ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/10 стр. 13
  • Денешен Добар Самарјанин

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Денешен Добар Самарјанин
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Еден Самарјанин се докажува како добар ближен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поука да бидеме љубезни
    Учи од Големиот Учител
  • Можно е да го сакаш ближниот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Самарјанинот кој покажал дека е вистински ближен
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/10 стр. 13

Денешен Добар Самарјанин

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО МЕКСИКО

Мнозина од нас ја чуле библиската приказна за еден пријателски настроен човек што честопати се нарекува Добриот Самарјанин (Лука 10:29—37). Во таа парабола Исус Христос покажал до каде отишол еден Самарјанин во покажувањето љубов кон својот ближен што бил во неволја. Дали и денес постојат такви добри Самарјани? Размислете за следниов извештај од Мексико.

Кога се враќал од пат, Бетуел и неговата фамилија биле на неколку километри од дома кога на автопатот виделе страшна сообраќајна несреќа. Тие запреле за да помогнат. Еден од возачите, некој доктор, ги замолил да ја одведат неговата бремена жена и двете ќеркички во најблиската болница. Така и сториле, а потоа Бетуел се вратил на местото на несреќата за да види дали може уште да помогне.

Бетуел раскажува: „Пристигна државната сообраќајна полиција, и докторот мораше да го задржат за испитување бидејќи во несреќата имаше жртви. Кога докторот ме праша зошто му помагам, му објаснив дека ние сме Јеховини сведоци и од Библијата сме научиле дека треба да го сакаме нашиот ближен. Му реков да не се грижи за жената и децата бидејќи ние ќе се погрижиме за нив. Во очите му навреа солзи од благодарност и ми даде да му ги чувам сите вредни работи што ги имаше“.

Бетуел и неговата фамилија ја зеле кај себе фамилијата на тој човек и се грижеле за нив неколку дена. Бетуел искористил прилика да започне со нив библиска студија. Кога докторот го пуштиле од притвор, се заблагодарил и рекол дека им се восхитува на Јеховините сведоци. Ветил дека ќе продолжи со библиската студија во својот град, и рекол дека, ако им се роди синче, ќе му го даде името Бетуел. Бетуел понатаму вели: „Сега, по две години, имавме прилика да ги посетиме. На мое изненадување, ја проучуваа Библијата, а нивното синче навистина се викаше Бетуел!“

[Слика на страница 13]

Бетуел

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели