ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/6 стр. 12-13
  • Поучување — задоволството и радоста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поучување — задоволството и радоста
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Сте им се заблагодариле ли на своите учители?
  • Поучување — цената и ризиците
    Разбудете се! 2002
  • Зошто да се биде учител?
    Разбудете се! 2002
  • Како да најдам заеднички јазик со наставникот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Учители — зошто ни се потребни?
    Разбудете се! 2002
Разбудете се! 2002
g02 8/6 стр. 12-13

Поучување — задоволството и радоста

„Што ми дава сила да продолжам? Иако наставната работа може да биде тешка и да ме исцрпи, кога гледам како децата се возбудени што научиле нешто и кога го гледам нивниот напредок, тоа ме мотивира да продолжам“ (Лимариз, учителка од Њујорк Сити).

И ПОКРАЈ сите предизвици, неуспеси и разочарувања, милиони учители во светот истрајуваат во професијата што ја избрале. А што мотивира илјадници ученици да се стремат да се квалификуваат да бидат учители кога знаат дека можеби нема да добијат соодветно признание? Што им дава сила да продолжат?

Ина, учителка од Русија, објаснува: „Прекрасно искуство е да ги видиш своите поранешни ученици како возрасни луѓе, да ги чуеш како изјавуваат дека она што го научиле од тебе вредело. Многу е охрабрувачки кога ќе речат дека имаат убави спомени од годините што ги минале со тебе“.

Џулијано, учителот цитиран во претходните статии, рече: „Едно од најголемите задоволства е сознанието дека си успеал да го поттикнеш интересот на учениците за некоја тема. На пример, откако објаснив еден настан од историјата, некои ученици рекоа: ‚Не прекинувајте. Кажувајте ни уште!‘ Ваквите спонтани изрази можат да разведрат едно сиво утро на училиште затоа што сфаќате дека кај младите сте побудиле емоции што се сосема нови за нив. Прекрасно е кога ќе видите како им блескаат очите затоа што разбрале некоја тема“.

Елена, учителка од Италија, изјави: „Мислам дека задоволството почесто се наоѓа во малите секојдневни работи, во ситните успеси на учениците, наместо во огромните резултати, кои ретко се постигнуваат“.

Кони, Австралијанка во своите рани 30-ти години, вели: „Многу е наградувачки кога некој ученик со кого сте работеле ќе најде време да Ви напише писмо во кое изразува ценење за Вашите напори“.

Оскар, од Мендоса (Аргентина), го кажа истото: „Имам чувство дека сѐ вредело кога моите ученици ќе ме сретнат на улица или на некое друго место и ќе покажат ценење за она што сум ги учел“. Анхел, од Мадрид (Шпанија), вели: „Најголемо задоволство за мене, што сум посветил дел од мојот живот на оваа прекрасна но тешка професија, несомнено е тоа што гледам млади луѓе што сум ги учел како стануваат чесни мажи и жени, делумно како резултат на моите напори“.

Лимариз, цитирана во почетокот, рече: „Навистина мислам дека учителите се нешто посебно. Исто така, малку сме луди што сме презеле толку голема одговорност. Но, ако можете да внесете промена — сеедно дали кај десет деца или само кај едно — добро сте ја завршиле работата и нема поубаво чувство до тоа. Тоа го правите со радост“.

Сте им се заблагодариле ли на своите учители?

Дали Вие, како ученик или како родител, некогаш сте му се заблагодариле на некој учител за времето, напорот и интересот што ги покажал? Дали сте му испратиле барем картичка или писмо изразувајќи му благодарност? Артур од Најроби (Кенија), кажал една основана мисла: „И на наставниците им е потребна пофалба. Владата, родителите и учениците треба да имаат високо ценење за нив и за нивната работа“.

Авторката и наставничка Луан Џонсон напишала: „На секое негативно писмо што ќе го добијам за некој учител, добивам сто позитивни писма, и тоа го потврдува моето уверување дека има многу повеќе добри отколку лоши учители“. Интересно, многу луѓе најмуваат детектив „за да им помогне да пронајдат некој поранешен учител. Луѓето сакаат да ги најдат своите учители и да им се заблагодарат“.

Учителите го положуваат најбитниот темел за образованието на една личност. Дури и најдобрите професори на најугледните универзитети им се должни на учителите што одвојувале време и напор да ја поттикнат и да ја негуваат нивната желба за образование, спознание и разбирање. Артур, од Најроби, вели: „Сите видни лица во јавниот и во приватниот сектор ги учел некој учител во извесен период од нивниот живот“.

Колку само треба да им бидеме благодарни на тие мажи и жени што ја подбудиле нашата љубопитност, ни го поттикнале умот и срцето, ни покажале како да ја задоволиме нашата жед за спознание и разбирање!

Колку само уште поблагодарни треба да му бидеме на Големиот Воспитувач, Јехова Бог, кој ги инспирирал зборовите од Пословици 2:1—6: „Сине мој, ако ги примиш моите зборови и ги запазиш моите заповеди во себе, и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот; да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста; ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште — тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот“.

Забележи го условниот збор „ако“ што се појавува трипати во овој текст што поттикнува на размислување. Замислете, ако сме спремни да го прифатиме тој предизвик, ќе можеме да го ‚најдеме знаењето за Бога‘! Тоа сигурно е најдоброто образование што постои.

[Рамка на страница 13]

Среќен родител

Еден учител од Њујорк го добил следново писмо:

„Би сакала да Ви се заблагодарам од длабочината на моето срце и душа за она што го направивте за моите деца. Со Вашата грижа, љубезност и вештини им помогнавте да постигнат голем успех и сигурна сум дека никогаш немаше да ги постигнат да не бевте Вие. Помогнавте да се гордеам со моите деца — искуство што никогаш нема да го заборавам. Искрено, С.Б.“

Познавате ли некој учител што би можеле да го охрабрите?

[Слика на страница 12]

‚Прекрасно е кога ќе видите како им блескаат очите на учениците затоа што разбрале некоја тема‘ (ЏУЛИЈАНО, ИТАЛИЈА).

[Слики на страница 13]

‚Многу е наградувачки кога некој ученик ќе најде време да Ви напише писмо во кое изразува ценење‘ (КОНИ, АВСТРАЛИЈА).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели