ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/12 стр. 21-23
  • Мораме ли да правиме свадба?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мораме ли да правиме свадба?
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали традицијата е најважна?
  • Земи ги предвид чувствата на твоето семејство
  • Причини за претпазливост
  • Немудра причина за брак
  • Избегнувај одлуки поради кои подоцна ќе жалиш
  • Венчавки што се чесни во очите на Бог и на луѓето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Зголеми ги радоста и достоинството на твојата венчавка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Бракот — дар од Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Свадби кои му донесуваат чест на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/12 стр. 21-23

Младите прашуваат . . .

Мораме ли да правиме свадба?

„Мојата свршеница Бети прва спомна дека би можеле скришно да заминеме и да се венчаме насамо, без да им кажеме на пријателите и роднините. Откако поразговаравме за тоа, и двајцата мислевме дека таа опција ќе ни заштеди и време и сила и дека ќе биде помалку стресна“—(Томи).a

АКО СИ доволно возрасен за брак и ако имаш романтична врска со некого, можеби ти изгледа привлечна идејата тивко и скришно да заминеш и да се венчаш. Во некои околности, двојката може да почне да размислува да го стори тоа дури и без да им каже на родителите. Кои начела можат да ти помогнат да одлучиш што да правиш?b

Дали традицијата е најважна?

Иако во повеќето култури бракот е нешто вообичаено, свадбените обичаи многу се разликуваат. На христијаните не им е првенствено важно дали нивната свадба ќе биде во склад со локалните обичаи (Римјаните 12:2). Напротив, ним најважно им е во врската и во бракот да се однесуваат на начин со кој ќе му донесат слава на Јехова Бог (1. Коринќаните 10:31).

Бидејќи бракот е чесна институција, повеќето двојки не би сакале да го држат во тајност. Во многу западни земји, двојките кај Јеховините сведоци обично организираат венчавка во локалната Сала на Царството.c Потоа, можеби ќе одлучат да направат свадба на која ќе имаат заеднички оброк, а можеби и забава со семејството и пријателите. Таквите приеми не мора да бидат големи и комплицирани. Но, мора да се признае дека организирањето на венчавка и свадба е стресно и може да вклучува значителни трошоци. На пример, во Македонија, една свадба честопати чини стотици илјади денари.

Сакајќи да ги намалат стресот и трошоците, некои двојки се одлучиле за поедноставна варијанта. „Им кажавме на родителите дека нема да правиме традиционална свадба“, вели Бети, „затоа што сакавме таа прилика да биде едноставна и да не нѐ чини многу. Моите родители нѐ уверија дека ја разбираат нашата ситуација и дека се согласуваат со нас. Ни дадоа голема поддршка.“ Од друга страна, пак, кога свршеникот на Бети, Томи, кој беше спомнат претходно, им кажал на своите родители како планираат да се венчаат, им било многу тешко да го сфатат тоа. Томи вели: „Мислеа дека тие направиле нешто и дека се виновни за нашата одлука. Но, во никој случај не беше така“.

Можеби и твоите родители ќе бидат разочарани ако решиш да правиш едноставна свадба, затоа што можеби сакаат со што е можно повеќе луѓе да ја споделат радоста на тој посебен ден. Но, што ако размислуваш да се венчаш без да им кажеш на родителите затоа што знаеш дека твоето семејство би се противело на твојата одлука да стапиш во брак?

Земи ги предвид чувствата на твоето семејство

Можеби твоите родители ќе се противат затоа што сметаат дека си премногу млад за да донесеш таква важна одлука. Можеби се плашат дека, како што стануваш позрел, твоите вкусови ќе се менуваат и дека наскоро ќе зажалиш поради изборот на брачниот другар. Или, пак, можеби сметаат дека си доволно возрасен за да стапиш во брак, но мислат дека твојата сакана има некои карактерни маани. Можеби дури и ти забрануваат да се ожениш затоа што твојата избраничка нема исти религиозни убедувања како тебе.

Ако твоите родители се вистински христијани, веројатно нивните причини за загриженост се темелат на Библијата. Сосем е на место да ти ги кажат сите сомнежи што можеби ги имаат. Ако не постапат така, Јехова би сметал дека се небрежни и дека немаат доволно љубов. А, и за твое добро е да го чуеш нивното мислење (Пословици 13:1, 24).

На пример, кога купуваш облека, сигурно сакаш некој да ти каже како ти стои. Можеби нема секогаш да се согласиш со мислењето на другиот, но сепак ќе очекуваш блиските пријатели да ти кажат ако мислат дека тој модел или тој стил не е за тебе. Ги цениш нивните забелешки, зашто можат да ти заштедат пари. Тогаш, колку повеќе треба да цениш кога семејството ќе ти го каже своето мислење во врска со твојот избор на брачен другар. Облеката можеш да ја вратиш или да ја фрлиш, но Јехова очекува брачниот другар да го имаш за цел живот (Матеј 19:5, 6). Ако избереш брачен другар со кој не се надополнувате вистински како личности и во духовен поглед, во таа врска ќе ти биде многу понепријатно отколку во облеката што не ти стои добро (Битие 2:18; Пословици 21:9). И не само тоа, може да ја пропуштиш шансата за вистинска среќа (Пословици 5:18; 18:22).

Точно, некои родители можеби се противат на бракот од себични причини — на пример, за да задржат контрола над своето дете. Меѓутоа, пред да помислиш дека се загрижени само од себични причини и да избегаш со цел да стапиш во брак, зошто не ги проанализираш нивните приговори?

Причини за претпазливост

Факт е дека како што зрееш така ќе се менуваат твоите вкусови. „Кога бев бебе“, напишал апостол Павле, „зборував како бебе, размислував како бебе, резонирав како бебе; а сега кога станав маж, ги отфрлив обележјата на бебе“ (1. Коринќаните 13:11). Слично на тоа, она што те привлекувало кај некоја личност кога си бил тинејџер веројатно многу се разликува од она што те привлекува сега, кога си повозрасен. Затоа Библијата советува да почекаш да ти ‚помине цветот на младоста‘ — годините кога твоите сексуални желби се најсилни — пред да преземеш таков сериозен чекор како што е изборот на брачен другар (1. Коринќаните 7:36).

Што ако на твоите родители не им се допаѓа твојата избраничка? Поради нивното искуство во животот, нивната моќ за согледување можеби е подобро извежбана да разликува исправно и неисправно (Евреите 5:14). Затоа можеби забележуваат сериозни маани во личноста на твојата избраничка, кои можеби ти не ги забележуваш. Размисли за ова начело што го напишал мудриот човек Соломон: „Кој прв го заштитува своето дело се чини прав, а кога ќе дојде неговиот сосед го испитува“ (Пословици 18:17). Слично на тоа, твојата сакана можеби те убедила дека таа е вистинската личност за тебе. Но, откако твоите родители ‚ја испитале‘, можеби ќе ти укажат на некои конкретни работи за кои вреди да размислиш.

На пример, можеби ќе те потсетат дека Библијата им заповеда на вистинските христијани да стапуваат во брак „само во Господ“ (1. Коринќаните 7:39). Можеби ќе приговориш дека и други стапиле во брак со некој што не им е соверник, па сега и двајцата верно му служат на Јехова. Точно, тоа навистина се случува. Но, таквите случаи се многу ретки. Ако стапиш во брак со некого што не е од истата вера како тебе, не само што ќе покажеш непочитување за Јеховините мерила, туку и ќе се доведеш во сериозна духовна опасност (2. Коринќаните 6:14).d

Немудра причина за брак

Некои млади избегале и се венчале затоа што се впуштиле во неморално однесување и сметале дека со тоа што ќе се венчаат ќе си ја смират совеста. Или, пак, можеби се надевале дека ќе ги скријат последиците од својот грев, како што е непланираната бременост.

Ако се венчаш за да скриеш некој грев, само додаваш една грешка на друга. „Кој ги крие своите престапи нема успех“, предупредил Соломон, „а кој ги исповеда и се одречува од нив, наоѓа милост“ (Пословици 28:13). Таткото и мајката на Соломон, Давид и Витсавеа, увиделе колку е глупаво што се обиделе да го скријат своето неморално однесување (2. Самоил 11:2—12:25). Наместо да го криеш својот грев, разговарај со родителите и со собраниските старешини. За тоа ќе ти треба храброст, но биди сигурен дека, ако се каеш, Јехова ќе ти прости (Исаија 1:18). Кога повторно ќе имаш чиста совест, ќе бидеш во подобра положба да донесеш урамнотежена одлука во врска со бракот.

Избегнувај одлуки поради кои подоцна ќе жалиш

Сеќавајќи се на својата венчавка, Томи вели: „Поради нашата одлука да имаме едноставна венчавка навистина поминавме со релативно мал стрес. Единствено за што жалам е тоа што не му помогнав на моето семејство подобро да ги сфати причините за нашата одлука“.

Да, дали една зрела двојка ќе направи традиционална свадба или не, останува да си одлучат тие сами. Меѓутоа, кога донесуваш одлуки во врска со бракот, не брзај, разговарај со своето семејство и ‚внимавај на својот чекор‘. Така ќе има помалку причини за жалење (Пословици 14:15).

[Фусноти]

a Имињата се сменети.

b Иако оваа статија е напишана во машки род, советите се однесуваат и на мажите и на жените.

c Во земјите во коишто само општинските службеници се овластени да венчаваат, овие места за обожавање честопати се користат за краток говор во врска со библиските начела што служат како основа за добар брак. Се разбира, користењето на Салата на Царството не се наплатува.

d За повеќе детали во врска со оваа тема, видете го изданието на Стражарска кула од 1 јули 2004, страници 30, 31 и изданието од 1 мај 1990, страници 18-22.

[Слика на страница 23]

Кога донесуваш одлуки во врска со бракот, разговарај со твоето семејство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели