ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/1 стр. 3
  • До нашите читатели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • До нашите читатели
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Интересни промени во Стражарска кула!
    Нашата служба за Царството 2007
  • Дали добро го користиш ова списание?
    Нашата служба за Царството 2008
  • Ново издание за проучување на Стражарска кула
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • До нашите читатели
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/1 стр. 3

До нашите читатели

СО ЗАДОВОЛСТВО сакаме да ве известиме дека, почнувајќи од овој број, во изданието на Стражарска кула ќе бидат воведени извесни промени. Пред да кажеме што ќе биде поинаку од порано, да спомнеме накратко што нема да се промени.

Името на ова списание, Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство, ќе остане исто. Значи, Стражарска кула ќе продолжи да го слави Јехова како вистински Бог и да ги теши читателите со добрата вест за Божјето Царство. Во трите уводни статии од овој број, е објаснето што е тоа Царство и кога ќе дојде. Освен тоа, Стражарска кула ќе продолжи да ја изградува верата во Исус Христос, да ја застапува библиската вистина и да го објаснува значењето на светските настани со помош на библиските пророштва, како што прави веќе со децении.

Тогаш, што ќе биде поинаку од порано? Ќе наведеме во кратки црти некои од интересните нови рубрики кои ќе ги содржи изданието што ќе излегува на први секој месец.a

Секој месец, ова списание ќе содржи рубрики што ќе поттикнуваат на подлабоко размислување. Рубриката „Дали сте знаеле?“ ќе содржи интересни дополнителни информации кои ќе помогнат да се разбере значењето на некои библиски извештаи. Во рубриката „Приближи му се на Бог“ ќе учиме за Јехова од избрани библиски стихови. Во рубриката „Читателите прашуваат“ ќе добиеме одговор на вообичаени библиски прашања. На пример, многу луѓе се прашуваат: „Дали Божјето Царство е во твоето срце?“ Одговорот ќе го најдеш на 13. страница.

Неколку рубрики се наменети за семејството. Во рубриката „Тајни на семејната среќа“, која ќе излегува четири пати годишно, ќе бидат изнесени реални ситуации од семејниот живот и ќе биде објаснето како библиските начела можат да помогнат да се решат проблемите. Рубриката „Поучете ги своите деца“, која родителите би требало да ја читаат со своите деца, ќе излегува секој втор месец. Друга рубрика што ќе излегува во секој втор број е „Катче за младите“, во која ќе бидат изнесени библиски теми за кои се интересираат младите и кои би можеле подлабоко да ги проучат.

Неколку други рубрики ќе излегуваат по четири пати годишно. Рубриката „Угледајте се на нивната вера“ ќе нѐ поттикне да го следиме примерот на некоја личност од Библијата. На пример, на страници 18 до 21 од овој број ќе можеш да прочиташ еден возбудлив извештај за пророкот Илија и да дознаеш како можеме ние да се угледаме на неговата вера. Рубриката „Писмо од...“ ќе содржи извештаи од мисионери и од други Божји слуги во различни делови од светот. Во статиите со заеднички наслов „Што учиме од Исус“ ќе бидат разгледани основни библиски учења на едноставен начин.

Уверени сме дека Стражарска кула и понатаму ќе им биде интересна на читателите кои ја ценат Библијата и сакаат да знаат што навистина учи оваа книга. Се надеваме дека ова списание ќе ја згасне и твојата жед за библиската вистина.

ИЗДАВАЧИТЕ

[Фуснота]

a Отсега ќе има две изданија на Стражарска кула. Изданието што ќе излегува на први секој месец ќе биде наменето за широката јавност. Стражарска кула што ќе излегува на 15-ти во месецот ќе биде издание што Јеховините сведоци ќе го користат за проучување на своите собраниски состаноци, кои исто така се отворени за јавност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели