ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/7 стр. 3-4
  • Повик за реформа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Повик за реформа
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Реформа наспроти статус кво
  • Дали реформаторите имаат решение?
    Разбудете се! 2004
  • Нешто подобро од реформи
    Разбудете се! 2004
  • Содржина
    Разбудете се! 2004
  • Зошто е време да се донесе одлука?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/7 стр. 3-4

Повик за реформа

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ГЕРМАНИЈА

„Да бев помлада, ќе започнев реформаторско движење!“, извикнала Ана, една 80⁠-годишна Германка. „Што би промениле?“, ја прашал Роберт. „Сѐ!“, одговорила Ана.

МНОЗИНА би се согласиле со Ана. Една анкета спроведена во Германија во средината на 1990⁠-тите покажа дека две третини од анкетираните сметале дека се потребни ‚далекосежни реформи и важни општествени промени‘. Можеби ситуацијата е слична и во Вашата земја.

Кога населението упорно инсистира на промени, обично му се ветува реформа. Во врска со реформите во образованието, Фредерик Хес, доцент за образование и политички науки, напишал: „Реформата главно е симболичен обид да се смири нестрпливото население“. Читаме наслови во весниците со кои се најавуваат планови за фискални реформи, реформи во здравството, земјоделството и законодавството. Слушаме за предлог-реформи во образованието, социјалната заштита и казнениот систем.a Исто така, читаме дека членовите на некои цркви вршат притисок да се спроведат доктринални реформи.

Реформа наспроти статус кво

Што стои зад ваквото барање на промени? Човекот постојано се обидува да го подобри светот околу себе. Се обидел да го направи тоа со помош на гласање, пари, донесување закони или примена на сила. Ова е резултат на длабоко вкоренетата желба на човекот да си го подобри животот, да обезбеди подобра иднина за своите деца, да изгради општество што ќе биде во склад со неговите идеалистички сфаќања за благосостојба, морал и правда. Сѐ додека има луѓе што се борат да се ослободат од последиците на неписменоста, болестите, сиромаштијата и гладот, ќе има повик за реформа.

Иако многу луѓе со радост ги чекаат реформите, други имаат поинакво гледиште во врска со реформаторите и она што тие се трудат да го постигнат. Некои повеќе сакаат општеството да биде такво какво што е, да остане на статус кво. Тие сметаат дека реформаторите се идеалисти што сакаат да го променат светот, но изгубиле контакт со реалноста. Во Handbuch der deutschen Reformbewegungen 1880-​1933 (Прирачник на германските реформистички движења 1880—1933) се забележува дека реформаторите се „лесна мета на критицизам, политички стрипови, карикатури и иронија“. Францускиот драмски писател Молиер во една прилика рекол: „Од сите глупости нема поголема од тоа да сакаш да го поправиш светот“.

Што мислите Вие за ова? Може ли светот да се подобри со помош на реформи? Или, пак, реформаторите се само некакви занесени визионери? Што е со реформите што биле извршени во минатото? Дали оние што ги спровеле ги постигнале своите цели? Овие прашања ќе ги разгледаме во следните статии.

[Фуснота]

a Во склад со својата намена, Разбудете се! ‚останува секогаш неутрално во политички поглед‘. Цел на оваа дискусија за реформите е да ги информира нашите читатели и да укаже на единственото вистинско решение за задоволување на потребите на човекот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели