Затоплувањето го намалува ризикот од инфекција
РИЗИКОТ ОД ИНФЕКЦИЈА НА РАНАТА ПО ОПЕРАЦИЈАТА е сеприсутен проблем. Меѓутоа, „затоплувањето на пациентите пред рутинската операција може да го намали ризикот од инфекција за повеќе од 60 проценти“, известува The Times од Лондон.
Истражувачите на Болничкиот универзитет во Норт Тис (Англија), поделиле во три групи повеќе од 400 пациенти на кои требало да им се изврши операција на градите, операција на проширени вени или херниа. Пациентите од едната група не биле затоплувани, а кај другите две групи било извршено или локално или целосно затоплување најмалку половина час пред операцијата. Каков бил резултатот?
По операцијата, само 5 проценти од затоплените пациенти имале инфекција на раната, во споредба со 14 проценти од оние што не биле затоплени. Треба да се забележи дека затоплувањето веќе се покажало ефикасно во намалувањето на стапката на инфекции кај пациентите што имале операција на дебелото црево.