го осудил агресивниот маркетинг на произведувачите на алкохол, заради кој на младите им станува сѐ потешко да стекнат „урамнотежено и здраво гледишта за алкохолот“.

Како да се биде среќен

„Клучот за исполнет живот не е во зголемувањето на сметката в банка. Всушност, богатството, популарноста и влијателноста воопшто не се начин да се биде задоволен“, како што покажува новото истражување на психолозите. Кенон Шелдон од универзитетот Мисури-Колумбија, во Соединетите Држави, вели: „Во западните култури, многу реклами сугерираат дека треба да бидеме убави, популарни и богати. Со тоа пазарот може да биде успешен, но оние што се заглавени во него не се најсреќните луѓе“. Како што е известено во The Independent од Лондон, едно истражување на повеќе од 700 студенти открило дека, според студентите, „самопочитта“ и „блискоста со другите“ се најважни фактори за да се биде среќен. Парите биле најретко спомнувани како причина за среќа. Верувањето дека „,оние што мислат дека парите не можат да купат среќа не знаат каде да купуваат‘ е побиено“, вели овој весник.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели