ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/2 стр. 12-14
  • Дали ми е потребен мобилен телефон?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ми е потребен мобилен телефон?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Пресметај го трошокот‘
  • „Крадец на времето“
  • Тајна комуникација
  • Постави граници
  • Мобилен телефон — пријател или непријател?
    Разбудете се! 2005
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2013
  • Користи ја технологијата обѕирно и разумно
    Разбудете се! 2009
  • Благослов или проклетство?
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/2 стр. 12-14

Младите прашуваат . . .

Дали ми е потребен мобилен телефон?

„Се чувствувам многу несигурна и нервозна кога мобилниот телефон не е со мене“ (Акико).a

МОБИЛНИТЕ телефони стануваат сѐ попопуларни во многу земји. Тие се практични. Твоите пријатели и родителите можат да контактираат со тебе во секое време, каде и да си — а и ти со нив. Некои модели ти овозможуваат да разменуваш кратки текстуални пораки, што „е најнов начин младите да ја задоволат својата желба да комуницираат“, вели лондонскиот The Times. Има дури и такви мобилни телефони што можат да те поврзат со сајберпросторот, овозможувајќи ти пристап на веб-сајтови и e-mail.

Можеби веќе имаш мобилен телефон или, пак, планираш да набавиш. Како и да е, би можел да размислиш за поговорката: „Секој медал има лице и опачина“. Од мобилниот телефон сигурно има некои користи. Меѓутоа, можеби ќе сакаш да размислиш и за другата страна на медалот, бидејќи дури и ако одлучиш да си купиш мобилен, тоа што ќе бидеш сосема свесен за неговите потенцијални лоши страни ќе ти помогне мудро да го користиш.

‚Пресметај го трошокот‘

Исус го навел мудрото начело дека човек треба ‚да го пресмета трошокот‘ пред да започне со некој важен проект (Лука 14:28). Може ли тоа начело да се примени и на мобилните телефони? Секако. Точно е дека можеби можеш да го набавиш телефонот по многу ниска цена, па дури и бесплатно. Меѓутоа, како што открила 17-годишната Хена, „сметката може одеднаш да стане многу висока“. Исто така, може да имаш постојан притисок да бидеш во чекор со дополнителните програми и да купуваш поскапи модели. Така, Хироши вели: „Работам со скратено работно време и штедам пари за да можам секоја година да си купам понов модел“. Многу млади го прават истото.b

Дури и ако твоите родители се согласуваат да ти ја плаќаат сметката, сѐ уште е важно да ги разбереш трошоците. Еден патувачки христијански министер од Јапонија забележува: „Некои мајки прифаќаат додатно скратено работно време само за да го платат мобилниот телефон на своите деца, кој можеби и воопшто не е потребен“. Секако дека ти не би сакал да им наметнеш толкав товар на своите родители!

„Крадец на времето“

Мнозина од оние што почнуваат умерено да го користат телефонот можеби ќе утврдат дека тој им одзема повеќе време отколку што очекувале — и дека потиснува некои поважни работи. Мика минувала многу време со своето семејство на трпезариската маса. „Сега“, вели таа, „откако ќе ручаме, секој си оди во својата соба со својот [мобилен телефон].“

„Една третина млади на возраст помеѓу 16 и 20 години повеќе сакаат да разменуваат текстуални пораки отколку да користат други облици на писмена комуникација“, вели лондонскиот The Guardian. Текстуалните пораки можеби ќе те чинат помалку отколку усниот разговор, но ќе ти треба повеќе време за да ги напишеш. Миеко признава: „Ако некој ми испрати порака ‚добра ноќ‘, јас одговарам со ‚добра ноќ‘. Потоа почнуваат да летаат пораки наваму-натаму околу еден час. Водиме само бесмислен разговор“.

Голем број корисници на мобилни телефони многу ќе се изненадат ако запрат и го пресметаат вкупното време што го трошат користејќи го својот телефон во текот на еден месец. Една 19-годишна девојка, Теја, признава: „За многу луѓе, мобилниот телефон е крадец на времето а не штедач на времето“. Дури и ако твоите околности оправдуваат да имаш мобилен, важно е да си свесен за тоа колку време трошиш на него.

Една млада христијанка, по име Марја, забележува: „На христијанските собири многу млади им испраќаат безначајни пораки на другите. Тоа е многу вообичаено!“ Слично однесување е забележано и кај младите што учествуваат во христијанската служба. Библијата им советува на христијаните да откупуваат време за духовни активности (Ефешаните 5:16). Колку само е жалосно кога тоа скапоцено време се троши на телефонски разговори!

Тајна комуникација

Мари коментира за една друга замка: „Бидејќи повиците ти доаѓаат лично тебе, а не дома, постои опасност родителите да не знаат со кого разговараат нивните деца, па дури да не знаат ни дали зборуваат на телефон или не“. Така, некои млади ги користат мобилните телефони за тајни контакти со лица од спротивниот пол. Некои попуштиле во внимателноста, заобиколувајќи ги мерилата за кои нормално се држат кога комуницираат со другите. Како?

„Испраќањето текстуални пораки значи дека никој не може да гледа што прават [младите]“, вели лондонскиот The Daily Telegraph. Врз тебе може да влијае тоа што не ја гледаш ниту слушаш другата личност. „Некои мислат дека текстуалната порака е понеутрален начин на комуницирање“, забележува Тимо. „Во порака некои можат да напишат работи што ги сметаат за премногу смели да се кажат в лице.“

Кога Кеико, 17-годишна христијанка, почнала да користи мобилен телефон, им го дала својот број на многу пријатели. Наскоро почнала секојдневно да разменува пораки со некое момче од нејзиното собрание. Кеико вели: „Во почетокот разговаравме само за секојдневни работи, но потоа почнавме да си ги кажуваме и нашите маки. Со нашите мобилни телефони си создадовме свој мал свет“.

За среќа, добила помош од своите родители и од христијанските старешини пред работите да станат премногу сериозни. Сега таа признава: „Иако пред да ми дадат мобилен телефон моите родители многу ме предупредуваа на разменувањето пораки со спротивниот пол, јас му испраќав пораки секој ден. Тоа не беше најдобар начин на користење на телефонот“.c

Библијата нѐ опоменува ‚да задржиме чиста совест‘ (1. Петрово 3:16). Тоа значи, кога користиш мобилен телефон, мораш да се погрижиш „да нема од што да се срамиш“, како што вели Коичи, дури и ако некој друг ти ги види пораките или те наслушне. Секогаш имај на ум дека нема тајни кога станува збор за нашиот небесен Татко. Библијата објаснува: „Нема ниедно создание кое не е видливо пред [Божјиот] поглед, туку сѐ е голо и отворено изложено пред очите на оној кому ние мораме да му положиме сметка“ (Евреите 4:13). Тогаш, зошто да се обидуваш да одржуваш некоја тајна врска?

Постави граници

Ако размислуваш да набавиш мобилен телефон, зошто најнапред не ја процениш внимателно својата ситуација за да видиш дали навистина ти е потребен? Дискутирај за тоа со своите родители. Некои го мислат истото што и младата Јена, која вели: „Мобилниот телефон е преголема одговорност за многу млади луѓе“.

Дури и ако одлучиш да имаш таков телефон, важно е да имаш контрола врз тоа колку го користиш. Како? Постави разумни граници. На пример, ограничи го бројот на услуги што ќе ги користиш или износот на време и пари што ќе ги трошиш на телефон. Бидејќи повеќето телефонски компании доставуваат детален извештај за твоето користење, одвреме навреме анализирај ја сметката заедно со своите родители. Некои утврдиле дека е згодно да користат припејд картичка за да ја ограничат неговата употреба.

Исто така, внимателно размисли кога и како да одговориш на повиците и пораките. Самиот дај си разумни упатства. Шинчи објаснува: „Ги читам пораките само еднаш на ден и обично одговарам на нив само кога се важни. Како резултат на тоа, пријателите престанаа да ми испраќаат безначајни пораки. Ако навистина има некој итен проблем, ќе најдат начин да ми се јават по секоја цена“. Што е уште поважно, биди избирлив во поглед на луѓето со кои комуницираш. Внимавај на кого го даваш твојот телефонски број. Применувај ги истите мерила што секогаш ги користиш во врска со доброто друштво (1. Коринќаните 15:33).

Библијата вели: „За сѐ постои одредено време . . . време за молчење и време за зборување“ (Проповедник 3:1, 7, NW). Јасно, има време кога и мобилните телефони треба ‚да молчат‘. Нашите христијански состаноци и службата се „одредено време“ за обожавање на Бог, а не за користење на телефонот. Директорите на рестораните и театрите честопати замолуваат нивните посетители да не користат мобилни телефони. Ние со почит се придржуваме за тие барања. Секако дека почитта што ја заслужува Суверенот на универзумот не треба да биде помала!

Ако не очекуваат некој многу важен повик, мнозина одлучуваат да го исклучат мобилниот телефон или го ставаат да сигнализира без звук кога учествуваат во некои битни активности. Некои го ставаат мобилниот телефон на место каде што не им е при рака. Па, зарем на повеќето пораки не може да се одговори подоцна?

Ако одлучиш да набавиш мобилен телефон, биди решен ти да го контролираш него и да не дозволиш тој да те контролира тебе. Јасно, треба да останеш буден и да задржиш исправен редослед на приоритети. Библијата нѐ охрабрува: „Вашата разумност нека им биде позната на сите луѓе“ (Филипјаните 4:5). Ако одлучиш да имаш мобилен телефон, те молиме, биди решен да ја покажеш својата разумност во начинот на кој го користиш.

[Фусноти]

a Некои имиња се променети.

b За дискусија на тема работа по училишните часови, те молиме види ја статијата „Младите прашуваат — што има лошо во заработувањето пари?“ во изданието на Разбудете се! од 8 јануари 1998.

c Редовното разговарање или разменување пораки со некого од спротивниот пол по телефон би можело да биде еден облик на состанување со некого. Те молиме, види ја статијата „Младите прашуваат — што има лошо во тоа да си разговараме?“ во српското издание на Разбудете се! од 8 декември 1992.

[Слики на страница 14]

Некои млади одржуваат тајни врски преку мобилен телефон

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели