ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/11 стр. 13-15
  • Како да имате убава насмевка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да имате убава насмевка
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што да направите за да си ги заштитите забите?
  • Што да очекуваме на заболекар
  • Што може да направи заболекарот?
  • Зошто се исплати трудот
  • Зошто да одиме на заболекар?
    Разбудете се! 2007
  • Долгата и болна историја на забоболката
    Разбудете се! 2007
  • Да си ги заштитиме непцата
    Разбудете се! 2014
  • Ортодонција — за што станува збор?
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/11 стр. 13-15

Како да имате убава насмевка

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО КАНАДА

КОГА ќе се погледнете во огледалото, што проверувате? Можеби косата или нешто друго во Вашиот изглед. Но, што е со Вашата насмевка? Дали сте забележале колку многу влијаат забите на Вашата насмевка? Да, ако сакате да имате убава насмевка, ќе треба да се грижите за своите заби. Тие треба да Ви траат цел живот. Затоа, заслужуваат посебно внимание. Освен што Ви служат за да ја џвакате храната и да зборувате правилно, забите ги придржуваат усните и образите — со што Вашата насмевка ја прават поубава и попривлечна. Да, Вашите заби се скапоцени!

Што да направите за да си ги заштитите забите?

Доброто здравје на забите почнува со она што го јадете. Урамнотежената исхрана која вклучува калциум, витамин А, Ц и Д ќе помогне да се развијат забите, почнувајќи уште од матката па сѐ додека не се оформат потполно.a Добрите навики на исхрана ќе помогнат да имате и да задржите здрави заби, но немојте да јадете многу шеќери! Тие го зголемуваат ризикот од кариес на забите. И покрај тоа што постојано има предупредувања дека шеќерот предизвикува кариес, се известува дека еден просечен жител на Северна Америка јаде од 50 до 60 килограми шеќер годишно! Зошто шеќерот е потенцијална закана за нашите заби?

Кариесот го предизвикуваат два вида бактерии — „мутантни стрептококи и лактобактерии“ — кои стануваат дел од денталниот плак, леплив слој од бактерии и остатоци од храна што се нафаќа на забите. Бактериите на денталниот плак се хранат со шеќер и го претвораат во штетни киселини што почнуваат да ги нагризуваат забите. Одредени видови шеќер полесно се претвораат во киселини или повеќе се наталожуваат на забите, со што денталниот плак има повеќе време да почне да ги нагризува забите.b Денталниот плак што нема да биде отстранет се стврднува и станува забен камен околу линијата на непцето.

За да се спречи кариесот, неопходно е денталниот плак, а особено мутантната стрептокока, да се држи под контрола. Затоа, ако сакате да имате убава насмевка, морате секојдневно да се грижите за своите заби. Од Универзитетот за дентална и орална хирургија во Колумбија велат: „Миењето на забите, вклучувајќи го и чистењето со забен конец, е најважниот начин на кој можете да ги одржувате здравјето и виталноста на Вашите заби и ткивото околу нив“. Ефикасни методи на миење на забите и чистење со забен конец се прикажани на оваа и на следната страница. Можеби Вашиот заболекар ќе Ви препорача други средства и техники што ќе Ви помогнат ефикасно да ги исчистите забите, а со тоа и да имате убава насмевка.

Постојаното присуство на киселини доведува до намалување на минералните соли, или до омекнување на глеѓта. Меѓутоа, овој губиток на минерали се надоместува секој ден. Како? Се покажало дека флуоридите помагаат да се спречи кариесот така што помагаа при процесот на повторно покачување на минералните соли. Според тоа, иако кариесот е заразен процес, тој е и реверзибилен доколку се присутни извесни фактори, како што се флуоридите. Да, забите можат самите да се лекуваат.

Што да очекуваме на заболекар

Во едно истражување во кое луѓето беа замолени да наведат од што се плашат најмногу, одењето на заболекар се најде на второто место, веднаш после стравот од говорење во јавност. Дали ваквиот страв е оправдан? Во богатите земји, брзите дупчалки и локалните анестезии сега им овозможуваат на заболекарите да ги извршуваат повеќето зафати со многу малку болка или непријатности. Доколку се информирате што сѐ вклучува секој чекор во Вашето лекување, можеби ќе се ослободите од некои стравови.

Одењето на заболекар може да вклучува професионално чистење, или стругање, на забите кое обично го изведува забниот техничар. Во текот на овој процес, забниот камен и денталниот плак се отстрануваат од местата што се недостапни за четката за заби и за забниот конец. Потоа забите се полираат за да се спречи да се таложи денталниот плак и за да се отстранат дамките што ја расипуваат убавината на Вашата насмевка.

Бидејќи се покажало дека минералот флуорид го намалува ризикот од кариес, заболекарите честопати го нанесуваат на забите на децата како гел, раствор или глазура. Во многу земји, флуоридот се додава и во водата за пиење, а обично пастите за заби содржат флуорид како додатна заштита против кариес.

Што може да направи заболекарот?

Заболекарите сѐ повеќе се обучуваат да применат заштитни мерки за да се намали штетата од губењето на минералните соли. Честопати, кариесот може да се стопира со тоа што оштетувањата ќе се лекуваат додека се сѐ уште мали. На тој начин, доколку се сосредоточите на тоа рано да се откријат и да се лекуваат сите оштетувања, одењето на заболекар и не мора да биде непријатно доживување.

Меѓутоа, ако киселината што ја создава денталниот плак остане на забите, може да дојде до кариес. Ако не се спречи кариесот, може да се појави шуплина во забот. Тогаш забот треба да се лекува. Ако кариесот сѐ уште не стигнал до срцевината на забот, во која се сместени нервите, забот обично се пломбира.

Заболекарот користи дупчалка за да ја исчисти шуплината и за да го обликува отворот да одговара на пломбата. Потоа во отворот се става пломбата. Пломбите со жива брзо се стврднуваат и лесно се обликуваат, додека сложените смоли се стврднуваат со помош на сина оптичка светлина. Ако шуплините не се лекуваат и ако кариесот се прошири и на срцевината од забот, можеби ќе има потреба од пулпектомија или можеби дури и ќе треба да се извади забот. Со чистењето на каналот може да се избегне вадењето на забот, бидејќи тој процес вклучува пломбирање и затворање на срцевината на болниот заб. За да се затвори тешко оштетен заб се користат коронки, а за да се заменат заби се користат мостови или вештачки заби.c

Зошто се исплати трудот

Можеби сѐ уште Ви е страв да одите на заболекар. Ако се плашите, разговарајте со својот заболекар во врска со тоа што Ве плаши. Пред да почнете со лекување, договорете се каков знак ќе му дадете (на пример, да подигнете рака) ако почне да Ве боли. Замолете го да Ви објасни што вклучува секоја етапа од лекувањето. Исто така, можете да придонесете за оралното здравје на Вашето дете ако позитивно зборувате за негата на забите и ако не го плашите детето дека ќе го носите на заболекар ако не е мирно.

Д-р Даниел Канделма, професор на Одделот за орално здравје при Универзитетот во Монтреал, вели: „Денес, во врска со здравјето на забите може да се оствари оваа корисна цел: да си ги заштитите своите здрави, природни заби и цел живот да имате убава, блескава насмевка“. Тој труд навистина се исплати!

[Фусноти]

a Потполно развиениот заб е траен запис за навиките на исхрана на мајката за време на бременоста и за време на раното детство на детето, бидејќи забите се формираат под површината на непцето. Забите престануваат да растат кога детето ќе дојде во доцните тинејџерски години или во почетокот на дваесетите.

b Стручњаците од полето на стоматологијата откриле дека ксилитолот, природен шеќер, помага да се контролира штетната бактерија на денталниот плак која предизвикува кариес. Ксилитолот го има во некои гуми за џвакање.

c За повеќе информации во врска со вештачки заби, видете ја статијата „Дали Ви треба забна протеза“ од српското издание на Разбудете се! од 8 јуни 1993, страници 18-20.

[Рамка/слики на страница 14]

Миење на забите

Има неколку методи на миење на забите, но еве и едно предупредување — користете само мали количини паста за заби. Пастата е абразивна и може да биде „стотици пати потврда од природната структура на забите“.

1 Во однос на линијата на непцето, влакната на четката треба да се под агол од отприлика 45 степени. Нежно, со кратки потези, четкајте од линијата на непцето кон површината со која џвакате. Потрудете се да ги исчистите забите и однатре и однадвор.

2 Користете кратки, темелни потези за да ја исчистите површината со којашто џвакате.

3 За да ја исчистите внатрешната страна на предните заби, држете ја четкичката речиси вертикално. Четкајте од линијата на непцето кон површината на забите со која џвакате.

4 Убаво исчеткајте си ги јазикот и непцето.

[Извор на слика]

Чекори 1-4: Со љубезна дозвола на www.OralB.com

[Рамка/слики на страница 15]

Чистење на забите со забен конец

Заболекарите препорачуваат да ги чистите забите со конец секој ден и секогаш да си ги миете забите по јадење.

1 Намотајте парче забен конец на средниот прст од секоја рака и оставете мал дел меѓу нив.

2 Со палецот од едната и показалецот од другата рака, држете го конецот затегнат. Со движења напред-назад, пикнете го конецот меѓу забите.

3 Свиткајте го конецот во полукруг и тријте го горе-долу од страните на секој заб. Нежно движете го конецот под линијата на непцето, но не притискајте го премногу силно на непцето туку користете напред-назад движење под линијата на непцето.

[Извори на слики]

Извор: The Columbia University School of Dental and Oral Surgery’s Guide to Family Dental Care

Чекори 1-3: Со љубезна дозвола на www.OralB.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели