ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/1 стр. 19
  • Градинка без играчки

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Градинка без играчки
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • Играчки — порано и сега
    Разбудете се! 2005
  • Најдобрите играчки
    Разбудете се! 2004
  • Улогата на родителот
    Разбудете се! 2005
  • Африкански играчки без пари
    Разбудете се! 1993
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/1 стр. 19

Градинка без играчки

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ГЕРМАНИЈА

Едно утро, кога дечињата дојдоа во градинката, во просториите немаше ништо друго освен мебелот. Залудно ги бараа куклите, игрите и меките крзнени животни. Немаше ни книги ни коцки, па дури ни хартија ни ножички. Во следните три месеци градинката требаше да функционира без играчки. Што се случило?

Оваа градинка е само една од сѐ поголемиот број градинки во Австрија, Германија и Швајцарија кои учествуваат во еден извонреден експериментален проект наречен „Градинка без играчки“. Иако можеби звучи чудно, целта на овој проект, кој доби високи оценки од здравствените експерти во Европската Унија, е да спречи децата да станат зависници. Во последниве години, истражувачите дојдоа до заклучок дека оние што уште во раното детство успеваат да научат како да се однесуваат со другите се помалку подложни на каква и да било зависност. Во еден новински извештај се вели дека ова би вклучувало да се развијат „вештини на комуникација и способност лесно да се воспостави контакт, да се излезе на крај со несогласувањата, да се преземе лична одговорност за постапките, да се поставуваат цели, да се препознаат проблемите, да се побара помош и да се најде решение“. Застапниците на оваа програма тврдат дека ваквите вештини треба да се развијат колку што е можно порано, а периодите во кои децата немаат играчки можат добро да послужат за оваа цел, бидејќи тоа ја поттикнува нивната креативност и им ја зајакнува самодовербата.

Пред да се започне со реализацијата, оваа програма беше внимателно испланирана во соработка со родителите и со децата. Во почетокот, некои од децата се како изгубени без играчките. „Во некои градинки, во првите четири седмици децата просто полудуваат“, а организаторите не знаат што да прават, се наведува во овој извештај. Но, децата учат да се приспособуваат и да бидат креативни. Бидејќи немаат играчки, повеќе се договараат едни со други, повеќе планираат и повеќе си играат заедно, и на тој начин развиваат добри меѓусебни односи, но и јазични вештини. Некои што порано се „криеле“ зад своите играчки, сега си стекнуваат другарчиња. И родителите забележале промени на подобро. Рекле дека сега децата подобро се однесуваат додека си играат и дека се покреативни од порано.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели