ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 42
  • Дали пцуењето навистина е толку лошо?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали пцуењето навистина е толку лошо?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Квиз
  • Зошто е важно
  • Што можеш да правиш
  • Можеш да научиш друг јазик!
    Разбудете се! 2007
  • „Во нашиот јазик нема вулгарности“
    Разбудете се! 2005
  • Како можеш да го радуваш Јехова со својот говор?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Што има толку лошо во пцуењето?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 42
Еден тинејџер наслушнува како група тинејџерки користат погрден говор.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Дали пцуењето навистина е толку лошо?

„Толку сум навикнат да слушам пцовки што веќе не ме вознемирува. Ми изгледа нормално“ (Кристофер, 17).

„Кога бев помлада, многу пцуев. На тоа можеш многу лесно да се навикнеш, а многу е тешко да се одвикнеш“ (Ребека, 19).

  • Квиз

  • Зошто е важно

  • Што можеш да правиш

  • Што велат други млади

Квиз

  • Како се чувствуваш кога ќе ги чуеш другите како пцујат?

    • Не ни приметувам. Тоа ми звучи нормално.

    • Понекогаш ми смета, но немам ништо против тоа.

    • Тоа ми е одвратно. Не можам да слушам такво нешто.

  • Колку често ти пцуеш?

    • Никогаш

    • Понекогаш

    • Често

  • Што мислиш, дали пцуењето е сериозен проблем?

    • Не баш

    • Да, многу

Зошто е важно

Дали пцуењето е сериозна работа? Можеби ќе речеш: „Не баш. На крајот на краиштата, има и поголеми проблеми во светот. Освен тоа, сите пцујат!“ Но дали навистина е така?

Верувал или не, има многу луѓе кои не користат погрден говор и тие имаат добри причини за тоа. Еве некои од нив:

  • Пцуењето кажува многу за тебе. Твојот говор открива каков си навистина. Кога користиш погрден говор, тоа може да е показател дека не ти е грижа за чувствата на другите. Дали навистина си таков?

    Библијата вели: „Она што излегува од устата, излегува од срцето“ (Матеј 15:18).

    Група тинејџери згрозено се тргаат од еден тинејџер кој пцуе. Неговите зборови се како токсичен чад што излегува од една фабрика.

    Погрдниот говор е како загаден воздух. Не ги изложувај другите, а и себе на тоа

  • Ако пцуеш, другите може да имаат лошо мислење за тебе. Во книгата Cuss Control пишува: „Начинот на кој зборуваме одредува кои ќе ни бидат пријатели, колку нашите роднини и колеги ќе нѐ почитуваат, какви ќе бидат нашите пријателства, колкаво влијание ќе имаме врз другите, дали ќе добиеме некоја работа или унапредување и какво мислење за нас ќе имаат луѓето кои не нѐ познаваат“. Исто така пишува: „Размисли дали твојот однос со другите можеби би бил подобар доколку не пцуеш“.

    Библијата вели: „Нека се отстрани од вас... навредлив говор“ (Ефешаните 4:31).

  • Пцуењето не е толку кул како што си мислиш. Во својата книга How Rude! д-р Алекс Пакер наведува: „Заморно е да ги слушаш луѓето што постојано пцујат“. Тој додава дека вулгарниот говор „не остава многу простор да се изрази разбирање, хумор, интелигенција или сочувство. Ако твојот говор е немарен, нејасен и некреативен, таков е и твојот ум“.

    Библијата вели: „Никаков лош збор да не излегува од вашата уста“ (Ефешаните 4:29).

Што можеш да правиш

  • Постави си цел. Обиди се еден месец или помалку да не користиш вулгарен говор. Запишувај го својот напредок во некоја табела или календар. Но за да ја постигнеш целта, можеби ќе треба да направиш уште нешто. На пример:

  • Избегнувај забава што го полни твојот ум со вулгарен јазик. Библијата вели: „Лошото друштво ги расипува добрите навики“ (1. Коринќаните 15:33). „Друштво“ не се однесува само на луѓе туку и на забава — филмовите што ги гледаш, видеоигрите што ги играш и музиката што ја слушаш. Кенет, кој има 17 години, вели: „Многу е лесно да си потпевнуваш некоја песна што ти се допаѓа и потполно да го игнорираш фактот дека во неа има пцуење — само затоа што има добар ритам“.

  • Покажи дека си зрел. Некои луѓе користат вулгарен јазик бидејќи мислат дека така изгледаат повозрасни. Но тоа воопшто не е точно. Зрели се оние „чија моќ на согледување преку искуство им е извежбана да разликува добро и зло“, вели Библијата (Евреите 5:14). Тие не ги спуштаат своите мерила само за да ги „импресионираат“ другите.

Навистина, погрдниот говор го загадува твојот ум, а и умот на другите, со непристојни мисли. Во светот веќе има премногу луѓе што користат таков говор! Cuss Control препорачува: „Немој и ти да бидеш еден од нив... Дај сѐ од себе во твоите разговори да користиш пристојни зборови. Така и самиот ќе се чувствуваш подобро, а и на другите луѓе ќе им биде пријатно со тебе“.

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Џеред

„Вулгарниот говор не те прикажува во добро светло. Ако не можеш да составиш реченица без да опцуеш, тоа само им покажува на другите дека имаш ограничен речник“ (Џеред).

Џенифер

„Ние сами избираме како ќе зборуваме. Не е секогаш лесно, но треба да размислиме пред да кажеме нешто. Пцуењето е навика која може да се прекине“ (Џенифер).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели