ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/7 стр. 24-25
  • И покрај болеста, задржете смисла за хумор

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • И покрај болеста, задржете смисла за хумор
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Корисен за телото и за умот
  • Скапоцената вредност на смислата за хумор
  • Од нашите читатели
    Разбудете се! 2006
  • Точки пред очите?
    Разбудете се! 2000
  • Како да се излезе на крај со чувствата
    Разбудете се! 1997
  • Тој не се предал
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/7 стр. 24-25

И покрај болеста, задржете смисла за хумор

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ОД ШПАНИЈА

КОНЧИ е весела средовечна жена, која веќе седум години води борба со ракот. Откако првпат ѝ беше откриен рак на дојката, имала седум различни операции за да го спречат малигниот тумор да не се шири. Што ѝ помага да издржи?

„Кога лекарите ќе ми соопштат некоја лоша вест, убаво ќе се исплачам за да ми помине тагата“, вели таа. „Потоа се трудам да си продолжам со животот и го правам она во што уживам — на пример, сакам да учам кинески, да одам на христијанските собири и да одам на одмор со семејството и пријателите. Секогаш ми се на ум зборовите на Исус: ‚Кој од вас, со тоа што тегобно се грижи, може да му додаде еден лакот на својот животен век?‘ (Матеј 6:27).

И секогаш се трудам да задржам добра смисла за хумор“, додава таа. „Се шегувам со лекарите, гледам смешни филмови и пред сѐ, се трудам редовно да контактирам со пријателите и роднините. Одличен лек е да имаш пријатели со кои можеш да се смееш. Во една прилика, баш пред операцијата, некои пријатели и роднини ми раскажаа една интересна случка од претходната вечер. Толку многу се смеев што кога влегов во операционата сала бев сосема опуштена.“

Кончи не е единствената што увидела дека добрата смисла за хумор и ведриот дух можат да ни помогнат да издржиме кога имаме проблеми со здравјето. И современата медицина почнува да ја увидува скапоцената улога што хуморот ја има во нашата борба против болката и болестите.

Корисен за телото и за умот

Ова сфаќање не е ништо ново. Пред три илјади години, цар Соломон напишал: „Веселото срце е одличен лек“ (Пословици 17:22). Лопе де Вега, шпански писател од 17. век, напишал нешто слично: „Мислам дека ако развиваме добар хумор, ќе бидеме поздрави“. Но, во денешниов свет полн со стресови, изгледа дека хуморот повеќе се занемарува отколку што се развива. Очигледно живееме во златната ера на технологијата, но и во ера во која сѐ помалку има смисла за хумор. Делото El arte de la risa (Уметноста на смеењето) наведува дека во современото општество изгледа дека „Homo sapiens [човекот] е заменет со Homo digitalis“. Понекогаш изгледа дека дигиталните бајтови и компјутерските монитори го истиснуваат јазикот на смеењето и гестовите.

Добрата смисла за хумор им помага на пациентите да имаат попозитивни мисли и чувства и така и да се однесуваат. Според една недамнешна статија на д-р Хаиме Санз-Ортиз, специјалист за рак и ублажување на болките, хуморот „ја олеснува комуникацијата, го зајакнува имунитетот, ја ублажува болката и ја смалува загриженоста, ја опушта емоционалната и мускулната напнатост, ја поттикнува креативноста и ја зајакнува надежта“.

Скапоцената вредност на смислата за хумор

Зошто добрата смисла за хумор е ефикасен лек? Затоа што таа е особина што ни помага да ги прифаќаме ситуациите со позитивен став, дури и кога околностите не ни се баш наклонети. „Кога хуморот и смеата се дел од нашето секојдневие, имаме повеќе енергија, помалку сме уморни и не се самосожалуваме“, вели д-р Санз-Ортиз.

Нормално, што ќе нѐ насмее се разликува од човек до човек и од култура до култура. „Како што убавината е работа на вкус, така и кај секој човек се разликува дали нешто ќе му биде смешно или не“, објаснува д-р Санз-Ортиз. Но, сеедно какво потекло или образование имаме, добрата смисла за хумор честопати е ефикасен начин за да воспоставиме комуникација со другите и корисен вентил за да се ослободиме од насобраната грижа, напнатост или несигурност. Ако добрата смисла за хумор е толку корисна, тогаш како да ја развиеме?

Првиот чекор што можеме да го направиме е да престанеме да се концентрираме само на проблемите или на болеста и да почнеме да се трудиме да уживаме во секој убав момент што ќе го доживееме. Освен тоа, треба да се трудиме да бидеме разумни, да ги отфрлиме неисправните или неразумни мисли што само ни ја влошуваат и онака лошата состојба. Можеме да развиеме смисла за хумор и така што ќе научиме да гледаме на работите од друг агол. Не мора секогаш да се смееме, но ако ја видиме смешната страна на ситуацијата, ќе ни биде полесно да издржиме. „Хуморот веднаш ни го свртува вниманието од грижите и ни помага поинаку да гледаме на проблемот . . . ни помага полесно и подобро да пребродиме“, продолжува д-р Санз-Ортиз.

Се разбира, добрата смисла за хумор не е лек за секој проблем што ќе го имаме во животот. Сепак, таа честопати ни помага да се соочиме со проблемите на попозитивен, поурамнотежен начин. Како што вели Кончи: „Не е смешно да се биде болен, но мораш да ја задржиш смислата за хумор. Го споредувам мојот живот со една градина во која има засадено различни билки, меѓу кои, за жал, е и мојата болест. Сепак, се трудам да ја ставам во некој ќош од каде што не ќе може да се рашири и на другите билки. Се разбира, не можам да речам дека сум го победила ракот, но сѐ уште уживам во животот, а тоа е многу важно“.

[Слика на страница 25]

Кончи добива охрабрување од сопругот, Феликс, и нејзината помлада сестра Пили

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели