ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/02 стр. 3
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • Невиден „бум“ во технологијата
    Разбудете се! 2009
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2013
  • Мобилен телефон — пријател или непријател?
    Разбудете се! 2005
  • Благослов или проклетство?
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 7/02 стр. 3

Рубрика прашања

◼ Што треба да имаме на ум кога користиме мобилни телефони и електронски пејџери?

Таквите апарати можат да ни овозможат да контактираме со другите речиси каде и да сме. Иако ова може да биде корисно, мораме да внимаваме да не дозволиме користењето мобилни телефони и пејџери во несоодветно време да го оттргне вниманието од нашата служба или од христијанските состаноци. Како може да дојде до тоа?

Размисли каков би бил ефектот ако нашиот мобилен телефон заѕвони или ако пејџерот почне да сигнализира додека учествуваме во службата на теренот давајќи сведоштво. Што ќе помисли станарот? Каков впечаток може да оставиме ако го прекинеме разговорот за да одговориме на повикот? Сигурно не би сакале да направиме ништо што ќе ги спречи другите да ја чујат пораката за Царството (2. Кор. 6:3). Затоа, ако носиме мобилен телефон или пејџер, треба да го наместиме така што нема да нѐ прекинува ниту нас ниту другите додека учествуваме во службата на теренот.

Но, што во случај кога чекаме додека другите сведочат? Ако сме одвоиле одредено време за службата на теренот, зарем не треба да го задржиме умот на таа активност? Од почит кон нашата света служба, ве молиме грижете се во друго време за лични работи или за работи поврзани со друштвениот живот што не се неодложни (Рим. 12:7). Се разбира, ова не значи дека не треба да се користи телефон за да се даде натамошно сведоштво или за да се направат планови за тоа.

Во врска со користењето мобилни телефони мораме да бидеме особено внимателни додека возиме, зашто некои истражувања покажуваат дека тоа во голема мера го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи. Треба строго да се придржуваме за сите закони што го ограничуваат користењето на мобилните телефони додека се вози.

Доаѓаме на состаноците, собирите и конгресите за да го обожаваме Јехова и да бидеме поучени од него. Зарем не треба почитта за светоста на овие прилики да нѐ поттикне да ги наместиме мобилните телефони и пејџерите така што нема да ни го одвлекуваат вниманието нам или на другите? Ако има некоја итна работа на која мораме неодложно да ѝ обрнеме внимание, тоа треба да го сториме надвор од местото за обожавање. Во секој друг случај, за личните и за световните работи треба да се погрижиме во друго време, а не во времето одредено за обожавање (1. Кор. 10:24).

Нека начинот на кој ги користиме мобилните телефони или која и да било друга електронска опрема секогаш покажува обѕир кон другите и длабоко ценење за духовните работи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели