ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/9 стр. 24-25
  • Дали астрологијата Ви ја открива иднината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали астрологијата Ви ја открива иднината?
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е астрологија?
  • Долга историја на неуспех
  • Во спротивност со библиските учења
  • Дали ѕвездите влијаат врз твојот живот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали зодијакот треба да влијае врз Вашиот живот?
    Разбудете се! 2001
  • Што кажуваат ѕвездите за вас?
    Разбудете се! 1994
  • Дали астролозите и гатачите точно ја предвидуваат иднината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/9 стр. 24-25

Гледиште на Библијата

Дали астрологијата Ви ја открива иднината?

КАКО можете да си го подобрите животот и да бидете успешни во љубовта и парите? Многу луѓе одговорот го бараат во астрологијата. Секој ден милиони луѓе си го читаат хороскопот во весник со надеж дека во иднина ќе бидат поуспешни. Познато е дека дури и светските водачи дозволуваат ѕвездите да ги водат при донесувањето одлуки.

Дали може да се има верба во астрологијата? Како доаѓаат астролозите до своите предвидувања? Треба ли христијаните да дозволат небесните тела да им го водат животот?

Што е астрологија?

Според еден речник, астрологијата е „верување дека според поставеноста на ѕвездите може да се одреди човечката судбина“ (Толковен речник на македонскиот јазик, том I). Астролозите тврдат дека точната положба на планетите и знаците на зодијакот на денот кога ќе се роди некој можат да влијаат врз неговиот живот.a Положбата на овие небесни тела во конкретен момент се нарекува хороскоп.

Верувањето во астрологија постои од дамнина. Пред околу четири илјади години, Вавилонците почнале да ја предвидуваат иднината според положбата на сонцето, месечината и петте највидливи планети. Тие тврделе дека овие небесни тела имаат одредени сили што влијаат врз човечкото однесување. Подоцна, во своите предвидувања ги вклучиле и знаците на зодијакот.

Долга историја на неуспех

Библијата укажува на врската помеѓу Вавилон и астрологијата, и неколкупати се осврнува на вавилонските астролози (Даниел 4:7; 5:7, 11). Во времето на пророкот Даниел, во Халдеја (Вавилон) астрологијата била толку раширена што кога ќе се речело „Халдејци“ било речиси исто како да се зборува за астролози.

Даниел не само што видел колкаво влијание имала астрологијата во Вавилон туку видел и дека астролозите не успеале да го предвидат падот на градот (Даниел 2:27). Забележете како два века пред тоа пророкот Исаија точно прорекол што ќе се случи. „Нека дојдат твоите астролози и нека те спасат — оние кои ги проучуваат ѕвездите, кои ги оцртуваат зоните на небесата и ти кажуваат од месец во месец што ќе ти се случи“, напишал Исаија со прекор. „Не ќе можат ни самите да се спасат“ (Исаија 47:13, 14, Today’s English Version).

Очигледно, вавилонските астролози не можеле да го предвидат падот на нивниот град ни неколку часа пред да се случи тоа. А кога на ѕидот во палатата на царот Валтазар се појавил неповолниот суд од Бог, астролозите не можеле да го протолкуваат таинствениот текст (Даниел 5:7, 8).

Денес астролозите не се ни најмалку поуспешни во предвидувањето на значајни настани. Откако испитале преку 3.000 астролошки предвидувања, научните истражувачи Р. Кулвер и Филип Ијана дошле до заклучок дека само 10 проценти од тие предвидувања биле точни. Секој добро информиран аналитичар би можел поточно да ги предвиди настаните.

Во спротивност со библиските учења

Меѓутоа, хебрејските пророци не ја отфрлиле астрологијата само поради очигледниот неуспех точно да ја предвиди иднината. Законот што Бог му го дал на Мојсеј изречно ги предупредил Израелците да не се занимаваат со вражање. „Кај тебе нека не се најде некој . . . кој би се бавел со гатање . . . вражање“, стоело во Законот. „Зашто му се гади на Господа, секој што прави нешто такво“ (Второзаконие 18:10, 12).

Иако астрологијата не е конкретно спомната во овој стих, очигледно е дека и таа била забранета. Во Encyclopædia Britannica се вели дека астрологијата е „вид на гатање што се состои од предвидување на настаните поврзани со Земјата и луѓето со помош на набљудување и толкување на ѕвездите, Сонцето, Месечината и планетите“. Сите видови гатање — сеедно дали се темелат на ѕвездите или на други предмети — ги прекршуваат Божјите упатства. Зошто? Има добра причина за тоа.

Наместо да ги припишуваме нашите успеси или неуспеси на ѕвездите, Библијата јасно ни кажува дека „што човек сее, тоа и ќе пожнее“ (Галатите 6:7). За Бог, секој од нас е одговорен за своите постапки, зашто ние сме луѓе со слободна волја (Второзаконие 30:19, 20; Римјаните 14:12). Точно, можеби ќе доживееме некоја несреќа или ќе се разболиме поради некои настани што се вон наша контрола. Но, како што објаснува Библијата, таквите несреќи се должат на „времето и приликите“, а не на нашиот хороскоп (Проповедник 9:11, ПСП).

Во врска со меѓучовечките односи, Библијата нѐ поттикнува да развиеме особини како што се сочувство, љубезност, понизност на умот, благост, долготрпеливост и љубов (Колошаните 3:12-14). Овие особини придонесуваат да се формираат трајни пријателства и да се зајакнат браковите. Не е мудро да се избере брачен другар затоа што „астролошки ти одговара“. Психологот Бернард Силверман ги анализирал хороскопите на околу 3.500 парови од кои 17 проценти на крајот се развеле. Не открил дека стапката на развод е помала кај оние што се венчале со партнер што ‚астролошки им одговарал‘.

Очигледно, на астрологијата не може да ѝ се верува, таа само наведува на погрешно размислување. Кога правиме грешки, таа може да нѐ натера да ја бараме вината во ѕвездите а не во самите себе. Пред сѐ, таа отворено е осудена во Божјата реч.

[Фуснота]

a Знаците на зодијакот се 12 различни соѕвездија што се користат во астрологијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели