ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/8 стр. 3
  • Стрес на секој чекор!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стрес на секој чекор!
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • Како да го контролираш стресот
    Разбудете се! 2010
  • Стрес — причини и последици
    Разбудете се! 2005
  • Стрес — опасен по здравјето
    Разбудете се! 2010
  • Како да се справам со стресот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/8 стр. 3

Стрес на секој чекор!

„ЗДРАВСТВЕН проблем бр. 1 во Америка.“ Вака гласи насловот на една статија што била објавена од Американскиот институт за стрес, во која се тврди дека најголемата закана за здравјето денес не е ниту ракот ниту СИДА-та. Во извештајот се вели: „Се проценува дека во 75-90 проценти од случаите луѓето одат на лекар поради проблеми поврзани со стресот“.

Не е преувеличување да се каже дека луѓето денес наидуваат на стрес на секој чекор. Според здружението National Consumers League, „најголем извор на стрес за возрасните што имаат проблеми и стресови во животот е работното место (39%), а потоа семејството (30%). Други извори на стрес се здравјето (10%), загриженост околу економската состојба (9%) и стравот од меѓународни судири и тероризам (4%)“.

Меѓутоа, стресот воопшто не е проблем само во Соединетите Држави. Во една анкета спроведена во Британија во 2002 се проценува дека „преку половина милион луѓе во Британија сметале дека во текот на 2001/02 година на работа биле изложени на толкав стрес што тоа лошо се одразило врз нивното здравје“. ‚Се проценува дека во Британија секоја година, како последица од стресот, депресијата или загриженоста поврзани со работата, има тринаесет и пол милиони денови боледување.‘

Ситуацијата не е ништо подобра во континентална Европа. Според Европскиот завод за безбедност и здравје на вработените, „се покажало дека стресот на работното место погодува милиони работници во Европа без оглед на тоа со која работа се занимаваат“. Една анкета покажа дека „околу 41 милион работници [од Европската унија] секоја година страдаат од стрес поврзан со работата“.

Каква е ситуацијата во Азија? Заклучокот на еден извештај објавен на една конференција во Токио беше: „Стресот на работа е вообичаен проблем во многу земји во светот, и во земјите во развој и во индустриски развиените земји“. Во извештајот се наведува дека „неколку земји од источна Азија, меѓу кои и Кина, Кореја и Тајван, брзо напредуваат во индустриски и економски поглед. Во овие земји сега владее голема загриженост поради стресот поврзан со работата и неговите лоши последици врз здравјето на работниците“.

Меѓутоа, не ни е потребно научно истражување за да сфатиме дека луѓето се под стрес. Најверојатно, стресот сериозно влијае и врз Вас! Какви штетни последици од стресот може да имате Вие и Вашите сакани? Како можат семејствата да научат да се борат против стресот? Овие прашања ќе бидат детално разработени во следните статии.

[Слика на страница 3]

На мнозина работата им е извор на стрес

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели