ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/7 стр. 10-11
  • Нешто подобро од реформи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нешто подобро од реформи
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Повик за реформа
    Разбудете се! 2004
  • Исус излекувал двајца слепи и отишол кај Закхеј
    Исус — патот, вистината и животот
  • Дали реформаторите имаат решение?
    Разбудете се! 2004
  • Исус поучува во Ерихон
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/7 стр. 10-11

Нешто подобро од реформи

АКО едно дрво дава безвреден плод, проблемот нема да се реши ако се скастрат само неколку гранки. Целото дрво мора да се отсече и корењата да се извадат од земјата. Потоа треба да се засади друго дрво, кое ќе дава добри плодови (Матеј 7:16—20).

На сличен начин, дури и оние реформатори што имаат најблагородни цели се обидуваат да ги лекуваат само симптомите на проблемите што го измачуваат човечкото општество — корупција, неправда, немаштија и кражби. Меѓутоа, коренот на проблемите лежи многу подлабоко. Треба да се промени целокупниот систем. Библијата ветува токму такво нешто.

Божјето Царство е небесна влада што ќе стори нешто повеќе — и тоа многу повеќе — отколку само да го преструктуира, да го реорганизира или да го реформира човечкото општество. Таа влада ќе воведе еден сосема нов начин на управување со работите што ги засегаат луѓето и ќе го обедини целото човештво под својата власт. Оваа влада ќе поведе сметка за образованието, вработувањето, станбеното прашање, исхраната, здравјето и животната средина.

Во Псалм 72:12—14 пророчки е опишано она што месијанскиот Цар ќе го стори за човештвото: „Тој ќе го спаси бедниот што воздивнува, угнетуваниот, што нема помошник; ќе им се смилува на немоќниот и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот: Ќе ги ослободи од неправдата и насилствата“.

Но, за да може општеството да биде целосно ослободено од корупција, неправда и немаштија, секако дека нема да треба да се промени само владата туку и луѓето. Затоа, Царството ќе му даде на секој поединец водство за тоа како да води радосен, смисловен и задоволувачки живот. Библијата ветува дека Божјето Царство ќе им помогне на своите земни поданици да се променат. Како?

Под тоа Царство поданиците ќе бидат поучени на патиштата на Јехова Бог, а тоа ќе им помогне да стекнат вера и љубов (Исаија 11:9). Љубовта кон Бог го поттикнува срцето на акција. На пример, во првиот век, Исус го сретнал Закхеј, главен даночник што си ги полнел џебовите зголемувајќи ги даноците што им биле наметнати на луѓето. Исус не го натерал овој корумпиран службеник да се промени со тоа што го засрамил. Наместо тоа, Исус му помогнал на Закхеј да ја увиди својата грешка и да се покае. Закхеј бил поттикнат од точното спознание за Божјите начела и од љубовта кон Бог. Тој направил големи промени (Лука 19:1—10).

Зарем тоа не е најдобриот лек за недостатоците на општеството — една совршена, праведна влада што ќе се грижи за интересите на луѓето и ќе го мотивира секој поединец да се промени? Дали тогаш ќе имаме потреба од реформи? Не, затоа што Бог ќе направи сѐ ново. Поранешните работи ќе поминат (Откровение 21:4, 5).

[Слики на страница 10]

Божјето Царство нема да донесе само реформи, туку целосна промена

[Слика на страница 11]

Додека Исус бил на земјата, им помагал на луѓето да направат промени кај себе лично

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели