ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/5 стр. 3-4
  • Дали ве набљудуваат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ве набљудуваат?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се живее во општество во кое се врши надзор
  • Скриени камери и детални бази на податоци
  • Парадоксот на приватноста
    Разбудете се! 2003
  • Разумно гледиште за приватноста
    Разбудете се! 2003
  • Дали си благодарен за тоа што Јехова те набљудува?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Опасност од измама на интернет
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/5 стр. 3-4

Дали ве набљудуваат?

СЕКОЈ ден кога Елизабет пристигнува на работа, нејзините движења ги следи камера. Кога влегува во зградата, една камера ѝ го зумира лицето. Во текот на денот таа е под постојаниот надзор на многу други камери. Сосема е разбирливо да има толкав степен на внимателна контрола затоа што таа работи за една компанија низ која секојдневно минуваат милиони долари во готово.

Елизабет знае дека внимателно ќе ја набљудуваат на работа; тоа ѝ било јасно кажано кога го прифатила работното место. Меѓутоа, на милиони други луѓе можеби не им е толку јасно дефинирано во колкава мера ќе бидат под надзор секој ден.

Да се живее во општество во кое се врши надзор

Дали сте под надзор додека сте на работа? Во целиот свет, постојано се надгледува користењето на Интернет и e⁠-​mail на милиони вработени додека се на своето работно место. Според годишната анкета за 2001 што ја спровело Американското здружение за менаџмент, „речиси три четвртини (73,5%) од големите фирми во САД . . . ги снимаат и ги прегледуваат комуникациските врски и активностите на своите вработени на нивните работни места, вклучувајќи ги и нивните телефонски разговори, e-mail, Интернет врски и компјутерски фајлови“.

Владите вложуваат милиони долари во опрема за надзор. Во еден извештај поднесен до Европскиот парламент на 11 јули 2001, се дошло до заклучок дека „постои еден глобален систем за уфрлување во комуникациските врски, кој функционира со помош на соработка . . . меѓу САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд“. Се вели дека преку една глобална мрежа на сателитски приемни станици, систем познат како ECHELON, овие влади можат да се уфрлат и да ги проверуваат пораките што се испраќаат преку телефон, факс, Интернет и e-mail, а кои се пренесуваат преку сателит. Весникот Australian тврди дека кога владите го користат овој систем, „може да се издвојат конкретни факсови и e-mail пораки, а ако системот се програмира да препознае некој посебен глас, може да се издвојат и телефонските повици на тие луѓе“.

И службите за одржување на јавниот ред и мир се потпираат на современите техники за вршење надзор. Во Соединетите Држави, списанието BusinessWeek известува дека ФБИ поседува една технологија позната како Carnivore (Месојадец) и ја користи „за надгледување на e-mail и инстант пораки, како и на дигитални телефонски повици“. Во меѓувреме, еден нов закон во Британија ќе им овозможи на службите за одржување на јавниот ред и мир тајно да „набљудуваат илјадници луѓе што користат телефони, факсови и Интернет“, се известува на вестите на Би⁠-​Би⁠-​Си.

Скриени камери и детални бази на податоци

Дури и кога некој не комуницира преку телефон, факс, или e-mail, можеби сепак е под надзор. Во австралиската држава Нов Јужен Велс, луѓето што ја користат железницата се надгледувани преку повеќе од 5.500 камери. Во истата држава, и околу 1.900 државни автобуси се опремени со камери за надзор.

Се вели дека Британија е земја со најмногу камери за надзор по жител — според едно истражување, една камера на секои 55 луѓе. Во 1996, во Велика Британија имало само 74 градови со камери за надзор преку кои се надгледувале јавните места. До 1999, таква опрема била поставена во 500 градови. Со камерите за вршење надзор се поврзани нови компјутерски програми со кои се овозможува камерата да го препознае лицето на некој конкретен човек, дури и ако тој се наоѓа во мноштво луѓе на аеродром или на некој јавен плоштад.

Како никогаш досега, Вашиот приватен живот може да биде набљудуван без да знаете. Сајмон Дејвис, директор на групата за човекови права Privacy International, вели: „Веројатно никогаш порано во историјата немало период кога биле собрани толку многу информации за целокупното население. Детали за една просечна возрасна личност што учествува во производството или во потрошувачката во развиените земји се сместени во приближно 400 големи бази на податоци — што се доволно обработени податоци за да се состави по една огромна енциклопедија за секој човек“.

Кои чекори можете да ги преземете за да ја заштитите својата приватност?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели