ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/9 стр. 19-21
  • Зошто е толку лош со мене?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто е толку лош со мене?
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да гледаме како што гледа Бог
  • Ти не си крива!
  • Размислувај поинаку
  • Погледни ѝ в очи на вистината
  • Што да направам за дечкото да престане да ме малтретира?
    Разбудете се! 2004
  • Дали да раскинеме?
    Разбудете се! 2009
  • Како да прекинете со навредите
    Разбудете се! 2013
  • Од зборови кои повредуваат до зборови кои лекуваат
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/9 стр. 19-21

Младите прашуваат . . .

Зошто е толку лош со мене?

„[Мојот дечко] честопати ме обвинува за некои безначајни работи. Но, емотивно сум врзана за него“ (Кетрин).a

Однадвор не се гледаше [повреда], но длабоко во себе чувствував страшна болка“ (Андреа, на која дечкото ѝ удрил шлаканица).

СТАНУВА збор за една многу вообичаена приказна: Девојката излегува со дечко што ѝ се чини олицетворение на шармот и љубезноста. Но, полека-полека тој почнува да се менува. Нежните зборови му отстапуваат место на зајадлив сарказам и понижувачки критики. Во почетокот, таа не обрнува внимание, мислејќи си дека тоа е само нетактично но нежно задевање. Меѓутоа, ситуацијата се влошува до тој степен што вербалните напади, како и изливите на гнев проследени со изрази на длабоко каење стануваат секојдневна шема. Бидејќи си мисли дека на некој начин самата е виновна за таквото лошо однесување, девојката страда во себе, надевајќи се дека работите ќе тргнат на подобро. Но, ситуацијата не се менува. Нејзиниот дечко сега почнува сѐ почесто да ѝ вика. Во една прилика толку збеснува што грубо ја оттурнува! Таа се плаши дека следниот пат ќе ја удри.b

Дечкото и девојката чија што врска се карактеризира со физичко и вербално малтретирање можат да бидат изложени на непрекинат рафал од критики, навреди и изливи на гнев. Дали си и ти во ваква ситуација? (Види ја рамката „Некои знаци на предупредување“.) Ако да, можеби се чувствуваш толку вознемирено и засрамено што едноставно не знаеш што да правиш.

Ваквите случаи воопшто не се толку ретки колку што можеби си мислиш. Истражувачите проценуваат дека 20 отсто од младите се соочуваат со некој облик на насилство од страна на партнерот со кој се во врска. Ако и вербалното малтретирање се вклучи во оваа проценка како еден вид насилство, тогаш бројката се зголемува на 80 отсто. Спротивно на вообичаеното мислење, жртви не се само лица од женски пол. Според една британска студија што се занимавала со насилство во врските, „скоро еднаков процент на мажи и жени“ изјавиле дека партнерот ги малтретира.c

Што е причина за ваквото малтретирање во врските? Што да правиш ако се најдеш во таква ситуација?

Да гледаме како што гледа Бог

Пред сѐ, треба да сфатиш колку, всушност, сериозна е оваа работа во Божји очи. Факт е дека несовршените луѓе ќе кажат и ќе прават работи што ги повредуваат другите (Јаков 3:2). Исто така, факт е дека дури и луѓе што се сакаат и што имаат меѓусебна доверба одвреме навреме нема да се сложуваат. На пример, апостол Павле и Варнава биле зрели христијани. Сепак, во една прилика меѓу нив дошло до „жесток излив на гнев“ (Дела 15:39). Затоа, ако се запознаваш со некого, можно е понекогаш меѓу вас да се појави напнатост.

Освен тоа, не би било реалистично да очекуваш дека твојот дечко нема никогаш да ти упати ниту еден збор на критика. На крајот на краиштата, вие планирате да се земете. Ако нему му смета некоја твоја карактерна црта или навика, зарем нема да биде знак на љубов да разговара со тебе за тоа? Точно, критиката знае да боли (Евреите 12:11). Но, ако е мотивирана и дадена од љубов, тогаш не треба да се сфати како навреда (Пословици 27:6).

Но, викањето, удирањето шлаканици или тупаници и навредувањето се сосем нешто друго. Библијата го осудува ‚гневот, лутината, злобата и погрдниот говор‘ (Колошаните 3:8). Јехова навистина многу се гневи ако некој ја злоупотребува „моќта“ за да ги понижува, заплашува и угнетува другите (Проповедник 4:1, NW; 8:9). Всушност, Божјата реч им заповеда на мажите „да ги љубат своите жени како своите сопствени тела . . . зашто никој никогаш не го мразел своето тело; туку го храни и негува“ (Ефешаните 5:28, 29). Дечкото што ѝ се обраќа со погрдни зборови на девојката со која се запознава или, пак, ја малтретира, нема да биде добар брачен другар. Истовремено, тој го предизвикува и незадоволството на самиот Јехова Бог!

Ти не си крива!

Меѓутоа, оние што малтретираат честопати ги обвинуваат своите жртви. Затоа, понекогаш можеби мислиш дека ти си крива ако твојот дечко се разлути. Но, неговата лутина можеби нема никаква врска со тебе. Честопати мажите што малтретираат растеле во семејства каде што насилството и погрдниот говор биле сметани за нормална работа.d Во некои земји врз младите мажи можеби влијае менталитетот според кој од нив се очекува да доминираат. Исто така и врсниците можат да вршат притисок врз младите да бидат мачо-типови. Ако твојот дечко нема самодоверба, скоро сѐ што ќе кажеш или ќе направиш може да придонесе да се чувствува загрозен.

Без разлика за што станува збор, ти не си одговорна за нечии изливи на бес. Нема апсолутно никаков изговор за погрдниот говор и за насилното однесување.

Размислувај поинаку

И покрај тоа што ти не си крива, можеби сепак ќе треба да го промениш својот начин на размислување. Зошто? Па, ако некоја девојка и самата растела во околности каде што насилното однесување и погрдниот говор биле вообичаени, тогаш грубото однесување може да ѝ изгледа нормално. Наместо да се згрози од таквото нехристијанско однесување, таа можеби го толерира — па дури и го смета за привлечно. Да, некои жртви на малтретирање признаваат дека им се досадни мажите што се премногу фини. Други девојки, пак, се занесуваат дека тие можат да го променат својот дечко.

Ако која и да било од овие работи важи за тебе, тогаш треба да ‚се преобразиш со обновување на твојот ум‘ (Римјаните 12:2). Со молитва, проучување и медитирање, треба сериозно да го земеш при срце Јеховиното гледиште за малтретирањето и да увидиш дека тоа е одвратно. Треба да сфатиш дека ти не заслужуваш некој да те малтретира. Ако работиш на тоа да бидеш скромна — односно свесна за своите ограничувања — ќе ти стане јасно дека не можеш да го промениш дечкото што е склон да се гневи. Одговорноста да се промени е лично негова! (Галатите 6:5).

Во некои случаи, девојките трпат малтретирање бидејќи имаат чувство на ниска самопочит. Кетрин, која беше спомната во почетокот, вели: „Не можам да си го замислам животот без него, а не можам да замислам ни дека ќе најдам некој подобар од него“. Една друга девојка по име Хелга рекла нешто слично за својот дечко: „Му давам да ме тепа бидејќи и тоа е подобро отколку воопшто да не ме приметува“.

Дали ваквите гледишта звучат како добра основа за успешна врска? И дали навистина можеш да сакаш некого ако ни самиот не се сакаш? (Матеј 19:19). Работи на тоа да стекнеш исправна мера на самопочит.e Но, ова нема да ти успее сѐ додека поднесуваш некој да те малтретира. Како што една девојка по име Ирена кажува од лично искуство, ако поднесуваш малтретирање тоа може „да ти ја уништи и таа самопочит што ја имаш“.

Погледни ѝ в очи на вистината

Може да биде тешко да си признаеш дека твојата врска не е како што треба, посебно ако се развиле силни романтични чувства. Но, немој да ги затвораш очите пред вистината. Една библиска пословица гласи: „Претпазливиот го предвидува злото и се скрива, а неразумните одат напред, и претрпуваат казна“ (Пословици 22:3). Од свое лично искуство, една девојка по име Хана вели: „Кога си вљубен во некого, ти си како слеп — ги гледаш само добрите особини“. Сепак, ако некој те малтретира, тогаш е многу важно да го видиш во вистинска светлина. А ако твојот дечко предизвикува да се чувствуваш загрозена или понижена, нешто навистина не е како што треба. Немој едноставно да преминеш преку твоите чувства, да го оправдуваш или да се обвинуваш. Искуството покажува дека ако не се преземе ништо, малтретирањето само ќе се влоши. Твојата благосостојба може да биде сериозно загрозена!

Се разбира, најдобро би било воопшто да не почнуваш врска со некого на кого му фали самосовладување (Пословици 22:24). Затоа, ако некој што не го познаваш добро сака да излегува со тебе, би било добро да дознаеш нешто за него. Зошто не предложиш за почеток да бидете заедно во друштво со други? Ова ќе ти помогне да го запознаеш без да влезеш пребрзо во романтична врска. Постави си некои важни прашања како, на пример: Кои му се пријатели? Каква музика, филмови, компјутерски игри и спортови сака? Дали од разговорите со него се гледа дека ги цени духовните работи? Разговарај со луѓе што го познаваат, како што се старешините во неговото собрание. Тие ќе ти кажат дали другите ‚зборуваат добро‘ за него, како за зрела личност која се однесува на начин што Бог го одобрува (Дела 16:2).

Но, што можеш да сториш ако веќе си во врска со некој што те малтретира? Следната статија од оваа рубрика ќе дискутира за тоа прашање.

[Фусноти]

a Некои имиња се сменети.

b Овие статии зборуваат за жртвите на вербално и физичко малтретирање. Во статиите со наслов „Од зборови кои повредуваат до зборови кои лекуваат“ и „Тиранизирање — каква е штетата“, во изданијата на Разбудете се! од 8 февруари 1997 и од 8 јули 1997, се дадени совети кои можат да им помогнат на оние што постапуваат на ваков начин.

c Меѓутоа, заради едноставност ќе зборуваме за жртвите на малтретирањето како да се од женски пол. Начелата за кои се дискутира овде се однесуваат и на машкиот и на женскиот пол.

d Види ја статијата „Разоткривање на корењата на погрдниот говор“ во нашето издание од 8 февруари 1997.

e Види го 12. поглавје од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, издадена од Јеховините сведоци.

[Рамка на страница 21]

Некои знаци на предупредување

◼ Кога сте сами или кога сте во друштво, често дава понижувачки коментари за тебе, за твоето семејство или за твоите пријатели

◼ Обично не им обрнува внимание на твоите желби и чувства

◼ Се обидува да го контролира секој аспект од твојот живот, инсистирајќи секогаш да знае каде си и што правиш и донесувајќи ги сите одлуки за тебе

◼ Ти вика, те оттурнува или ти се заканува

◼ Се обидува да те натера да му изразиш наклоност на непристоен начин

◼ Не можеш да направиш речиси ништо а да не се грижиш дали со тоа на некој начин нема да го изнервираш

[Слика на страница 20]

Постојаното критикување и навреди можат да бидат знак дека една врска не е како што треба

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели