Дојдете, чујте го јавното предавање
„Се менува сцената на овој свет“
ЖИВЕЕМЕ ВО БУРНИ ВРЕМИЊА. Се чини дека настани што го потресуваат светот се одигруваат еден по друг со забрзано темпо. Дали некогаш се чувствувате преоптоварени и збунети од сето тоа — што сѐ околу Вас се менува премногу брзо?
Библијата ја содржи следнава остроумна забелешка во врска со човечките работи: „Се менува сцената на овој свет“ (1. Коринќаните 7:31). Апостол Павле, кој ги напишал овие зборови, ги споредил светските настани со менувањето на сцените на бината на некој театар. Во текот на историјата, светски водачи и иноватори се појавувале и исчезнувале од светската сцена и секогаш одново некои нови ги заменувале старите. Но, во нашево време — особено од пресудната 1914 година — се чини дека овој процес се забрзал.
Сепак, дали сте знаеле дека овие светски неволји — дури и оние што се случија неодамна — значат и добра вест за човештвото? Да, тие всушност претставуваат доказ дека светската сцена наскоро ќе се промени на подобро. Уште одамна Библијата ги претскажала тешките неволји на нашево време. Исто така, таа објаснува дека сиот тој немир е само вовед во најголемата промена што некогаш го снашла човечкото општество. Овој претстоен пресврт, колку и да звучи заплашувачки, навистина е најдобрата вест за луѓето со добри срца, каде и да се. Сцената на овој свет ќе се промени во сцена на мир и среќа за човечката фамилија.
Би сакале ли да дознаете нешто повеќе за овие промени и за тоа како ги објаснува Библијата? Срдечно сте поканети да присуствувате на јавното предавање со наслов „Се менува сцената на овој свет“ што ќе се одржи на обласните конгреси на Јеховините сведоци, кои ќе започнат овој месец. Овие конгреси ќе се одржат на стотици локации во целиот свет. За да дознаете кога ќе се одржи конгресот во Вашето место, Ве молиме, контактирајте со Јеховините сведоци во Вашето место или проверете во изданието на придружното списание Стражарска кула од 15 февруари 2002.
[Слика на страница 32]
Атомска бомба ја погодува Хирошима, 1945
[Извор на слика]
USAF photo
[Слика на страница 32]
Паѓа Берлинскиот ѕид, 1989
[Извор на слика]
AP Photo/Lionel Cironneau
[Слика на страница 32]
Терористи го напаѓаат Светскиот трговски центар во Њујорк, 2001