ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/12 стр. 4-6
  • Јазот помеѓу богатите и сиромашните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јазот помеѓу богатите и сиромашните
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ниту еден од овие два света не е идеален
  • Да се постигне совршена рамнотежа
  • Сиромашните стануваат сѐ посиромашни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Помош за луѓето да станат писмени
    Разбудете се! 2015
  • Поуки од Библијата
    Поуки од Библијата
  • Обиди да се нахранат милијарда луѓе
    Разбудете се! 2005
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/12 стр. 4-6

Јазот помеѓу богатите и сиромашните

СЕЕДНО каква терминологија користиме за да ги опишеме, високо развиените, индустриски и економски напредните земји се фалат со висок животен стандард, додека оние што имаат помалку индустрија, а со тоа се и помалку развиени во економски поглед, мораат да живеат со понизок стандард. Како да станува збор за два различни света.

Се разбира, овие два света може да ги има дури и во склопот на една земја. Размислете за релативно богатите земји што беа спомнати во претходната статија. Во нив има и богати и сиромашни луѓе. На пример, во Соединетите Држави околу 30 проценти од вкупниот државен приход оди во џебот на најбогатите семејства кои сочинуваат 10 проценти од населението. Во исто време, 20 проценти од посиромашните семејства мораат да се задоволат со само 5 проценти од вкупниот приход. Можеби и во Вашата земја состојбата е иста или слична, особено ако средната класа ја сочинуваат само мал број луѓе. Но, дури и владите во земјите во коишто средната класа е релативно бројна сѐ уште не успеале сосем да го премостат економскиот јаз помеѓу богатите и сиромашните.

Ниту еден од овие два света не е идеален

Ниеден од овие два света не може со право да каже дека ситуацијата во него е совршена. Да размислиме за очигледните неповолни околности на оние што живеат во посиромашните земји. Здравствената нега е сериозно недостаточна. Додека во деветте најбогати земји спомнати во рамката на оваа страница има по 1 лекар на 242 до 539 жители, во 18-те најсиромашни земји има многу помалку лекари — само еден на 3.707 до 49.118 жители. Според тоа, разбирливо е што просечниот животен век во побогатите земји е 73 години или повеќе, додека во преку половината од најсиромашните земји, просечниот животен век е под 50 години.

Во сиромашните земји многу се ограничени и можностите за образование, поради што децата се осудени да живеат во сиромаштија. Тоа, пак, се одразува на писменоста на населението. Додека во 7 од 9-те најбогати земји стапката на писменост е 100 проценти (во останатите две таа е 96 и 97 проценти), во 18-те најсиромашни земји стапката на писменост се движи од 81 до 16 проценти, а во 10 од нив таа е под 50 проценти.

Но, жителите на побогатите земји имаат и извесни неповолности. Оние што живеат во сиромашни земји можеби страдаат поради недостиг на храна, додека, пак, оние што имаат изобилство сѐ почесто умираат поради проблеми предизвикани од прекумерно јадење. Книгата Food Fight тврди дека „прејадувањето ја замени неисхранетоста како водечки светски проблем поврзан со исхраната“. А во списанието The Atlantic Monthly се вели: „Околу 9 милиони Американци моментално се ‚нездраво дебели‘, што отприлика значи дека имаат 45 или повеќе килограми над нормалната тежина, а во оваа земја, од здравствени проблеми поврзани со прекумерна тежина умираат околу 300.000 луѓе годишно“. Во истата оваа статија се наведува дека „можно е дебелината наскоро да ги надмине и гладот и заразните болести како најкритичен здравствен проблем во светот“.a

Точно, жителите на богатите земји имаат повисок животен стандард, но во исто време, може да им придаваат поголемо значење на материјалните работи отколку на меѓучовечките односи, со што ставаат преголем нагласок на тоа да се има а премал на тоа да се живее. Притоа, се склони да проценуваат колку е важен и колку вреди еден човек според неговата работа, платата или она што го поседува, а не според неговото знаење, мудроста, способностите или убавите особини што ги има.

Нагласувајќи дека едноставниот живот е она што донесува среќа, во насловот на една статија во германскиот неделник Focus беше поставено прашањето: „А што мислите да се има малку помалку?“ Во статијата се вели: „Повеќето жители на Западниот свет не се посреќни сега отколку што беа пред многу години, и покрај драстичниот напредок . . . Секој што полага сѐ во материјалните работи, најверојатно ќе биде несреќен“.

Да се постигне совршена рамнотежа

Да, фактите потврдуваат дека и двата света, и богатиот и сиромашниот, имаат некои позитивни аспекти, но имаат и свои негативни страни. Ако светот на сиромашните е можеби претерано едноставен, тогаш светот на богатите може да биде претерано комплициран. Многу би било добро кога овие два света би учеле еден од друг. Но, дали е реално да мислиме дека може да се постигне таква совршена рамнотежа?

Од човечка гледна точка можеби ќе помислите дека оваа цел, иако е пожелна, луѓето едноставно не се способни да ја остварат. Тоа го потврдува и историјата. Сепак, ситуацијата е далеку од безнадежна. Можеби сте го превиделе најлогичното решение на овој проблем. Кое би можело да биде тоа решение?

[Фуснота]

a Видете го српското издание на Разбудете се! од 8 ноември 2004, страници 3-12.

[Истакната мисла на страница 6]

„Можно е дебелината наскоро да ги надмине и гладот и заразните болести како најкритичен здравствен проблем во светот“(The Atlantic Monthly)

[Графикон на страница 5]

(Види во публикацијата)

Земјите се наведени по азбучен редослед

Девет најбогати земји

Просечен животен век кај мажите (години) Писменост (%)

Белгија

75,1 100

Данска

74,9 100

Исланд

78,4 100

Јапонија

78,4 100

Канада

76,4 96,6

Луксембург

74,9 100

Норвешка

76,5 100

Соединетите Држави

74,4 95,5

Швајцарија

77,7 100

Осумнаесет најсиромашни земји

Просечен животен век кај мажите (години) Писменост (%)

Бенин

50,4 37,5

Буркина Фасо

43 23

Бурунди

42,5 48,1

Гвинеа-Бисау

45,1 36,8

Етиопија

47,3 38,7

Замбија

35,3 78

Јемен

59,2 46,4

Мадагаскар

53,8 80,2

Малави

37,6 60,3

Мали

44,7 40,3

Мозамбик

38,9 43,8

Нигер

42,3 15,7

Нигерија

50,9 64,1

Република Конго

49 80,7

Руанда

45,3 67

Сиера Леоне

40,3 36,3

Танзанија

43,3 75,2

Чад

47 53,6

[Извор на слика]

Извор: 2005 Britannica Book of the Year.

[Извор на слика на страница 4]

© Mark Henley/Panos Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели