ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/12 стр. 16
  • Опис на една верска заедница

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Опис на една верска заедница
  • Разбудете се! 2003
  • Сличен материјал
  • Филип — ревносен евангелизатор
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Се објавува „добрата вест за Исус“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Покажувај пионерски дух
    Нашата служба за Царството 2004
  • Природност
    Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/12 стр. 16

Опис на една верска заедница

Во склоп на часот по географија во средно училиште, 15-годишниот Филип добил задача да истражи и да даде извештај за една спортска, политичка, културна или верска заедница во Сиднеј (Австралија), каде што живеел тој. Филип избрал да даде извештај за локалното собрание на Јеховините сведоци, на кое му припаѓаат тој и неговото семејство. Учениците требало да разговараат со 20 членови на заедницата што ја избрале за да дадат, меѓу другото, опис на „факторите што се карактеристични за таа заедница“.

Откако ги собрал резултатите од своето истражување, Филип напишал: „[Локалното] собрание на Јеховините сведоци е религиозна организација што се состанува првенствено за да се поучува од Библијата. За време на тие состаноци се читаат и потоа се објаснуваат стихови од Библијата. Исто така, состаноците се наменети да нѐ научат како најдобро да ги поучиме другите за Библијата. Ова го извршуваме така што одиме од врата до врата за да ги најдеме луѓето во нивните домови, каде што се чувствуваат најпријатно. Сите членови на оваа заедница учествуваат во делото редовно, во различен обем, во зависност од околностите. Освен тоа што самите учат за Библијата и ги поучуваат другите за неа, членовите на оваа заедница исто така ги дистрибуираат информативните, современи списанија Стражарска кула и Разбудете се!, кои содржат многу интересни статии за природата, историјата и други прашања од глобален или локален интерес. Исто така, ние настојуваме да им дадеме поддршка на очајните луѓе откако ќе се случат ужасни свирепости во светот, како она што се случи на 11 септември, и им даваме корисни публикации на теми како што се бракот, семејниот живот и младите“.

Поради квалитетот на своето истражување и начинот на кој го изнел, Филип добил највисока оценка за својот извештај. Ако сакате да дознаете повеќе за делото што го извршуваат Јеховините сведоци, разговарајте со нив следниот пат кога ќе дојдат кај Вас или контактирајте со нив користејќи ја најблиската адресата наведена на 5. страница.

[Слика на страница 16]

Филип

[Слика на страница 16]

Италија

[Слика на страница 16]

Австралија

[Слика на страница 16]

Бразил

[Слика на страница 16]

Холандија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели