ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/13 стр. 2
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 2002
  • Дали ми е потребен мобилен телефон?
    Разбудете се! 2003
  • Користи ја технологијата обѕирно и разумно
    Разбудете се! 2009
  • Невиден „бум“ во технологијата
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 4/13 стр. 2

Прашања

◼ Кои библиски начела важат за употребата на мобилни телефони за време на состанок или додека сме во служба?

„Сѐ си има свое време“ (Проп. 3:1): Мобилните телефони им овозможуваат на луѓето да праќаат пораки и да разговараат во секое време. Но, има прилики кога како христијани не би сакале телефонот да ни го одвлекува вниманието. На пример, нашите состаноци се пригоди на кои му оддаваме чест на Јехова, добиваме духовни поуки и можеме да споделиме охрабрувачки мисли (5. Мој. 31:12; Пс. 22:22; Рим. 1:11, 12). Затоа, би било добро да го исклучиме телефонот кога ќе дојдеме на состанок, а пораките може да си ги провериме кога ќе си заминеме. Ако очекуваме некој итен повик или порака поради што телефонот мора да ни е вклучен, треба да го подесиме така за да не ги вознемирува другите.

„Сѐ правам поради добрата вест“ (1. Кор. 9:23): Понекогаш имаме оправдани причини за да го користиме телефонот додека сме во служба. На пример, кога сведочиме како група, може ќе треба да се слушнеме со објавителите што проповедаат на други делови од подрачјето. Понекогаш објавителите го користат мобилниот за да му се јават на некој заинтересиран или на некој со кого проучуваат пред да одат кај него, особено ако живее подалеку. Ако носиме телефон, треба да се погрижиме да не нѐ вознемирува додека разговараме со некој станар (2. Кор. 6:3). Кога сведочиме како група, додека ги чекаме другите објавители, наместо да си правиме муабет на телефон или да си пишуваме пораки со некој пријател, би било подобро да останеме сконцентрирани на службата и на оние со кои сведочиме заедно.

Да бидеме обѕирни кон другите (1. Кор. 10:24; Фил. 2:4): Не треба да мислиме дека не е важно дали ќе стигнеме навреме на состанокот за проповедање, сметајќи дека едноставно ќе се јавиме или ќе пратиме СМС дека малку ќе задоцниме. Ако стигнеме откако започнал состанокот, им го одвлекуваме вниманието на присутните. Се разбира, понекогаш може да задоцниме затоа што се случило нешто непредвидено. Но, ако ни стане навика да доаѓаме навреме, ќе покажеме обѕир кон Јеховината организација, кон братот што го води состанокот и кон нашите соверници.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели