ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/06 стр. 3-4
  • До нашите читатели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • До нашите читатели
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Поголем нагласок на Библијата!
    Нашата служба за Царството 2005
  • „Како ќе одговориш?“
    Нашата служба за Царството 2007
  • До нашите читатели
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Користење на нашите списанија од куќа до куќа
    Нашата служба за Царството 1993
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 1/06 стр. 3-4

До нашите читатели

ОД ОВОЈ број, Разбудете се! ќе има малку изменета содржина и изглед. Иако повеќето работи остануваат исти, некои ќе бидат поинакви.

Разбудете се! ќе ја задржи истата цел што ја има веќе со децении. Како што е објаснето на 4. страница, „ова списание се издава за просветување на целото семејство“. Тоа ги анализира светските настани, известува за луѓе од разни култури, ги опишува чудата на создавањето, зборува за здравјето и објаснува научни теми така, што може да ги разбере обичниот човек. Разбудете се! и понатаму ќе продолжи да ги информира нашите читатели на истиов начин, и ќе ги држи во тек со сѐ што се случува во светот околу нас.

Во Разбудете се! од 22 август 1946 година беше дадено ова ветување: „Најважната цел на ова списание е цврсто да се држи за вистината“. Верно на тоа ветување, во Разбудете се! секогаш се објавуваат точни информации. За да се гарантира точноста на статиите, информациите се истражуваат темелно и внимателно се проверуваат. Но, ова списание покажува дека „цврсто се држи за вистината“ и на уште еден поважен начин.

Разбудете се! отсекогаш ги насочувало читателите кон Библијата. Но, од овој број ќе има уште повеќе статии темелени на Библијата отколку што беше случај во минатото (Јован 17:17). Во Разбудете се! и понатаму ќе има статии кои покажуваат како практичните библиски совети можат да ни помогнат да имаме смисловен и успешен живот денес. На пример, голем број библиски совети се дадени во рубриките „Младите прашуваат . . .“ и „Гледиште на Библијата“, кои ќе продолжат редовно да излегуваат во ова списание. Освен тоа, Разбудете се! и понатаму ќе им го насочува вниманието на читателите на библиското ветување за мирољубивиот нов свет што наскоро ќе го замени сегашниов систем во кој владее беззаконие (Откровение 21:3, 4).

Што друго ќе биде ново? Па, од овој број Разбудете се! ќе се издава еднаш месечно на повеќето од 82 јазика на кои излегува (порано излегуваше двапати месечно на многу јазици).a „Поглед во светот“, што е редовна рубрика уште од 1946 година, сѐ уште ќе излегува во секој број, но наместо на две, ќе биде на една страница. Исто така, на 31. страница воведуваме една интересна нова редовна рубрика со наслов „Како ќе одговорите?“ Што ќе содржи оваа рубрика, и како можете да ја користите?

Погледнете ја за миг 31. страница од овој број. Некои делови ќе им бидат интересни на помладите читатели. Други, пак, ќе го испитаат помнењето на оние што добро ја познаваат Библијата. Со помош на делот „Кога се случило?“ ќе можете да си направите еден графички временски преглед за тоа кога живееле библиските личности и кога се одиграле некои важни настани. Одговорите на рубриката „Од овој број“ ќе можете да ги најдете низ целото списание, а одговорите на повеќето други прашања ќе бидат дадени на една страница во истиот број, отпечатени наопаку. Зошто не истражите малку пред да ги прочитате одговорите оттаму? Можете да им го кажете и на другите она што сте го дознале. Исто така, можете да ја користите оваа нова рубрика, „Како ќе одговорите?“, кога ќе разговарате за Библијата со вашето семејство или со пријателите.

Пред околу 60 години, Разбудете се! го вети и следново: „Во врска со темите, во ова списание ќе настојуваме да ги изнесеме информациите што се однесуваат на сите луѓе во светот, а не само на некои. Ќе им биде интересно на сите искрени луѓе од сите земји . . . Материјалот и содржината на ова списание . . . ќе бидат информативни, поучни и интересни за повеќето луѓе, како за млади така и за стари“. Читателите од сите краишта на светот се согласуваат дека Разбудете се! го исполни ова ветување. Ве уверуваме дека и во иднина ќе биде така.

Од издавачите

[Фуснота]

a На некои јазици, Разбудете се! излегува еднаш на три месеци, па затоа некои од рубриките за кои се зборува овде можеби не излегуваат во тие изданија.

[Слики на страница 3]

Од „Златен век“ во 1919 година, во 1937 година името беше сменето во „Утеха“, а во 1946 година во „Разбудете се!“

[Слики на страница 4]

„Разбудете се!“ веќе долго време им го насочува вниманието на читателите кон Библијата

[Извори на слики]

Оружје: U.S. National Archives photo; прегладнето дете: WHO photo by W. Cutting

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели