ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/9 стр. 26
  • „Во нашиот јазик нема вулгарности“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Во нашиот јазик нема вулгарности“
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • Избегнувај говор што повредува
    Разбудете се! 2003
  • Дали пцуењето навистина е толку лошо?
    Младите прашуваат
  • Зошто е важно како зборуваш
    Разбудете се! 2011
  • Зборувај го она што „изградува“
    Зачувај ја Божјата љубов
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/9 стр. 26

„Во нашиот јазик нема вулгарности“

ШТО е вулгарност? Според еден речник, тоа е „груб, непристоен, простачки јазик“ (Толковен речник на македонскиот јазик, том I). За жал, во многу земји вулгарниот јазик е секојдневие. Додека во минатото обично мажите зборувале вулгарно, денес сѐ повообичаено е да се слушнат валкани зборови и од устите на жените. Но, во некои култури вулгарностите не биле отсекогаш дел од секојдневниот говор. Да го земеме за пример она што го кажал Џејмс Кајвајкала, Индијанец од племето Апачи.

Џејмс е роден отприлика во 1873 во Ново Мексико, во Соединетите Држави. На стари години, кога имал накај 90 години, го кажал следново:

„Едно утро ме разбуди гласот на дедо ми. Седеше на влезот од нашата колиба од грмушки, свртен накај сонцето што изгреваше и ја пееше Утринската песна. Тоа е химна во чест на Јушвон . . . со која му се изразува благодарност за еден од најголемите негови дарови — љубовта меѓу мажот и жената, која за Апачите е света работа.a Тие никогаш не кажуваат валкани шеги за сексот, и воопшто не можат да сфатат зошто Белите очи [белците] ги сметаат зачнувањето и раѓањето како теми за вицови. За нив тоа е исто толкав грев како и напразно да се користи Божјето име. Многу сум горд што во нашиот јазик нема вулгарности. За предноста што ја имаме да учествуваме во создавањето нов живот, му благодариме на Творецот на животот“ (Native Heritage, издадена од Арлин Хиршфелдер).

Пред речиси 2.000 години, христијанскиот апостол Павле напишал: „Никаков гнил збор да не излегува од вашата уста, туку само оној кој е добар за изградување, според потребата, за на оние кои слушаат да им го даде она што е корисно“. Напишал и: „Блуд и секаков вид нечистота или алчност да не се ни спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на свети луѓе; ниту срамотно однесување, ниту глупави зборови, ниту срамотни шеги, кои не прилегаат, туку наместо тоа, благодарења“ (Ефешаните 4:29; 5:3, 4).

Како можат вулгарностите и простачките шеги да се искоренат од срцето, од умот и од устата? Може да ни помогне советот што Павле им го дал на Филипјаните: „Браќа, сѐ што е вистинито, сѐ што заслужува сериозно внимание, сѐ што е праведно, сѐ што е чесно, сѐ што е вредно за сакање, за кое добро се зборува, секоја доблест што постои и сѐ што е вредно за фалба, за тоа размислувајте и понатаму“ (Филипјаните 4:8).

[Фуснота]

a Според верувањето на Апачите, Јушвон е творецот на животот.

[Извори на слики на страница 26]

Сите фотографии: Library of Congress, Prints & Photographs Division; апачки симбол: Dover Publications, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели