ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/12 стр. 8-11
  • Крај на предрасудите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крај на предрасудите
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто да се бориме со предрасудите
  • Борба со предрасудите денес
  • Инструмент за борба со предрасудите
  • Да бидеме обединети како што се обединети Јехова и Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Предрасудите — проблем од светски размери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Ќе има ли свет без предрасуди?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Предрасуди — дали ги носиш во себе?
    Разбудете се! 2020
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/12 стр. 8-11

Крај на предрасудите

ДАЛИ можеме да забележиме дека понекогаш и самите сме склони да имаме предрасуди? На пример, дали без да познаваме некого, проценуваме каков е врз основа на бојата на неговата кожа, на неговата националност, или етничка припадност? Или, пак, го проценуваме лицето на темел на неговите или нејзините уникатни особини?

Во времето на Исус, било вообичаено луѓето што живееле во Јудеја и во Галилеја да си „немаат ништо со Самарјаните“ (Јован 4:9). Во Талмудот е запишана една изрека што, без сомнение, била одраз на чувствата на многу Евреи: „Не дај Боже да погледнам на Самарјанин“.

Можеби дури и апостолите на Исус, до одреден степен, имале предрасуди кон Самарјаните. Во една прилика не биле примени љубезно во едно самарјанско село. Јаков и Јован прашале дали можат да кажат да слезе оган врз неприемливите луѓе. Со тоа што ги прекорил, Исус покажал дека нивниот став бил неисправен (Лука 9:52—56).

Подоцна, тој им раскажал парабола за еден човек кој бил нападнат од разбојници додека патувал од Ерусалим кон Ерихон. Двајца побожни еврејски минувачи не биле спремни да му помогнат на тој човек. Но, еден Самарјанин запрел и му ги преврзал раните, а потоа се погрижил да му биде дадена потребната нега за да закрепне од повредите. Тој Самарјанин докажал дека е вистински ближен (Лука 10:29—37). Можеби оваа парабола на Исус им помогнала на неговите слушатели да увидат дека биле толку заслепени од предрасуди што не можеле да ги видат добрите особини кај другите. Неколку години подоцна, Јован се вратил во Самарија и проповедал во многу села — а можеби и во селото што порано сакал да биде уништено (Дела 8:14—17, 25).

И апостол Петар морал да постапи непристрасно кога еден ангел го упатил да зборува за Исус со Корнелиј, римски стотник. Петар немал обичај да има контакти со не-Евреи, а повеќето Евреи и не ги сакале римските војници (Дела 10:28). Но, кога видел дека Бог ги води работите, Петар рекол: „Навистина сфаќам дека Бог не е пристрасен, туку во секоја нација му е прифатлив оној кој се плаши од него и кој го прави она што е праведно“ (Дела 10:34, 35).

Зошто да се бориме со предрасудите

Со предрасудите се крши едно основно начело за кое поучувал Исус: „Според тоа, сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, истото правете им го и вие“ (Матеј 7:12). Кој од нас сака да го презираат само поради местото на раѓање, поради бојата на кожата или поради потеклото? Со предрасудите се кршат и Божјите мерила за непристрасност. Библијата поучува дека Јехова „ја создаде секоја човечка нација да живее по целата површина на земјата“ (Дела 17:26). Според тоа, сите луѓе се браќа.

Исто така, Бог го просудува секого врз основа на тоа каков е како личност. Тој не го осудува поради нешто што го направиле неговите родители или предци (Езекиел 18:20; Римјаните 2:6). Дури и угнетувањето од страна на некоја нација не е оправдана причина да се мразат поединци од таа нација, кои најверојатно не се лично одговорни за неправдата што се нанесува. Исус ги учел своите следбеници да ‚ги љубат своите непријатели и да се молат за оние што ги прогонуваат‘ (Матеј 5:44, 45).

Благодарение на таквите поуки, на христијаните од првиот век им било помогнато да ги надвладеат предрасудите и да станат едно единствено меѓународно братство. Тие меѓусебно се нарекувале браќа и сестри и се сметале за такви, иако меѓу нив имало лица од најразлични култури (Колошаните 3:9—11; Јаков 2:5; 4:11). Начелата што ја овозможиле оваа промена кај нив можат да донесат слични добри резултати и денес.

Борба со предрасудите денес

Скоро секој од нас има некои однапред оформени мислења, но тие не мораат да се претворат во предрасуди. „Однапред донесените заклучоци стануваат предрасуди само тогаш кога човек не сака да го смени мислењето и во светлината на нови информации“, вели книгата Природата на предрасудите. Честопати предрасудите можат да бидат надминати кога луѓето ќе се запознаат едни со други. Сепак, забележува истиот извор, „само оној вид контакти при кој луѓето прават некоја работа заедно обично води до промена на ставовите“.

На ваков начин Џон, Нигериец од народот Ибо, ги надминал предрасудите што ги имал кон народот Хауса. „На факултетот“, вели тој, „се запознав со некои студенти од народот Хауса, кои ми станаа пријатели, и увидов дека тие се принципиелни луѓе. Работев со еден од нив на заеднички проект и се сложувавме многу добро; додека мојот поранешен соработник, кој беше од мојот народ, не си го заврши својот дел од работата.“

Инструмент за борба со предрасудите

Во извештајот УНЕСКО против расизмот стои дека „образованието може да биде скапоцен инструмент во борбата со новите облици на расизам, дискриминација и исклучување од општествените текови“. Јеховините сведоци веруваат дека во овој поглед библиското образование може навистина да биде од најголема помош (Исаија 48:17, 18). Кога луѓето ги применуваат во пракса библиските учења, почитта ги заменува сомнежите, а љубовта ја гаси омразата.

Јеховините сведоци увиделе дека Библијата им помага да ги надвладеат предрасудите. Всушност, Библијата им дава и мотивација и прилика да учествуваат во заеднички активности со луѓе од различни култури и со различно етничко потекло. Кристина, која беше цитирана во првата статија, е Јеховин сведок. „Нашите состаноци во Салата на Царството ми ја градат самодовербата“, вели таа. „Таму се чувствувам безбедно бидејќи никој нема предрасуди кон мене.“

Јасмин, која исто така е Сведок, се сеќава дека првпат била жртва на расизам кога имала девет години. Таа вели: „Четврток ми е секогаш најубав ден во седмицата бидејќи таа вечер одам во Салата на Царството. Таму луѓето покажуваат дека ме сакаат. Не се однесуваат кон мене со презир туку со почит“.

Луѓе од различно потекло работат заедно и кога учествуваат како доброволци во градежни проекти организирани од Јеховините сведоци. Сајмон е роден во Британија, но неговото семејство по потекло е од Карибите. Се соочил со многу предрасуди кога работел како ѕидар во световни градежни фирми. Но, ова не било случај во годините додека работел како доброволец на градежни проекти заедно со своите браќа во верата. „Работев со други Сведоци од најразлични земји“, раскажува Сајмон, „но научивме да се сложуваме. Најдобри пријатели ми станаа луѓе од други земји и со поинакво потекло од моето.“

Се разбира, Јеховините сведоци се несовршени луѓе. Затоа, можеби и тие мораат да продолжат да се борат со склоноста да имаат предрасуди. Но, тоа што се свесни дека Бог е непристрасен им дава силен поттик да не се откажат од таа борба (Ефешаните 5:1, 2).

Оние што се борат со предрасудите имаат бројни користи од тоа. Додека сме во друштво на луѓе од различно потекло, нашиот живот се збогатува. Освен тоа, преку своето Царство, Бог наскоро ќе воспостави едно човечко општество каде што ќе престојува праведноста (2. Петрово 3:13). Тогаш предрасудите ќе бидат искоренети засекогаш.

[Рамка на страница 11]

Дали јас имам предрасуди?

Постави си ги следниве прашања за да се преиспиташ дали можеби и ти, без да си свесен, имаш некои предрасуди:

1. Дали сметам дека луѓе од извесно етничко потекло, подрачје или нација имаат непожелни карактеристики како, на пример, дека се глупави, мрзливи или скржави? (Многу вицеви ги подгреваат ваквите предрасуди.)

2. Дали сум склон да ги обвинувам имигрантите или луѓето од друга етничка група за моите економски и социјални проблеми?

3. Дали дозволувам непријателството што луѓето на подрачјето на кое живеам го чувствуваат уште од минатото кон некоја нација да создава кај мене непријателско расположение кон лицата од таа нација?

4. Дали секое лице што ќе го сретнам го проценувам на темел на неговите особини — без оглед на неговата боја на кожата, неговата култура или етничко потекло?

5. Дали спремно ги искористувам приликите да се запознавам со луѓе што имаат поинаква култура од мојата? Дали се трудам да го правам тоа?

[Слика на страница 8]

Во својата парабола за добриот Самарјанин, Исус нѐ поучува како да ги надвладееме предрасудите

[Слика на страница 8]

Во домот на Корнелиј, Петар рекол: „Навистина сфаќам дека Бог не е пристрасен“

[Слика на страница 9]

Библиските учења ги обединуваат луѓето кои имаат различно потекло

[Слика на страница 9]

Јеховините сведоци го практикуваат она што го учат

[Слика на страница 10]

Кристина

„Состаноците во Салата на Царството ми ја градат самодовербата“

[Слика на страница 10]

Јасмин

„Луѓето покажуваат дека ме сакаат. Не се однесуваат кон мене со презир туку со почит“

[Слики на страница 10]

Сајмон, доброволец за градба „Научивме да се сложуваме“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели