ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/6 стр. 5-7
  • Зошто да се биде учител?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се биде учител?
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што го мотивира учителот?
  • Поучување — цената и ризиците
    Разбудете се! 2002
  • Како да најдам заеднички јазик со наставникот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Учители — зошто ни се потребни?
    Разбудете се! 2002
  • Поучување — задоволството и радоста
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/6 стр. 5-7

Зошто да се биде учител?

„Повеќето учители ја избираат својата професија затоа што е професија со која им се помага на другите. [Поучувањето значи] да се посветите на тоа да внесете промена во животот на децата“ (Teachers, Schools, and Society — Учителите, училиштата и општеството).

ИАКО некои учители оставаат впечаток дека е лесно, поучувањето може да преставува маратон со пречки — справување со преголеми одделенија, премногу пишување, премногу формалности, невнимателни ученици и несоодветна плата. Педро, учител од Мадрид (Шпанија), го рекол следново: „Воопшто не е лесно да се биде учител. Тоа бара голема самопожртвуваност. Меѓутоа, и покрај тешкотиите, сепак сметам дека е подобро да се биде учител отколку да се работи во комерцијалниот свет“.

Предизвикот може да биде неподнослив во училиштата на големите градови во повеќето земји. Дрогата, криминалот, лабавиот морал и, понекогаш, рамнодушноста на родителите сериозно влијаат врз атмосферата и дисциплината во училиштата. Бунтовниот став е вообичаен. Тогаш, зошто толку многу квалификувани луѓе одлучуваат да бидат учители?

Лимариз и Дајана се учителки во Њујорк Сити. Тие работат со деца од предучилишна до десетгодишна возраст. Двете зборуваат два јазика (англиски и шпански) и работат главно со деца од латиноамериканско потекло. Им го поставивме прашањето . . .

Што го мотивира учителот?

Лимариз вели: „Што ме мотивира мене? Љубовта кон децата. Знам дека за некои деца јас сум единствената што им помага во нивните напори“.

Дајана вели: „Го подучував мојот осумгодишен внук, кој имаше проблеми со учењето — особено со читањето. Се чувствував прекрасно кога ќе го видев него и другите како успеваат во учењето! Затоа одлучив да бидам учителка и дадов отказ во банката“.

Разбудете се! им ги постави истите прашања на учители во неколку земји и следат некои од добиените одговори.

Џулијано, Италијанец во своите 40-ти години, објаснува: „Ја избрав оваа професија затоа што бев фасциниран од неа кога бев ученик (десно). Сметав дека е креативна и многу инспиративна. Мојата почетна воодушевеност ми помогна да ги надминам тешкотиите што ги доживеав во почетокот на мојата кариера“.

Ник, од Нов Јужен Велс (Австралија), вели: „Немав големи изгледи да се вработам по струка на полето на истражувања во областа на хемијата, но имаше многу прилики во образованието. Оттогаш открив дека уживам да предавам, а изгледа дека и учениците уживаат додека им предавам“.

Родителскиот пример честопати бил главен фактор за оние што избрале да бидат учители. Вилијам, од Кенија, го даде следниов одговор на нашите прашања: „Врз мојата желба да бидам учител во голема мера влијаеше татко ми, кој беше учител во 1952. Сознанието дека го обликувам умот на младите луѓе е еден фактор што ме натера да останам во оваа професија“.

Розмари, исто така од Кенија, ни рече: „Отсекогаш имав желба да им помагам на сиромашните луѓе. Затоа стоев пред избор да бидам или медицинска сестра или учителка. Понудата да бидам учителка дојде прва. Тоа што сум и мајка ја зголеми мојата љубов кон оваа професија“.

Бертолт, од Дирен (Германија), станал учител од еден поинаков мотив: „Мојата сопруга ме убеди дека ќе бидам добар учител“. Се покажа дека била во право. Тој додава: „Сега мојата професија ми причинува голема радост. Ако учителот не е уверен во тоа колку вреди образованието и не е заинтересиран за младите, невозможно е да стане добар, успешен, мотивиран и задоволен учител“.

Масахиро, наставник од Накацу (Јапонија), вели: „Она што ме поттикна да бидам наставник беше тоа што и самиот имав прекрасен професор во прва година од средно училиште. Тој беше навистина посветен да нѐ научи. А главната причина зошто продолжив со мојата професија е тоа што ги сакам децата“.

Јошија, кој сега има 54 години и исто така е од Јапонија, имал добро платена работа во фабрика, но се чувствувал како роб на фабриката и на секојдневното патување. „Еден ден си помислив: ‚До кога ќе продолжам со ваков живот?‘ Одлучив да побарам работа што е повеќе поврзана со луѓе отколку со предмети. Поучувањето е нешто посебно. Работите со млади луѓе. Тоа е хумано.“

Валентина, од Санкт Петерсбург (Русија), исто така ја цени таа страна на учителската професијата. Таа вели: „Поучувањето е кариера што ја избрав сама. Веќе 37 години сум наставничка во основно училиште. Уживам да работам со деца, особено со помладите. Си ја сакам работата и затоа сѐ уште не сум во пензија“.

Писателот Вилијам Ејерс, кој и самиот е учител, напишал: „Луѓето се привлечени кон поучувањето затоа што ги сакаат децата и младите или затоа што сакаат да бидат со нив, да гледаат како се развиваат, растат и стануваат поспособни, повешти и посилни во светот . . . Луѓето поучуваат . . . подарувајќи им се себеси на другите. Поучувам со надеж дека светот ќе го направам поубаво место“.

Да, и покрај тешкотиите и проблемите, илјадници предадени жени и мажи се привлечени кон учителската професија. Кои се некои поголеми предизвици со кои се соочуваат? Следната статија ќе го разгледа тоа прашање.

[Рамка на страница 6]

Предлози за комуникација учител—родител

✔ Запознајте ги родителите. Тоа не е губење време туку корисно инвестирање време од двете страни. Тоа е прилика да се поврзете со оние што можат да Ви бидат најдобри соработници.

✔ Зборувајте на ниво на родителот — не го гледајте од високо и не правете се важни. Избегнувајте ја терминологијата на наставниците.

✔ Кога зборувате за децата, истакнете го позитивното кај нив. Со пофалба се постигнува повеќе отколку со осудување. Објаснете што можат да сторат родителите за да му помогнат на детето да успее.

✔ Дозволете родителите да зборуваат и вистински слушајте.

✔ Разберете ја домашната средина на детето. Ако е можно, појдете кај него дома.

✔ Одредете датум за следната консултација. Важно е да се држите на закажаното. Таа покажува дека искрено се интересирате (Засновано на Teaching in America — Да се биде учител во Америка).

[Слика на страница 6]

‚И татко ми беше учител‘ (ВИЛИЈАМ, КЕНИЈА).

[Слика на страница 7]

„Уживам да работам со деца“ (ВАЛЕНТИНА, РУСИЈА).

[Слики на страница 7]

„Поучувањето е нешто посебно. Работите со млади луѓе“ (ЈОШИЈА, ЈАПОНИЈА).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели