ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/5 стр. 3-5
  • Недоспаност — сѐ поголем проблем?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Недоспаност — сѐ поголем проблем?
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Спиење — луксуз или потреба?
    Разбудете се! 2003
  • Како да спиете подобро
    Разбудете се! 2003
  • Дали доволно спијам?
    Младите прашуваат
  • Содржина
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/5 стр. 3-5

Недоспаност — сѐ поголем проблем?

МИЛИОНИ луѓе денес се влезени во еден тежок „долг“. Овој долг може да биде една од главните причини за сообраќајни несреќи, за уништени кариери, па дури и за распаднати бракови. Може лошо да се одрази врз нивното здравје и животен век. Се работи за еден дефицит што придонесува имунолошкиот систем да ослабне, а тогаш човек станува поподложен на различни инфекции. Со тој дефицит се поврзани разни заболувања, како што се дијабетесот, срцевите заболувања и прекумерната телесна тежина, како и други здравствени проблеми. Сепак, повеќето жртви не се свесни дека имаат некаков долг.

Виновникот за сето ова е недоспаноста — кога човек не се наспива толку колку што му е потребно за да си го зачува здравјето. Причината може да биде намерното лишување од сон кое е последица од начинот на живот или, пак, ненамерното лишување од сон кое е резултат на некоја болест.

Истражувачите на полето на медицината проценуваат дека секој човек на земјата секоја ноќ спие просечно по еден час помалку отколку што му е потребно. Иако можеби ова не изгледа толку страшно, долгот од шест милијарди часови секоја ноќ станал главен повод за истражувањата не само на различни болести поврзани со спиењето туку и на нивното влијание врз квалитетот на животот.

Во медицинските кругови некогаш се сметаше дека хроничната ненаспаност е само едно заболување, кое обично се нарекува несоница. Меѓутоа, една комисија што ја основа Американскиот конгрес наведе 17 различни проблеми со спиењето. Како и да е, има толку многу причини за несоница што таа честопати се смета за симптом на други проблеми, исто како што покачената температура е знак на некоја инфекција.

Дури и повременото лишување од сон може да биде катастрофално. Да го земеме, на пример, Том. Иако бил искусен возач на голема сканија, удрил во оградата на патот, при што врз еден од главните автопати се истуриле 400 литри сулфурна киселина. Том признава: „Сум заспал“. Со анализата на сообраќајните несреќи што се случиле на два автопата во САД било проценето дека поспаните возачи предизвикале околу 50 проценти од несреќите во кои имало жртви.

Размислете и за опасностите на работното место ако сте во близина на некој поспан колега. Австралискиот истражувач Ен Вилијамсон вели: „По 17 до 19 часа неспиење, резултатите [добиени од испитаниците] на некои тестови биле исти или полоши од резултати на луѓе што имале 0.05% [концентрација на алкохол во крвта]“. Со други зборови, испитаниците функционирале како да се на самата граница или како да ја преминуваат границата на количество алкохол што во некои земји е дозволено да се најде во крвта на возачот! Кога ќе се земе предвид дека секоја година се случуваат стотици илјади сообраќајни несреќи или несреќи на работното место поврзани со спиењето, цената што се плаќа во светот во поглед на продуктивноста и последиците за семејствата е огромна.a

Кои фактори би можеле да бидат причина за недоспаност? Еден фактор е општествената појава што честопати се нарекува 24/7 — кога некои услужни објекти работат седум дена во неделата по 24 часа на ден. Во USA Today ова е опишано како „културен земјотрес што го менува начинот на живот“, и се коментира дека „еден нов бран на продавачи и услужни објекти што работат нон-стоп профитираат не водејќи сметка што е ден, а што е ноќ“. Во многу земји, луѓето гледаат телевизија по цела ноќ и се вклучуваат на Интернет во време кога би требало да спијат. Освен тоа, тука е и данокот што го земаат емотивните растројства, во кои честопати спаѓаат сѐ поголемите грижи од стресот и темпото на живот. На крајот, тука се и најразличните физички заболувања што можат да придонесат за недоспаност.

Многу доктори велат дека им е тешко да ги убедат своите пациенти дека недоспаноста е сериозна работа. Еден доктор се жалел дека некои луѓе го сметаат хроничниот замор за „симбол на статусот“. А бидејќи нивната здравствена состојба честопати се влошува постепено, оние што се лишуваат од сон можеби не сфаќаат дека причината за нивната состојба е некој сериозен проблем со спиењето. Мнозина си мислат: ‚Само стареам‘ или ‚Не можам да излезам на крај со животните проблеми, па затоа некако не функционирам како што треба‘ или ‚Нон-стоп сум уморен затоа што никако не можам да се одморам како човек‘.

Недоспаноста е сериозен проблем за кој не постои едноставно решение. Но, ако разберете како тече нормалниот ритам на спиењето и ако научите како да ги препознавате знаците што укажуваат на тоа дека страдате од недоспаност, ќе бидете мотивирани да направите некои промени. Ако се препознаат симптомите на некој сериозен проблем со спиењето, можат да се спасат животи.

[Фуснота]

a Се смета дека заморот бил причина за многу од најтешките сообраќајни несреќи во 20 век. Видете го српското издание на Разбудете се! од 8 февруари 2001, страница 6.

[Слика на страница 4]

Дури и ако се лишувате од сон само одвреме навреме, може да дојде со големи несреќи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели