ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/15 стр. 10-11
  • Помош за луѓето да станат писмени

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош за луѓето да станат писмени
  • Разбудете се! 2015
  • Сличен материјал
  • Образовни програми
    Јеховините сведоци и образованието
  • Треба ли моето дете да оди на училиште?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Јехова му ветува прекрасна награда на Даниел
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Книгата Даниел и ти
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 8/15 стр. 10-11
Јеховин сведок им помага на неколку лица да научат да читаат и да пишуваат

Брошурата за описменување Научи да читаш и да пишуваш е отпечатена во милиони примероци на повеќе од 100 јазици

Помош за луѓето да станат писмени

„Писменоста е човеково право, средство за личен напредок и општествен развој“ (УНЕСКО).a

ИЗВЕШТАИТЕ покажуваат дека во целиот свет над 700 милиони луѓе на возраст од 15 години нагоре не знаат да читаат и да пишуваат. Поради тоа, на овие луѓе им е затворена вратата кон знаењето во кое спаѓаат вистините и советите што се запишани во Библијата „за наша поука“ (Римјаните 15:4). Од тие причини, освен што ги поучуваат другите за Библијата, Јеховините сведоци во многу земји им помагаат на оние што се неписмени да научат да читаат и да пишуваат. Сето тоа го прават бесплатно. Дали нивните напори даваат резултати?

Да го земеме за пример делото што го извршуваат Јеховините сведоци во Мексико, земја во која претежно живеат луѓе од шпанското говорно подрачје. Од 1946 год. па сѐ досега, Јеховините сведоци им помогнаа на повеќе од 152.000 лица да научат да читаат и да пишуваат. Голем број од нив подоцна и самите учеа други неписмени луѓе. Во знак на благодарност, Сведоците добија многу писма од владата. Во едно писмо пишува: „Одборот за образование срдечно ве пофалува за вашиот придонес во развојот на Програмата за образование на возрасни“.

И младите и старите извлекуваат корист од образовното дело што го вршат Сведоците. На пример, Хозефина имала 101 година кога почнала да учи да чита и пишува со Јеховините сведоци. Станала писмена за само две години!

Иако службен јазик во Мексико е шпански, Сведоците им помагаат и на оние што зборуваат други јазици да станат писмени. Во 2013 год., тие им помогнале на луѓе од осум староседелски народи да научат да читаат и да пишуваат на својот мајчин јазик.

Навистина, писменоста ширум ги отвора вратите кон знаењето. Но, најважно од сѐ, писменоста им дава можност на сите луѓе да ја читаат Библијата — книга која е напишана под водство на Божјиот свет дух и која може да ги ослободи од оковите на суеверијата, лажните религиозни верувања и погрешните постапки (Јован 8:32).

a Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации.

ГО ВОСХИТИЛ СВОЕТО СЕМЕЈСТВО

Еден глувонем човек по име Даниел прави белешки додека гледа DVD на мексикански знаковен јазик

Даниел научил мексикански знаковен јазик со помош на DVD-ја

На Даниел, кој е глувонем, му било многу тешко да комуницира со другите. Поради тоа честопати бил огорчен и гневен на своето семејство. Кога имал околу 23 години, еден Сведок по име Хозе, кој исто така е глувонем, почнал да ја проучува Библијата со него. Во почетокот комуницирале со гестови и цртежи, а по некое време Даниел научил мексикански знаковен јазик со помош на DVD–ја.b

Додека ги учел библиските вистини, Даниел почнал да прави промени во својата личност и да стекнува убави особини, како што се „сомилост, љубезност, понизност, благост и долготрпеливост“ (Колошаните 3:10, 12). Тој исто така го применил библискиот совет да ги слуша и да ги почитува своите родители (Ефешаните 6:1, 2). Неговото семејство било восхитено! Всушност, мајка му на Даниел со солзи во очите му се заблагодарила на Хозе за тоа што му помогнал на нејзиниот син да стане подобра личност и да се зближи со Бог. Во 2007 год., Даниел станал Јеховин сведок.

b Во Мексико, 46 публикации на Јеховините сведоци се достапни на DVD на мексикански знаковен јазик. На нашата интернет-страница jw.org има содржини на околу 80 знаковни јазици. Освен тоа, достапни се и публикации на Брајово писмо за оние што се слепи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели