Јеховините сведоци помагаат во напредокот на срцевата хирургија
ЊУЈОРШКИОТ Daily News од 27 август 1995, на својот извештај му дал наслов „Бескрвната операција“. Тој навел дека Њујоршкиот болничко-медицински центар Корнел требало „да открие еден револуционерен начин за изведување на коронарна бајпас хирургија — истата хируршка постапка која неодамна ја барал поранешниот градоначалник Дејвид Динкинс — без да се изгуби дури капка крв“.
„Инспирирано од загриженоста на Јеховините сведоци“, навел весникот, „чудото на новата процедура . . . ќе заштеди стотици илјади долари за болниците и ќе се покаже како знатно помал ризик од заразување на крвта на пациентите.“ Д-р Тод Розенгарт, директор на бескрвната хируршка програма на болницата, рекол: „Сега сме во можност да ја намалиме количината на крвта за трансфузија, која е неопходна во текот на оваа хирургија — од вообичаените две до четири единици по пациент на нула“.
Д-р Карл Кригер, срцев хирург на болницата, кој помогна да се пробие патот на процедурата, рекол: „Со елиминирањето на потребата од дарување крв и крвни производи, го намалуваме и ризикот од одредени постоперативни грозници и инфекции кои обично се поврзани со трансфузиите“.
Други стручњаци велат дека „бескрвниот бајпас го намалува времето поминато на интзензивна нега после операцијата — од 24 па и повеќе часа на само шест часа. Пациентите кои се подложуваат на клинички испитувања биле во состојба да се вратат на нозе и да излезат од болница 48 часа порано“. Сето тоа значи голема заштеда за болниците, владата и осигурителните компании. Д-р Розенгарт пресметал дека „оваа операција може да заштеди најмалку 1.600 долари по пациент“.
Извештајот од Daily News продолжил:
„Иронично, новата хирургија не беше поттикната од економска, па дури ниту од медицинска итност, туку од религиозна ревност. Заедницата на Јеховините сведоци — чии верувања ја забрануваат употребата на трансфузии — барала помош за постарите членови кои се подложни на срцеви заболувања . . .
На инсистирање на Заедницата на Јеховините сведоци, лекарите ги здружија своите техники на штедење на крв со новите лекарства. Тие исто така пронашле нов начин за користење на традиционалната машина срце-дробови која се користи за да ги одржува во живот пациентите за време на операцијата на срце.
Освен 40-те пациенти Јеховини сведоци кои ја сочинуваат првобитната клиничка студија, екипата Њујорк—Корнел пред шест месеци ја вовела операцијата и за пациентите воопшто. ‚Оттогаш наваму, таа екипа извршила 100 последователни бескрвни бајпас операции без смртни случаи‘, рекол Кригер. Стапката на морталитет за нормалните бајпас операции е околу 2,3%“.
Ширум светот, 102 болници вклучиле програми за бескрвни операции во нивните простории, овозможувајќи овие побезбедни операциски процедури да бидат достапни за пациентите ширум светот воопшто.