ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/09 стр. 18-20
  • Дали да раскинеме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали да раскинеме?
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како да му раскинеш
  • Дали е погрешно да имаш тајна врска?
    Разбудете се! 2007
  • Зошто е толку лош со мене?
    Разбудете се! 2004
  • Дали тој е за мене?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Кога може да започнам врска со некого?
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 1/09 стр. 18-20

Младите прашуваат

Дали да раскинеме?

„Мислевме дека совршено си одговараме, иако одевме само три месеци. И веќе зборувавме дека ќе останеме заедно засекогаш“ (Џесика)a

„Бев затрескана во него, но требаше да минат неколку години за тој воопшто да почне да ме забележува! Сакав да имам постар дечко кој ќе се грижи за мене“ (Керол)

По некое време, и Џесика и Керол им раскинале на своите дечковци. Зошто? Дали биле глупави што оставиле супер дечки како нив?

ВО ВРСКА сте скоро цела година. На почетокот си била сигурна дека тој е вистинскиот.b И сѐ уште има моменти кога ја чувствуваш истата заљубеност како на почетокот. Но, сега те јаде црвот на сомнежот. Дали да ги игнорираш овие чувства? Дали да раскинете?

Како прво, мораш да прифатиш една сурова вистина — да се игнорираат знаците за опасност во една врска е исто како да се игнорираат црвените сијалички на контролната табла од автомобилот. Проблемот нема да се реши сам од себе. Може само да се влоши. На кои знаци за опасност во една врска би требало да обрнеш внимание?

Станавме премногу блиски за многу кратко време. Ова честопати води до проблеми. Карол вели: „Си испраќавме пораки преку Интернет и разговаравме по телефон. Ваквиот начин на комуникација може да биде многу посилен од директниот бидејќи овозможува разговорот за кратко време да стане интимен!“ Не скратувај си ја можноста добро да се запознаете. Една врска не треба да биде како плевел што расте за кратко време и веднаш потоа овенува, туку како убаво растение на кое му треба време за да се развие.

Ме критикува и ме понижува. Една девојка по име Ана вели: „Многу сакав да бидам со мојот дечко, иако тој постојано ме понижуваше. Поднесував ситуации кои порано не можев ни да замислам дека ќе ги дозволам!“ Библијата го осудува ‚навредливиот говор‘ (Ефешаните 4:31). Понижувачките зборови, макар и да се изговорени смирено и тивко, немаат место во една врска што се темели на љубов (Изреки 12:18).

Избувлив е. „Разборитиот човек има мирен дух“, стои во Изреки 17:27. Ерин сфатила дека овие зборови не важат за нејзиниот дечко. Таа вели: „Кога имавме несогласувања, знаеше да ме турне, а понекогаш ми оставаше и модринки“. Библијата ги советува христијаните: „Нека се отстрани од вас сета злобна горчина и лутина и гнев“ (Ефешаните 4:31). Тешко дека некој што не може да се контролира е спремен за врска (2. Тимотеј 3:1, 3, 5).

Крие дека одиме. „Мојот дечко не сакаше другите да знаат дека сум му девојка“, се присетува Анџела. „Се вознемири дури и кога татко ми дозна за тоа!“ Се разбира, може да има оправдана причина двајца што се запознаваат да не разгласуваат веднаш за тоа. Но, да се биде таинствен, т.е. намерно да се крие врската од оние што имаат право да знаат за неа, може да води до проблеми.

Не планира да се земеме. Христијаните почнуваат врска со чесна намера, имено да утврдат дали си одговараат за брак. Се разбира, ова не значи дека веднаш штом ќе почнеш врска ќе треба да ја испланираш твојата свадба. Всушност, многумина не се венчаваат со својот прв дечко. Сепак, не би требало некој да започнува врска ако не е во состојба да ги исполнува брачните одговорности.

Нашата врска не е стабилна. Во Изреки 17:17 стои: „Вистинскиот пријател сака во секое време“. Ова не значи дека ќе се согласувате во сѐ. Но, ако постојано само раскинувате и се смирувате, ова може да биде знак дека меѓу вас има сериозен проблем кој не смее да се игнорира. Тоа го сфатила и Ана, која вели: „Честото раскинување беше многу болно за мене. Постојано се трудев да поправам врска што ќе беше подобро воопшто да не ја ни почнев“.

Ме тера да спијам со него. „Штом одбиваш, значи не ме сакаш.“ „Како инаку да бидам сигурен дека нашата врска е сериозна?“ „Па, нема да биде секс ако немаме вистински сексуален однос.“ Ова се само неколку „формули“ со кои дечковците ги наведуваат своите девојки на секс. Во Јаков 3:17 стои: „Мудроста одозгора пред сѐ е чиста“. Заслужуваш да имаш морално чист дечко кој ќе го почитува твојот став во врска со интимните односи. Немој да го спушташ тоа мерило!

Добивам предупредувања од другите. Во Библијата стои: „Успехот лежи во мноштвото советници“ (Изреки 15:22). Џесика вели: „Не можеш да го игнорираш мислењето на роднините и пријателите, како што не можеш да го игнорираш ни твоето внатрешно чувство дека нешто не е во ред. Колку повеќе ги занемаруваш предупредувањата од другите толку повеќе си ја отежнуваш ситуацијата“.

Ова се само неколку знаци на опасност кои можат да сигнализираат дека меѓу вас ќе има проблеми.c Ако имаш дечко, дали се препознаваш во некоја од ситуациите што беа спомнати? На празните линии напиши што те загрижува тебе лично.

․․․․․

Како да му раскинеш

Да речеме дека си донела одлука да му раскинеш. Како да го сториш тоа? Има повеќе начини, но би било добро да ги земеш предвид следниве начела.

Биди храбра. „Станав толку зависна од мојот дечко што се плашев да го оставам“, вели една девојка по име Трина. Потребна е храброст отворено да се изјасниш пред да ѝ ставиш крај на врската. Меѓутоа, вреди да си го браниш достоинството (Изреки 22:3). Тоа ќе ти помогне јасно да си зацрташ што си спремна, а што не си спремна да толерираш во една врска, а подоцна и во бракот.

Биди фер. Како би сакала твојот дечко да постапи со тебе ако тој реши да ти раскине? (Матеј 7:12). Веројатно ќе се согласиш дека заслужува повеќе отколку преку имејл, СМС или телефонска секретарка да му кажеш: „Свршено е меѓу нас!“

Одбери соодветно време и место. Дали да му кажеш лично или преку телефон? Дали да му пишеш писмо или да разговарате? Сѐ зависи од околностите. Најважно е да не биде загрозена твојата безбедност и да не дозволиш да останете сами, што би можело да разгори погрешни желби (1. Солуњаните 4:3).

Биди искрена. Немој да ја криеш вистинската причина поради која му раскинуваш. Ако мислиш дека твојот дечко не постапува добро со тебе, кажи му го тоа. Наместо да го напаѓаш, зборувај за твоите чувства. На пример, наместо да кажеш: „Постојано ме понижуваш!“, речи: „Се чувствувам понижена кога...“

Сослушај го. Дали можеби имаш искривена слика за целата ситуација? Не наседнувај на евтини трикови, но исто така биди разумна и спремна да ги земеш предвид сите факти. Мудриот поттик што Библијата им го дава на христијаните е ‚да бидат брзи на слушање, а бавни на зборување‘ (Јаков 1:19).

[Фусноти]

a Имињата во оваа статија се сменети.

b Иако информациите во оваа статија се изнесени од женска перспектива, истите начела важат и за двата пола.

c Повеќе информации можеш да најдеш во Разбудете се! од мај 2007, на страници 18-20.

РАЗМИСЛИ

◼ Напиши ги особините што сметаш дека треба да ги има твојот дечко.

◼ Кои негови особини би биле неприфатливи за тебе?

[Рамка на страница 20]

ЛИЦЕТО СО КОЕ СИ ВО ВРСКА ТРЕБА...

□ да има исти верски убедувања како твоите (1. Коринќаните 7:39)

□ да го почитува твојот став во врска со интимните односи (1. Коринќаните 6:18)

□ да биде обѕирен кон тебе и кон другите (Филипјаните 2:4)

□ да биде на добар глас (Филипјаните 2:20)

[Рамка на страница 20]

ВНИМАВАЈ АКО ТВОЈОТ ДЕЧКО...

□ сака да биде само по негово

□ постојано прави да се чувствуваш виновна, глупава или безвредна

□ се обидува да те оддалечи од роднините и пријателите

□ постојано те контролира каде одиш и што правиш

□ без никаква причина те обвинува дека флертуваш со други

□ ти се заканува или ти врши притисок

[Слика на страница 19]

Да се игнорираат знаците за опасност во една врска е исто како да се игнорираат црвените сијалички на контролната табла од автомобилот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели