ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/8 стр. 3-4
  • Кога детството е изгубено

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога детството е изгубено
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Би сакала пак да бидам дете“
  • Скриена општествена криза
  • Содржина
    Разбудете се! 2003
  • Кога детството е скратено
    Разбудете се! 2003
  • Кога детството е ценето
    Разбудете се! 2003
  • Кој ќе ги заштити нашите деца?
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/8 стр. 3-4

Кога детството е изгубено

„Детството е најосновно човеково право на децата“ (The Hurried Child — Скратено детство).

ВЕРОЈАТНО ќе се согласите дека сите деца треба да уживаат во релативно безгрижно и невино детство. Сепак, жалосен факт во животот е тоа што таквото детство е нешто недостижно за многу млади момчиња и девојчиња. Само помислете на илјадниците, можеби и милиони соништа од детството што се срушиле кога децата станале жртви на војната. Помислете и на сите оние деца чии животи се уништени поради ропството или затоа што биле злоупотребувани.

На повеќето од нас им е тешко да замислат како се чувствува едно дете кога е присилено да живее на улица затоа што се чувствува побезбедно таму отколку дома. Токму тогаш кога им треба најголема можна љубов и заштита, таквите деца мораат да научат добро да се снаоѓаат во уличниот живот за да се одбранат од „грабливците“ што се желни да ги искористат. Секогаш одново, самото детство е жртва на овие проблематични времиња во кои живееме.

„Би сакала пак да бидам дете“

Кармен, која има 22 години, имала тешко детство.a Таа и сестра ѝ биле присилени да живеат на улица за да избегаат од злоупотребата на татко им и од запоставувањето на мајка им. И покрај тоа што таквиот живот бил опасен, двете девојчиња успеале да избегнат некои стапици во кои се фаќаат многу млади што бегаат од дома.

Сепак, на Кармен ѝ е многу тешко за нејзиното детство, бидејќи таа, всушност, не може да се сети дека го имала. „Од бебе директно преминав на 22-годишна возраст, а во меѓувреме немав детство“, жали таа. „Сега сум во брак и имам свое дете, но копнеам да го правам она што го прават малите девојчиња, на пример, да си играм со кукли. Сакам да ја имам љубовта и прегратките на моите родители. Би сакала пак да сум дете“.

Има многу деца што страдаат како Кармен и нејзината сестра. Тие живеат на улица, всушност, лишени се од детство. Многу од нив се впуштаат во криминал за да преживеат. Вестите и статистичките податоци покажуваат дека децата почнуваат со криминал на алармантно рана возраст. Тој проблем е влошен со уште еден: Многу девојки стануваат мајки додека се сѐ уште во своите тинејџерски години — всушност, додека и самите се деца.

Скриена општествена криза

Не изненадува тоа што сѐ поголем број деца завршуваат кај старател. Во воведната статија во Weekend Australian било известено: „Без да бидеме свесни за тоа, настана криза во поглед на старателството. Сѐ повеќе деца од распаднати семејства страдаат како жртви“. Во истиот весник било забележано и следново: „Некои деца за кои се грижи старател немаат никаков контакт со социјалниот работник со месеци, па дури и со години, додека други се селат од старател кај старател, без никогаш да најдат постојан дом“.

Во еден случај за кој се известило станувало збор за едно 13-годишно девојче што престојувало во домот на 97 старатели во период од три години — на некои места било само по една ноќ. Сега си спомнува за силните чувства на отфрленост и несигурност што ја измачувале. За многу деца како неа детството е изгубено.

Затоа, не зачудува тоа што стручњаците денес зборуваат за сѐ поголемата трагедија на изгубено детство. Ако сте родител, можеби ќе ги погледнете овие мрачни факти и ќе се сметате за среќни што можете да им обезбедите на своите деца дом и сѐ што е потребно за живот. Но, постои една друга опасност. Во денешниов свет детството не е секогаш потполно изгубено. Понекогаш е само скратено. Во која смисла, и со какви последици?

[Фуснота]

a Името е променето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели