ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/10 стр. 31
  • Набљудување на светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Набљудување на светот
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Воспитани да бидат мали тирани
  • Повеќе опасности од тутунот
  • Кога читаат со родителите децата се смируваат
  • Среќни доброволци
  • Цигари — дали ги одбивате?
    Разбудете се! 1997
  • „И Вие можете да прекинете — ние прекинавме!“
    Разбудете се! 1999
  • Атлантскиот лосос — „Царот“ е во опасност
    Разбудете се! 2005
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 1996
Разбудете се! 2003
g03 8/10 стр. 31

Набљудување на светот

Воспитани да бидат мали тирани

„Децата владеат во нашите домови!“, вели полскиот неделник Wprost. „Најчесто за нив купуваме скапа облека, козметика и современи направи. Во семејствата со пониски и со просечни примања, 80 проценти од домашниот буџет се троши на тинејџерите.“ Коментирајќи за едно истражување што го спроведе Маугоржата Римкевич од Варшавскиот универзитет за родители, извештајот укажува на некои симптоми на деспотско однесување кај децата. На пример, наместо да им бидат благодарни на родителите, „тие бараат сѐ повеќе, не се задоволни со она што го добиваат, агресивни се [и] не се обѕирни кон другите“. Римкевич вели: „Правиме ужасни грешки во воспитувањето на децата и им дозволуваме дури и на малите деца да прават сѐ што сакаат“. Полското здружение на психолозите се согласува со ова, велејќи: „Границите што ги признава еден тинејџер зависат од границите што му биле поставени кога бил на возраст од една до четири години . . . Попуштајќи на сите протести и агресија на тинејџерите, ние, всушност, подигаме тирани“.

Повеќе опасности од тутунот

„Кај жените што пушат дури и само по три цигари на ден може да се удвои ризикот од срцево заболување и прерана смрт“, известува лондонскиот The Daily Telegraph. Едно 20-годишно истражување на 12.000 мажи и жени од Данска за првпат открило дека е опасно да се испушат дури и само неколку цигари на ден. Дури и кај пушачите што не го вдишуваат чадот е зголемен ризикот за здравјето. Аманда Санфорд, претставник на Акцијата против пушење и во полза на здравјето рекла дека, со оглед на фактите што ги откри ова истражуваање, „пушачите треба да имаат за цел сосема да престанат да пушат“. Во едно друго истражување, за кое беше известено во лондонскиот The Times, лекарите од Медицинскиот факултет во Атина (Грција) откриле дека со редовната изложеност на чадот од туѓите цигари само по 30 минути на ден (се проценува дека тоа е еднакво на една испушена цигара) може да се зголеми ризикот од срцево заболување кај 47 проценти од мажите непушачи и кај 56 проценти од жените непушачи.

Кога читаат со родителите децата се смируваат

„Редовното читање со родителот може значително да го намали недруштвеното однесување кај проблематичните деца што се тепаат, крадат и лажат“, известува лондонскиот весник The Times. Во едно двоиполмесечно истражување што го спроведе Психијатрискиот институт во кое беа вклучени повеќе од 100 деца на петгодишна и шестгодишна возраст што живеат во центарот на Лондон, родителите биле советувани да „ги исклучат мобилните телефони пред да седнат да читаат со своите деца, во почетокот накратко да спомнат што се зборува во приказната и полека да ги вртат страниците и да ги гледаат сликите“. Резултатите „дале јасен доказ дека едноставните, содржински програми на активности на родителите би можеле да бидат многу ефикасни во подобрувањето на поведението на децата уште од многу рана возраст“, стои во весникот. „Децата всушност сакаат внимание“, рекол водачот на ова истражување, д-р Стивен Скот. „Тоа внимание можат да го добијат додека читаат со своите родители.“

Среќни доброволци

„Луѓето што го посветуваат своето време на неплатена работа велат дека се многу посреќни со својата работа, со работното време, со врските со другите и со духовноста отколку која и да е друга група“, се известува во The Sydney Morning Herald. Едно истражување што го спроведе еден тим истражувачи во Австралија открило дека доброволците биле „многу задоволни од своето здравје, од износот на слободно време и од тоа како го трошат“, вели извештајот. Боб Каминз, професор на универзитетот Дикин, забележал дека во Австралија бројот на доброволци е огромен — 32 процента од австралијанците извршуваат некоја неплатена работа. Во Herald исто така беше известено дека оние што работеле преку 60 часа седмично — од кои повеќето се жени што негувале некого — „биле позадоволни од своето здравје и од работата отколку луѓето што работеле пократко“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели