ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/12 стр. 15
  • Стапче што чисти заби

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стапче што чисти заби
  • Разбудете се! 2003
  • Сличен материјал
  • Како да имате убава насмевка
    Разбудете се! 2005
  • Зошто да одиме на заболекар?
    Разбудете се! 2007
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Да си ги заштитиме непцата
    Разбудете се! 2014
Разбудете се! 2003
g03 8/12 стр. 15

Стапче што чисти заби

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЗАМБИЈА

АФРИКА — континент на убави заби, но малку комерцијално изработени четки за заби! Како е можно тоа? За многу луѓе, тајната на блескавата насмевка лежи во едно единствено парче дрво — стапчето за џвакање!

Стапчиња за џвакање некогаш користеле Вавилонците, а подоцна Египќаните, Грците и Римјаните. Овие мали дрвени „четки за заби“ биле вообичаени и во предисламска Арабија. Стапчето за џвакање ја изгубило својата популарност кај Европејците некаде пред 300 години, но сѐ уште е популарно во делови од Африка, Азија и Блискиот Исток.

Највообичаен извор на стапчиња за џвакање на Блискиот Исток е Salvadora persica, инаку познато како дрво за четки за заби. Во Западна Африка се користи вар и портокалово дрво, додека азадирахтата (еден вид источноиндиско дрво) е главен извор на стапчиња за џвакање на Индискиот потконтинент. Во Источна Африка се користат речиси 300 различни видови дрвја и грмушки за да се направат стапчиња за џвакање. На кој начин стапчето ги чисти забите?

Кога се џвака стапчето, влакненцата на краевите се олабавуваат, формирајќи груба „четка“. Со постојаното џвакање се поместуваат честичките што се наоѓаат меѓу забите и се стимулира циркулацијата на крв во непцата. Со џвакањето се зголемува и лачењето на плунка, која дејствува како природна вода за плакнење на устата што ги измива бактериите и создава средина што не е поволна за нивно размножување.a

Но, стапчето за џвакање не е само обична четка. Гранчињата и корењата на некои растителни видови содржат хемиски состојки што го забавуваат формирањето наслаги. Докажано е дека екстракти од некои стапчиња имаат антибактериски и антифунгицидни својства. Гранчињата од дрвото за четки за заби, кое го спомнавме претходно, можат да спречат појава на чиреви. Во Намибија, стапчињата што се добиваат од едно растение познато како мутала го спречуваат размножувањето на патогени микроорганизми што предизвикуваат кариес, заболување на непцата и болка во грлото. Оваа природна дентална направа може да спречи кариес како и да ги зајакне корењата и непцата. Денес, некои компании прават пасти за заби што содржат влакна и смоли добиени од такви растенија.

Се разбира, некои повеќе сакаат да користат традиционална четка за заби. Сеедно дали ќе одлучите да го направите тоа или да користите стапче, како што правеле луѓето од старо време, едно е сигурно: Денталната хигиена е важен дел од грижата за здравјето.

[Фуснота]

a Се разбира, важна е и исхраната. Луѓето што живеат по селата во Африка честопати јадат повеќе интегрални жита и зеленчук отколку луѓето што живеат во градовите. Исто така, општо земено, користат помалку шеќер, преработени прехрамбени производи и газирани пијалаци — за кои се знае дека ги расипуваат забите.

[Слика на страница 15]

Азадирахтата е еден извор на стапчиња за џвакање

[Извор на слика]

William M. Ciesla, Forest Health Management International, www.forestryimages.org

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели