ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/3 стр. 18-21
  • Од смртоносна мисија до стремеж по мир

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Од смртоносна мисија до стремеж по мир
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Специјален одред за напад — камиказе
  • Ока — човечка бомба
  • Последните денови на војната
  • Мојот стремеж по мир
  • Одлука да му служам на Богот на мирот
  • Од обожавање на императорот до вистинското обожавање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Бев командант, а сега сум „војник на Христос“
    Разбудете се! 2008
  • Самоубиство — чума меѓу младите луѓе
    Разбудете се! 1999
  • Светски проблем
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/3 стр. 18-21

Од смртоносна мисија до стремеж по мир

РАСКАЖАЛ ТОШИАКИ НИВА

Еден поранешен јапонски пилот што бил обучен за напад на камиказите врз американски воен брод за време на II светска војна раскажува како се чувствувал додека ја чекал смртоносната мисија.

ПО ТЕШКИОТ пораз во битката на Мидвеј во јуни 1942, ѝ беше ставен крај на јапонската територијална експанзија на Пацификот. Оттогаш Јапонија губеше една битка по друга во војната против Соединетите Држави и нивните сојузници, кога тие почнаа повторно да си ги заземаат териториите што ги имаше освоено Јапонија.

Во септември 1943, јапонската влада објави дека ќе се регрутираат и студентите што биле ослободени од воена обврска. Во декември, на возраст од 20 години, додека сѐ уште бев на факултет ѝ се приклучив на морнарицата. По еден месец станав студент по поморска авијација. Во декември 1944 добив обука да управувам со еден тип ловечки авион наречен Зеро.

Специјален одред за напад — камиказе

Јапонија беше на пат кон пораз. Во февруари 1945 се засилија воздушните напади врз неа со бомбардерите Б-29. Во исто време, поморските ударни сили на САД се приближија кон копното, кое стана мета на бомбардери што полетуваа од носачи на авиони.

Неколку месеци пред тоа, воените водачи на Јапонија одлучија да ја поведат последната битка користејќи самоубиствена тактика. Иако дотогаш беше очигледно дека Јапонија не може да ја добие војната, оваа одлука го одолжи конфликтот и, несомнено, беше платена со илјадници додатни жртви.

Така беше основан Специјалниот одред за напад — камиказе. Го доби името според божјиот ветар, камиказе, тајфун што според традицијата ги однел бродовите на монголските напаѓачи во 13 век. Во првиот напад на камиказите, секој од вкупно пет Зеро-ловци беше опремен со бомба од 250 килограми за самоубиствен пад врз бродот што му беше мета.

На Поморскиот летачки одред — Јатабе, на којшто му припаѓав и јас, му беше дадена наредба да организира специјална самоубиствена ескадрила. Сите добивме да пополниме по еден формулар, на кој требаше да означиме дали сакаме да се пријавиме како доброволци во одредот за самоубиствени напади.

Сметав дека треба да си го жртвувам животот за мојата земја. Но, дури и ако понудев да си го дадам животот летајќи во самоубиствена мисија, можев да бидам соборен пред да ја погодам целта и да умрам за ништо. Дали на мајка ми ќе ѝ беше мило ако си го одземев животот без да ги исполнам семејните должности? Ми беше тешко да се убедам себеси дека тоа што доброволно ќе се пријавам во самоубиствена мисија е најдобар начин да го искористам својот живот. Сепак, се пријавив како доброволец.

Во март 1945 беше формирана првата група на Специјалниот одред за напад — Јатабе. Иако беа избрани 29 мои колеги, јас не бев избран. Откако добија специјална обука, беше испланирано, во април, да полетаат во смртоносна мисија од воздушната база Каноја во префектурата Кагошима. Пред да бидат префрлени во Каноја, ги посетив моите пријатели, надевајќи се дека ќе дознаам како се чувствуваат додека се сочуваат со самоубиствената мисија.

„Ние ќе умреме“, смирено рече едниот од нив, „но ти не брзај да умреш. Ако преживее некој од нас, треба да им каже на другите луѓе колку е скапоцен мирот и треба да се труди да го постигне.“

На 14 април 1945, моите другари полетаа. По неколку часа, сите слушавме радио за да чуеме каков е исходот. Спикерот рече: „Првата единица Шова на Специјалниот одред за напад — камиказе, вратоломно се спушти врз непријателските ударни сили на море, источно од Кикаи Шима. Сите загинаа во битката“.

Ока — човечка бомба

По два месеца, бев префрлен во Поморскиот летачки одред — Каноике како член на Специјалната ескадрила за напад — Јинраи. Јинраи значи „божји гром“. Ескадрилата се состоеше од авиони што полетуваа од копно (наречени Напаѓачи), придружни ловци и бомбардери што полетуваа од носачи на авиони.

Од секој матичен авион — односно двомоторен Напаѓач — висеше Ока, што значи „црешов цвет“. Таа ги симболизираше младите пилоти што беа спремни да ги жртвуваат своите животи. Ока беше едрилица со едно седиште, чиј распон на крилата беше 5 метри и тежеше 440 килограми. Во клунот беше опремена со експлозив од еден тон.

Кога матичниот авион ќе наближеше кон целта, еден пилот ќе се качеше на Ока, која тогаш се одвојуваше од матичното летало. Откако ќе едреше извесно време со помош на три ракети, секоја со времетраење од 10 секунди, наеднаш се спушташе врз целта. Ова со право можеше да се нарече човечка бомба. Штом се лансираше, веќе немаше враќање!

За време на вежбите, пилотот на Ока се качуваше на Зеро-ловец и вратоломно се спушташе кон целта од височина од околу 6000 метри. Видов како во овие вежби животот го загубија неколку пилоти.

Пред да ѝ се приклучам на ескадрилата, полета првата група. Таа се состоеше од 18 Напаѓачи опремени со Оки, во придружба на 19 ловци. Напаѓачите беа тешки и бавни. Ниеден од нив не стигна до својата цел. Сите Напаѓачи и нивната придружба беа соборени од американските ловци.

Бидејќи не ѝ останаа ловци за придружба, во своите подоцнежни мисии ескадрилата Јинраи мораше да лета без нив. Оние што полетаа потоа, никогаш не се вратија. Сите загинаа, исчезнувајќи на бојното поле на Окинава.

Последните денови на војната

Во август 1945, бев префрлен во Поморскиот летачки одред — Оцу. Базата во која што бев испратен беше сместена во подножјето на планината Хиејзан во близина на градот Кјото. Во исчекување на истоварувањето на американските трупи на јапонско копно, беа направени планови да се лансираат Оки од планината за да се извршат самоубиствени напади врз воените бродови на САД. На врвот на планината беа поставени шини за лансирање на секое летало.

Чекавме наредба за полетување. Но, никогаш не ја добивме. Откако на 6 и на 9 август Хирошима и Нагасаки беа разорени од атомски бомби, на 15 август Јапонија безусловно им се предаде на Соединетите Држави и на нејзините сојузници. Војната конечно заврши. Едвај преживеав.

На крајот на август, се вратив во мојот роден град, Јокохама, но во воздушните напади на бомбардерите Б-29 мојот дом бил срамнет со земја. Семејството беше во длабок очај. Сестра ми и внук ми беа проголтани од пламењата. Сепак, најдовме утеха во тоа што мојот помлад брат успеа безбедно да се врати дома.

И покрај урнатините и тешкиот глад, се вратив на факултет за да го довршам школувањето. Откако студирав една година, дипломирав и се вработив. Во 1953 се оженив со Мичико, и со време станав татко на два сина.

Мојот стремеж по мир

Во 1974, Мичико почна да ја проучува Библијата со еден Јеховин сведок. Наскоро почна да присуствува на нивните состаноци и да учествува во нивната проповедничка активност. Се противев што таа излегуваше толку често. Мичико ми објасни дека христијанската служба придонесува за вистински мир и среќа. Ако е така, си помислив, не треба да ѝ се противам. Напротив, треба да соработувам.

Баш во тоа време вработив неколку млади Сведоци како ноќни чувари. Кога дојдоа младите Сведоци, ги распрашав за нивната организација и служба. Се изненадив кога открив дека, за разлика од другите млади на нивна возраст, тие имаа цел и самопожртвуван дух. Овие особини ги научиле од Библијата. Ми објаснија дека кај Сведоците во целиот свет не постои расна дискриминација и дека тие цврсто се држат за библиската заповед да го љубат Бог и своите ближни (Матеј 22:36—40). На своите придружници гледаат како на браќа и сестри, без оглед на националните граници (Јован 13:35; 1. Петрово 2:17).

‚Тоа е чист идеализим‘, си мислев. Бидејќи многуте цркви на христијанскиот свет беа во судир, не ми се веруваше дека Јеховините сведоци се исклучок.

Им ги изнесов моите сомневања. Користејќи Годишник на Јеховините сведоци, младите Сведоци ми покажаа дека Сведоците во Германија биле затворани, па дури и погубувани, поради нивниот неутрален став под режимот на Хитлер. Се уверив дека Јеховините сведоци се вистински христијани.

Во меѓувреме, во декември 1975, мојата сопруга го симболизираше своето предание на Бог со крштавање во вода. Во таа прилика ми беше понудена библиска студија. Меѓутоа, кога размислив за финансиските обврски што ги имав, како што беа трошоците за школување на моите синови и отплатата на хипотеката на куќата, не го направив тој чекор. Оженетите мажи во собранието ја приспособуваа својата световна работа за да имаат повеќе слободно време. Си мислев дека истото ќе се очекува и од мене. Но, откако ми покажаа како христијанскиот живот може да се урамнотежи со световната работа, конечно одлучив да ја проучувам Библијата со Јеховините сведоци.

Одлука да му служам на Богот на мирот

Откако проучував две години, оној што ја водеше библиската студија со мене ме праша дали сум размислувал да му го предадам животот на Бог. Меѓутоа, не можев да го преземам тој чекор, и тоа ме мачеше.

Еден ден, брзав додека се симнував по скалите онаму каде што работев. Се спрепнав, паднав, си го удрив тилот и се онесвестив. Кога се освестив имав страшна главоболка и ме однесоа во болница со кола за прва помош. Иако имав голем оток на тилот, немаше фрактура ниту внатрешно крвавење.

Колку само му бев благодарен на Јехова што сум жив! Од тој момент бев решен да го користам својот живот за да ја извршувам Јеховината волја и му го предадов нему. Се крстив во јули 1977, на возраст од 53 години. И мојот постар син, Јасујуки, ја проучуваше Библијата, и се крсти околу две години подоцна.

Десетина години по моето крштавање отидов во пензија. Во текот на тие години, се стремев да живеам како христијанин, урамнотежувајќи го тоа со световната работа. Во моментов имам предност да служам како старешина во Јокохама и минувам многу време во христијанската служба. Мојот постар син служи како старешина и полновремен министер во едно соседно собрание.

Бидејќи ја преживеав специјалната ескадрила за напад и нејзината смртоносна мисија, благодарен сум што сум жив и сметам дека е чест што учествувам во проповедањето на „оваа добра вест за царството“ (Матеј 24:14). Сосема сум уверен дека најдобриот начин на живот е да се оди како припадник на Божјиот народ (Псалм 144:15). Во новиот свет што ќе дојде наскоро, никогаш повеќе луѓето нема да доживеат војна, бидејќи „нема повеќе народ да дига меч против народ, ниту ќе се учи веќе на војување“ (Исаија 2:4).

Ако е Божја волја, би сакал да ги сретнам моите другари што загинаа во војната кога тие ќе бидат воскреснати. Ќе биде возбудливо да им кажам за мирољубивиот живот во кој можат да уживаат на една рајска земја под праведното владетелство на Божјето небесно Царство! (Матеј 6:9, 10; Дела 24:15; 1. Тимотеј 6:19).

[Слика на страница 19]

Кога бев во поморските воздушни сили

[Слика на страници 18 и 19]

„Ока“ — човечка бомба

[Извор на слика]

© CORBIS

[Слика на страница 20]

Со моите другари пред смртоносната мисија. Јас сум вториот од лево, единствениот преживеан

[Слика на страница 21]

Со сопругата, Мичико, и постариот син, Јасујуки

[Извор на слика на страница 18]

Фотографија на Националната архива на САД

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели