ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/06 стр. 29
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Борба против здодевноста
  • Современо ропство
  • Првата комплетна Библија на криолски јазик
  • Температурата во паркираните автомобили
  • Во потрага по достојните во внатрешноста на Австралија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Кои се робови денес?
    Разбудете се! 2000
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2006
  • Дали на планетава ѝ се заканува опасност?
    Разбудете се! 2008
Разбудете се! 2006
g 3/06 стр. 29

Поглед во светот

◼ Според проценките, минатата година 200 милиони луѓе, што е околу 5 отсто од светското население, на возраст од 15 до 64 години користеле дрога(2005 СВЕТСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДРОГАТА, СЛУЖБА ЗА КРИМИНАЛ И ДРОГА ПРИ ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ).

◼ Според истражувањата, кај тинејџерите што биле сведоци на оружена престрелка има двапати поголема веројатност и самите да извршат некое злосторство во следните две години(СПИСАНИЕТО SCIENCE, САД).

◼ Во Сао Паоло (Бразил), 16,8 отсто од пациентите во една болница кај кои во период од една година бил дијагностициран рак на градите се жени помлади од 35 години. Доколку ракот се дијагностицира доволно рано, има 90 отсто шанси за закрепнување (FOLHA ONLINE, БРАЗИЛ).

Борба против здодевноста

Истражувачите што ја проучуваат здодевноста ја нарекуваат „една од водечките болести на нашето време“, известува весникот The Vancouver Sun. Во една анкета беше откриено дека „речиси 75 отсто од жителите на Северна Америка велат дека сакаат да им се случи нешто ново и интересно во животот“. Некои од предлозите што беа дадени во весникот во врска со тоа како да се совлада здодевноста се: „Направете промени за да ја разбиете рутината“, „научете нешто ново“, вклучете се во „доброволна работа што исполнува“, „бидете физички активни, на пример . . . шетајте“ и „покажувајте дека сте благодарни“.

Современо ропство

Во едно истражување што го спроведе Меѓународната организација за труд (ИЛО) при Обединетите нации се вели дека „најмалку 12,3 милиони луѓе во светот се жртви на присилна работа. Се проценува дека преку 2,4 милиони од нив се жртви на трговијата со луѓе. Примери за присилна работа — работа или услуги што се вршат под закана — се проституцијата, воената служба и работа што некои ја работат единствено за да отплатат долгови, при што добиваат многу мала плата или не добиваат никаква. Според генералниот директор на ИЛО, Хуан Сомавија, таквата работа „ги лишува луѓето од нивните основни права и достоинство“.

Првата комплетна Библија на криолски јазик

Во весникот The Sydney Morning Herald беше објавено: „Завршен е првиот превод на Библијата од Битие до Откровение, на еден од староседелските јазици во Австралија“. Новиот превод на криолски, кој треба да излезе во 2007 година, ќе им биде од помош на околу 30.000 Абориџини во далечните предели на северна Австралија. Во весникот се вели: „Овој проект започна пред 27 години“. Според здружението United Bible Societies, „во 2004 година беа регистрирани уште 22 нови превода на Новиот завет“. Сега Библијата, цела или делови од неа, е достапна на 2.377 јазици и дијалекти.

Температурата во паркираните автомобили

Во списанието Pediatrics се вели дека, во 2004 година, во Соединетите Држави умреле од топлотен удар 35 деца што биле оставени во паркирани автомобили. Истражувањата покажуваат дека кога температурата надвор е над 30 Целзиусови степени, температурата во возилото може брзо да се покачи на 57 до 68 степени. Дури и кога температурата надвор е 22 Целзиусови степени, температурата во автомобилот сепак може да се покачи за околу 22 степена, а до најголемо покачување доаѓа во период од 15 до 30 минути откако ќе се паркира автомобилот. Нема ефект ако еден прозорец се остави подотворен околу 4 сантиметри, а нема ефект ни ако клима уредот работи пред да се исклучи моторот. Авторите на статијата сметаат дека ќе можат да се спасат животи ако јавноста е свесна за ризиците.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели